fbpx

Инспиративни искуства “Креирај се себеси“
- Биљана Парнаџиева

Мојот мотив за промена

Кога одлучив да се пријавам на обуката мојот главен мотив беше да променам нешто кај себе, пред се љубовта кон себе, а понатаму и да можам да помагам во иднина на секој на кој му е потребна слична помош и поддршка.Живеам во Албанија, мојата желба за промена беше толку голема што специјално допатував до Берово за да присуствувам на оваа обука.

Моето искуство од обуката

Она што најмногу ми помогна “Креирај се себеси“ е менталното чистење.Имаше доста работи кои беа насобрани во мене со години и сето тоа ми создаваше внатрешен немир. Исто така покрај тоа почнав да освестувам колку е важна присутноста и животот сега и овде. Обуката беше едно од најубавите искуства кои можев да си ги подарам на себеси.

Откако увидов дека не сум доволно присутна во сегашноста и носам тежок товар на грб од разни минати искуства од кои нема бенефит, се потрудив да ги прифатам и ослободам истите. Ова за мене беше исцелително искуство кое до ден денес го препорачувам на сите луѓе.

Мојот живот после обуката

Животот ми се промени многу и секојдневно продолжив да работам на себе, односно почнав повеќе реално да гледам на работите, трудејќи се да не создавам непотребни слики и проекции за случувањата. Почнав редовно да практикувам медитација и да го живеам животот многу поквалитетно, со помалку стравови, обвинување на другите и создавање на непотребна вина. После обуката покрај тоа што станав подобра за себе, исто така станав подобра и за моето семејство.

Биљана Парнаџиева – Тирана, Албанија