Какви промени ми донесе програмата
“Креирај се себеси“
За мене програмата „Креирај се себеси“ беше е едно прекрасно патување. Научив дека секогаш имам право на избор како ќе го живеам својот живот, но исто така научив дека треба да го почитувам и изборот на другите. Сепак најважното нешто кое кај мене го промени програмата „Креирај се себеси“ е тоа што ме научи да сакам, и да го искажувам она кое навистина го чувствувам , ме научи да се сакам себеси, да си подарам љубов за да можам истото да им го дадам и на другите. Со помош на оваа програма постигнав внатрешен мир, се ускладив со нештото без кое никој од нас не би можел да живее – со моето вистинско јас, кое чувствува и секогаш може да ти шепне што навистина сакаш, научив да ги прифаќам другите и да не ги осудувам. За мене оваа програма претставува најубавото нешто што ми се случило досега во животот. Сега живеам навистина слободно и благодарна сум што бев дел од оваа програма. Благодарам Илина!
Лефтерка Крстева, Радовиш – психолог
Запознавањето со програмата „Креирај се себеси“ и користењето на нејзините методи и техники, беше најголемиот и најважен чекор на мојот пат до повторна средба со себе, кој ми донесе многу позитивни промени во животот. Програмата ми овозможи да се соочам со себе, да си простам, да се прифатам, ми ја врати самодовербата, и најважно од се, ме потсети како и зошто да се сакам повторно. Тоа беше само почеток, а потоа ја променив сликата за себе, и почнав полека но сигурно, да се креирам себеси и својата реалност, следејќи го својот внатрешен глас. Денес сведочам на многу позитивни промени, на многу убави моменти, но најубавата промена е што денес и јас, со многу љубов и голема верба, ја делам оваа програма со други луѓе и сведочам на промените во нивните животи.
Жаклина Ангелеска Костадиновса, Скопје – професор во средно училиште
Креирај се себеси е еден прекрасен начин на себеспознавање. Можност да допреме до себе и да го пронајдеме вистинското ЈАС. Моќен пристап кон свесно живеење и учење како да останеме свои, единствени. Како да ги надминеме ограничувањата и да живееме слободно, со љубов и почит кон себе и другите луѓе. За мене оваа обука е многу значајна и ме води чекор поблиску до остварување на животната цел. Ми помогна да ги согледам ограничувачките уверувања и да пронајдам начин за нивна промена. Благодарание на двајца врвни тренери, кои го создадоа методот Креирај се себеси и на единствен начин ни ги пренесоа сите техники, јас научив дека во животот имам избор. Со чувство на љубов го продолжувам патот кон личен развој, суштинска трансформација и вистинско живеење.
Катерина Смилевска, Алкалоид Скопје
“Оваа обука за мене претставуваше одлична можност да допрам до себе, да се откријам и да направам лична трансформација.Доживеав целосно поинаков поглед на себе и мојот живот. Среќна сум и благодарна на сите прекрасни луѓе кои беа дел од ова мое патување.”
Виолета Шонтевска Тасевска, Скопје
Обуката за мене беше едно ново искуство и скала поблиску до себе.Доживеав моменти на длабоки процеси и во исто време значајни за мене.Научив како да се сакам себеси вистински, да чекорам напред и во животот да ги одбирам работите кои јас ги сакам.Благодарна сум им на моите тренери Илина и Иван и сите прекрасни луѓе кои беа дел од ова патување.Со радост продолжувам да чекорам напред на патот наречен живот.
Радмила Костова Деспотовска, Скопје – Шпаркасе банка
Повеќе информации за програмата