fbpx

Слободна волја или судбина

Многу често се поставува прашањето дали воопшто имаме слободна волја да промениме нешто во своите животи и дали можеме свесно да ги бираме своите случувања или сме заробени во судбината. Во нашите животи постојат некои работи кои и покрај тоа што се трудиме не можеме да ги промениме.Некогаш поради тоа чувствуваме дека не сме доволно добри или способни да направиме некаква промена.Ако го погледнете својот живот ќе можете да увидите дека сите ваши предизвици особено оние потешките имаат нешто заедничко, а тоа е чувството кое се појавува кога сте во тој предизвик.Некој се чувствува отфрлено, некој недоволно почитувано, несакано, недоволно вредно, изневерено и многу други чувства од кои често бегаме и не сакаме да ги признаеме, бидејќи знаат навистина да бидат болни. Нашите искуства или луѓето кои доаѓаат во нашите животи не се тие кои ги предизвикуваат тие чувства, туку само го активираат она кое веќе постои во нас.

Сите ние сакаме животот да минува глатко без никакви проблеми, сакаме се што ќе наумиме да го оствариме, другите да се однесуваат кон нас онака како што ние сме замислиле, а некогаш тоа не се случува баш така. Предизвиците се составен дел од ова наше физичко постоење, се додека ги делиме искуствата на добри и лоши, ќе страдаме и ќе обвинуваме се околу себе. Тоа не е целта на нашето постоење, сите тие искуства имаат многу повисока смисла.

Постојат некои работи кои не можеме да ги промениме, а тоа се нашите родители, нашиот карактер, нашето тело и одредени случувања кои треба да ги искусиме, некои од нив директно не погодуваат нас, а некои не погодуваат индиректно преку искуствата на нашите најблиски. Ако го прифатиме ова животно патување како нешто кое самите сме го избрале на некое ниво, тогаш нашето гледиште на тие исксутва ќе може да се промени.


Животните случувања сами по себе немаат некакво значење се додека ние не им дадеме, нашата реакција на нив одредува дали и понатаму ќе продолжиме да се движиме во истите искуства или пак свесно ќе промениме нешто.

Искуствата кои се повторуваат не е нешто кое не заробува да бидеме беспомошни, туку нешто кое постои за да научиме како да ја промениме реакцијата на одредено случување. Често тие искуства се нарекуваат и карма.Кармата значи причина и последица.Животните случувања сами по себе немаат некакво значење се додека ние не им дадеме, нашата реакција на нив одредува дали и понатаму ќе продолжиме да се движиме во истите искуства или пак свесно ќе промениме нешто. Промената не се случува преку тоа што ние цврсто посакуваме нешто позитивно за да ја промениме ситуацијата која не ни се допаѓа, туку преку тоа што ќе одлучиме да имаме различна реакција на ситуацијата во која се наоѓаме. Тоа е одлична можност која ни е дадена во секој момент повторно да се креираме себеси. Ако постојано реагираме исто на надворешните предизвици, она кое ќе го добиваме како резултат ќе биде секогаш исто, бидејќи нашата реакција создава ново исксутво.

Емоциите само ги зацврснуваат искуствата кои се повторуваат, бидејќи преку нив цврсто се држиме за енергијата на минатото. Ние реагираме само на оние работи кои веќе ни се познати.Тоа е исто како да слушате некој странски јазик кој го познавате и секој збор во вас создава реакција и ако слушате некој јазик кој не го познавате, тоа ќе бидат само зборови кои немаат никакво значење за вас.

Размислете на оние ситуации кои најмногу ве вознемируваат, тоа може да биде нешто поврзано со вашите односи, парите, работата или здравјето.Секој пат кога ќе се соочите со таа ситуација можете да бидете тотално избезумени и да имате толку голем наплив на емоции што не можете да го исконтролирате своето однесување или пак се губите во своите емотивни бури и се повлекувате во себе.Сето тоа се случува ако некој некако го разбуди во вас она чувство за кое зборувавме погоре и кое ви создава болка. За да се одбраниме себеси од болката која е во нас, природната реакција е да ги обвиниме оние надвор од нас за тоа што ни се случува и на тој начин повторно создаваме нови емоции кои се повеќе ја зацврснуваат болката во нас.Обвинувањето на надворешниот свет е нашата реакција на одредено случување, тоа е несвесно однесување кое уште повеќе не заплеткува или го одржува емотивниот образец. Секогаш кога се соочувате со искуствата размислувајте преку причина и последица.

Прашање е колку имаме право на слободна волја да ги промениме работите? Слободна волја имаме во онаа мера во колку што можеме да го исконтролираме своето несвесно однесување. Токму тоа е причината поради која многу луѓе почнуваат да работат на себе и преку своите предизвици го препознаваат своето несвесно однесување. Колку повеќе стануваме свесни за својата внатрешна присутност, толку помалку ќе имаме проблеми и предизвици однадвор.

Сите околности и животни ситуации во кои се наоѓаме ни се потребни за да научиме нешто.Никогаш немојте да се сожалувате себеси поради она што ви се случува, ниту пак да се споредувате со туѓите животни патишта. Секој има свој пат и никој од нас не може да го доживее туѓото исксутво. Неприфаќањето на работите во нашиот живот и тежнеењето да бидеме како некој друг само уште повеќе ги зацврснува емотивните обрасци кои се во нас. Сите ние имаме некакво потекло и нашите претци се најсовршениот систем преку кој што тече животот до нас. Ако сме се родиле во одредено семејство, со родители кои можеби не биле онакви какви што мислиме дека треба да бидат, нивното непризнавање и критикување само не држи заглавени за нивните емотивни обрасци кои се причината за многу наши животни ситуации во кои не сакаме да бидеме, а истовремено реагираме на начин кој не го прифаќаме. Наследството на емоциите, ограничувањата и позитивните работи на нашите родители сите ние го носиме во себе, секоја наша внатрешна победа или конфликт е поврзана со тоа колку ги прифаќаме или не ги прифаќаме. Исто како и ние и тие имале свој пат, потсвесното или некогаш свесно непризнавање на нивниот пат ја прифаќа семејната карма. Ако се соочувате со конфликт во односот со нив, прашајте се како вие истото го правите на своите деца, на партнерот или кон самите себе.Кога се противиме на нешто ние создаваме негативни емоции и во тој случај немаме слободна волја да реагираме на друг начин, бидејќи во нашиот систем постои борба. Последицата од сето тоа е привлекување на одредени исксутва кои викаат: “Погледни ме и научи нешто“.

Ако не можете да ги промените работите, едноставно прифатете ги такви какви што се. Луѓето често прифаќањето го споредуваат со пораз, но прифаќањето не е предавање на несвесното, туку ослободување од егото кое не држи за несвесното. Кога сте во борба со светот, вие сте во борба со себе. Ако го прифатиме светот и се што “ни прават“ луѓето, тогаш причината поради која тие луѓе се во нашиот живот ќе излезе на површина. Тогаш ќе видиме дека никој ништо не ни прави, она што го доживуваме не е поради тоа што некој нас не изневерил или повредил, туку поради тоа што сме идентификувани со мислите “Јас не вредам“, “Мене никој не ме сака“, “Јас сум отфрлен“ и многу слични верувања. Ако погледнеме подлабоко можеме да ги пронајдеме истите обрасци на размислување и кај своите родители, преку нивниот однос кон нас или преку превземање на нивната болка со која тие не успеале да се соочат. Се додека не постои свесност за она кое се изразува преку нас, ако постојано сме ориентирани кон иднината создавајќи напор нешто да се промени, се повеќе ќе се врзуваме во клопката на обрасците кои се повторуваат.

Прифатете дека секој од нас има свој пат, исксутва кои се неопходни да ги искусиме за да се развиваме, тоа е целта на ова животно патување. Во моментот кога ќе завршиме со својот живот, она што останува е свеста. Ако сме фокусирани само на материјални вредности, тие се привремени и може за брзо време да не постојат, но ако направиме нешто кое има повисока цел од која ќе имаат корист многу луѓе, тогаш нашата мисија е успешна.

Кога ќе погледнам наназад во својот живот и се она кое се случуваше, во мене постоеше идентитет на несреќна личност која страдаше и се противеше на животот. Сите случувања кои не зависеа и зависеа директно од мене, предизвиците во младоста, емотивните и финансиските крахови, сето тоа се само низ случувања кои ми се дадени за да ја подигнам својата свест. Она што јас можам да го променам во однос на тоа, не се случувањата, туку реакцијата на тоа што веќе се случило, дали поради тоа доживотно ќе изградам идентитет на жртва или ќе се издигнам и ќе ја одберам внатрешната слобода и преку тоа ќе бидам корисна за својата околина. Изборот кој ќе го направиме е причината која не води кон нови последици, во секој момент, преку секоја реакција одлучуваме како ќе се креираме себеси на сосема нов начин. Кога ќе ги замениме реакциите со одговарање на ситуацијата, тогаш ќе можеме да бидеме слободни. Кога сме реактивни ние сме заробени и делуваме на ниво на емоции, но кога сме надвор од емоциите тогаш можеме да одговориме бидејќи нашата внатрешна состојба не зависи од тоа што се случува надвор од нас.

Целиот животен пат  замислете го како една пустина низ која почнувате да чекорите кога ќе се родите.Ако влезете во пустината и позади себе не оставите камчиња како знаци кои ќе ви помогнат да се вратите назад, може да се изгубите и да лутате незанејќи каде сакате да стигнете. Тешките искуства и се што не вознемирува се тие камчиња со кои го обележуваме песокот во пустината, кои имаат само една цел, да ни го покажат патот за да можеме да се вратиме назад.