Вашиот однос кон сопствениот УСПЕХ
Кога ќе кажеме УСПЕХ многу често мислиме на успех во својата работа и успех на материјално ниво, меѓутоа самиот поим успех значи многу повеќе. Нашиот успех почнува внатре во нас, а она што го доживуваме во материјалниот свет е само проекција на тоа внатрешно доживување.
Ако ги погледнеме своите животни области (здравје, пари, работа, врски, емоции) ќе можеме да забележиме дека сите се тесно поврзани и доколку една од нив не функционира како што треба сето тоа ќе се одрази и на останатите области. Луѓето многу често знаат да кажат дека здравјето им е поважно од парите, но нервозите кои ги имаат поради недостаток на финансии ќе доведе до тоа да им се наруши здравјето. Исто така можеме да бидеме кариерно успешни, но ако имаме нерешени проблеми на полето на односите сето тоа ќе влијае на полето на емоциите и здравјето, што ќе допринесе еден дел од нас да чувствува постојана празнина.Ако не можеме кариерно да се оствариме, тогаш сето тоа ќе делува и на полето на односите во поглед на сопствената вредност, емоциите и понекогаш и здравјето. Сето тоа ни укажува дека ние сме една целина и најголемите проблеми во нас се случуваат кога сакаме да се раздвоиме себеси со тоа што слепо веруваме во своите ограничувања.
Ако верувате дека се што околу вас го креира она што сте вие и она што го живеете, тогаш тоа и ќе биде вашата реалност. Сетете се на оние различни луѓе кои што некако се издвојувале од околината и ги “кршеле“ правилата на она што е морално и нормално и ќе видите дека токму тие успеале. Разликата помеѓу нив и “нормалните„ е во тоа што тие никогаш не кажале “Што да правам не зависи од мене“, туку длабоко во себе знаеле колку навистина можат и дозволиле на својата смисла да ги води на целиот пат. Постои една стара изрека која вели “Ако тргнете по стадото, сигурно ќе нагазите на нешто што не сакате“ што значи дека ако ја користиме околината како изговор, со тоа самите себеси си нанесуваме огромна штета незнаејќи дека нашиот успех се наоѓа веднаш позади вратата која самите ја затвараме. Ништо што е надвор од нас не може да управува со нас, туку напротив тој процес е обратен, што значи дека не можеме да ги обвинуваме другите ако НИЕ самите не сме успеале.
Како да направиме промена?
Првенствено потребно е да превземеме одговорност за сопствениот живот и да прифатиме дека се што не ни се допаѓа, а постои во нашиот живот самите сме го создале.Тоа значи дека имаме моќ самите и да го промениме. Ако во овој момент во вашиот ум се јавува мислата “Па како тоа јас не сакам да ми се случува ова“ , токму поради тоа што (не) сакате вие создавате отпор кон работите кои сакате да ви се случуваат. Наместо постојано да размислувате на она кое не сакате да биде дел од вашиот живот и наместо да барате начини како да се ослободите од тоа подобро е да се прашате “Што треба да научам од ова и како преку ова исксутво можам да си помогнам себеси и на другите?“. Секоја промена почнува со признавање на своие слаби точки и прифаќање на тоа дека она што ќе го пополни нашиот празен простор постои внатре во нас како неизразен потенцијал.
Додека не пораснеме учиме како задоволството го создаваат надворешните работи.Погледнете ги децата кога бараат играчки. Постојано имаат потреба од нова играчка, за брзо време новата играчка станува досадна и потребно е нешто ново. Сето тоа е во ред додека се деца, но многу луѓе никогаш не успеваат да го надраснат тоа детско однесување и поради тоа никогаш не можат да ја пополнат својата внатрешна празнина. Најважната работа која треба да ја прифатиме е дека сега и секогаш сме биле целосни и потполни и родени сме со се што ни е потребно за да успееме.
Она што ве одалечува од тоа сознание се вашите ставови и прифатени вредности кои многу често се наметнати однадвор. Сите ваши верувања се ваши и вие сте тие кои сте одлучиле да верувате во нив.Во животот се е избор. Се што постои веќе е создадено преку нашите мисли и намери, исто така на ист начин можеме и да го промениме. Потребно е да се ослободите од своите сомнежи, песимизам и скептицизам и на тој начин ќе успеете да го пронајдете она кое постојано го барате надвор од вас. Можете да изберете да живеете просперитетно на секое поле од вашиот живот и да почнете да верувате во успех и среќа, исто така можете да верувате во неуспех и недостаток но повторно вие ќе бидете одговорни за она што ќе го гледате пред вас.
Прифатете дека успехот е процес а не резултат.Ако уживате во процесот и знаете зошто го правите тоа резултатите секогаш доаѓаат. Најважниот процес во вашиот живот е да постигнете успех преку тоа што ќе почнете да се запознавате себеси, да се ослободите од своите ограничувања и преку своите таленти да им служите на другите. Никогаш не можете да знаете колку многу можете ако не се обидете. Ако му верувате на стравот кој не ви дозволува да направите само еден чекор кој ќе ве одведе многу далеку, тогаш ризикувате никогаш да не дознаете зошто сте тука и колку многу имате да му оставите на овој свет и кога ќе ве нема.
Дали сте подготвени за промена? Дали сакате нешто повеќе од својот живот?
Дали и понатаму ќе верувате дека среќата и успехот не ви припаѓаат вас бидејќи некој некогаш ве уверил во тоа?
Време е да го креирате својот СОПСТВЕН УСПЕХ, време е да се КРЕИРАТЕ СЕБЕСИ во својата најдобра верзија.
Со љубов,
Илина Ведран
Станете тренер за личен развој по методата “Креирај се себеси“