fbpx

Простувањето како важен дел од вашиот личен развој

“Простувањето е нешто кое си го даруваме себеси, ослободувајќи се од емоциите кои не држат врзани за некоја личност или искуство од минатото“ Што значи навистина да простиш? Како изгледа целиот процес? Кои се стадиумите кои треба да ги поминеме? Простувањето е дел од емотивното созревање и запознавањето на себеси и своите внатрешни процеси. Тоа е една голема промена  која може во потполност да ни ја промени перцепцијата на себе и светот околу нас.Многу често незнајеќи како да го сториме тоа влегуваме во уште поголема замка на сопственото его и резултатот е повторно потиснување на нештата од кои сакаме да се ослободиме. Многу луѓе се соочуваат со поделеноста која ја носат во себе, таа поделеност е составена од два дела: едниот дел е оној кој е представен пред светот, а другиот дел е оној кој никој не го знае или она кое навистина го чувствуваат во себе.Помеѓу тие два дела постои празен простор кој се нарекува и празнина. Таа празнина ја влече целата наша животна енергија за да ги потисне работите кои не сакаме да излезат на светлото на денот, тука се нашите емоции кои не врзуваат за минатото. За да направиме промена потребно е да ја промениме целата конструкција во себе и да поставиме нови цврсти темели. Ако сакаме да простиме потребно е да поминеме низ неколку стадиуми преку кои полека учиме како да се сакаме себеси на вистински начин. Ако сакаме да достигнеме состојба на безусловна љубов, да научиме како да се сакаме себеси и другите, прво е потребно сето тоа чувство да го пронајдеме внатре во себе, лекувајќи се себеси на секое ниво од нашето постоење. Тоа не би било можно ако немаме свест за тоа што го мислиме и чувствуваме.Способноста да се прифатиме себеси без никаква осуда е почетокот на безусловната љубов. Некогаш е многу лесно да се чита и зборува за тоа, а потешко е кога треба да се искуси. Важно е само дека сето тоа е возможно а на нас останува дали ќе успееме да допреме до најпрекрасното место, до себе.Ако се трудиме со сила да сакаме, да простуваме и да праќаме љубов без да се ослободиме себеси, еден ден сето тоа ќе не одведе во една голема огорченост која принудно ќе не натера да се соочиме со сите свои емоции.Многу подобар старт е оној каде постои одговорност и свесност, отколку незнаење за тоа што ни се случува. Тоа што е во нас  веќе постои и мора да излезе надвор на некој начин, можеби ќе се манифестира во нашиот живот на некое поле, искуствено или физички. Ако успееме да простиме можеме да промениме многу работи кои се поврзани со нашите партнерски врски, успехот, здравјето и парите.На тој начин си даваме дозвола да бидеме креатори на својот живот без да ги носиме туѓите ограничувачки верувања во сопствениот живот. Најважно од се е да имате трпение за целиот процес кој некогаш може да биде бавен, а на крај да даде огромни резултати. Прашање е како да почнеме.Во овој текст го делам она кое е првенствено дел од моето лично искуство, искуствата на моите клиенти и луѓето околу мене. Целиот процес на моето емотивно созревање е составен од неколку стадиуми и кога се соочував со секој од нив потребно ми беше време за да го разрешам и прифатам како дел од мојата внатрешна трансформација.Многу луѓе кои работат на себе поминуваат низ слични процеси, а бенефитот кој го добиваат од сето тоа е чувство на слобода, креативност, безгранични можности и вистинска среќа која извира длабоко од нивното битие. Првиот стадиум е оној кога се соочуваме со себе и своите емоции каде најчесто се појавува лутината кон самите себе.Овде може да чувствуваме дека сме виновни за се што се случува во нашиот живот и да се лутиме на себеси  поради многу причини. Можеби затоа што имаме партнер кој не е во склад со нашите очекувања, финансиски проблеми, не сме успеале во животот, немаме доволно здравје, се чувствуваме заглавено во сопствениот живот или сме осамени. Чувството на вина нема да може да не доведе до промена и затоа е важно да го освестиме како нешто кое не ни дозволува да напредуваме и наместо вина подобро е да превземеме одговорност. Искуствата во нашиот живот не можеме да ги промениме, можеме само да го промениме начинот на кој што размислуваме и начинот на кој што ги доживуваме минатите искуства и на тој начин да создадеме сосема различна иднина. Вториот стадиум е откога ќе сфатиме дека не сме виновни за ништо во нашиот живот, дека сите ние сме биле невини деца кои имале позитивен поглед кон животот, кои сакале да истражуваат и да го искусуваат животот на еден сосема нов начин, кои се воодушевувале на обичните работи и кои се радувале на секој миг сакајќи безусловно со целото свое срце. Во овој момент прашајте се како се чувствува детето кое е во вас? Дали е среќно и исполнето? Колку често зборувате со него? Овој стадиум е поврзување со себе на подлабоко ниво, развивајќи свест за детето кое сте биле и креирајќи сигурен простор за тоа дете кое во себе ги носи сите сеќавања. Вашата задача е да направите тоа дете да се почувствува сигурно и сакано за да може да почне го изразува оне кое останало неискажано.Детето во вас го претставува вашиот потсвесен ум. Преку вантрешното можете да ги освестите своите верувања за животот и да ги ослободите своите скриени потенцијали. Третиот стадиум е дозвола да почнеме да изразуваме се што чувствуваме, особено кон авторитетите од нашето детство.Можеби ова е најтешкиот дел бидејќи полека почнуваме да освестуваме како се што се случува во нашиот живот е поврзано со работите кои некој некогаш ни ги наметнал да бидат дел од нас и нашата личност. Многу често сфаќаме дека живееме некој туѓ живот, изразувајќи туѓ идентитет, преку туѓите емоции и ментални ставови кои сме одлучиле да ги носиме со себе.Важно е да разбереме дека ние не обвинуваме никого надвор од нас, туку се спротивставуваме на програмите кои ни се пренесени и кои постојат внатре во нас и на авторитетите кои сме ги создале во себе. Овде постојат најсилните ограничувачки верувања поврзани со сите области од нашиот живот и ако си дадеме дозвола да поминеме низ ова промената доаѓа сигурно. Во овој дел се сите наши стравови кои се воедно и пречка да направиме промена, можеби да бидеме посупешни или посреќни од оние на кои сме одлучиле да им  бидеме  лојални.Држејќи се за мислите и емоциите кои не поврзуваат со авторитетите од нашето детство, без разлика дали се работи за потреба за љубов, недостаток, лутина или тага,  одлучуваме да ги носиме со нас во текот на нашиот живот.Многу луѓе го живеат животот на своите родители веруваат во истите ограничувања, ги негуваат истите мисли, ги чувствуваат истите емоции поради потребата за сигурност која не ја добиле за време на своето детство. Прифаќајки ги нивните ставови за животот како апсолутна вистина се чувствуваат сигурно поради нивното присуство во мислите, иако сето тоа ги ограничува да напредуваат.Имајте на ум дека вие сте едно посебно битие кое е постои на овој свет со одредена мисија и за да ја остварите таа мисија потребно е да се ослободите од стегите и препреките кои си ги поставувате самите на себе.И запомнете ова е само патот кон внатрешната слобода и во секој момент можете да одлучите да ги промените своите мисли и да блеснете во својот полн сјај. Четвртиот стадиум е оној момент кога треба дефинитивно да одлучиме како ќе продолжиме понатаму.Ако се ослободиме од слоевите на разните верувања ќе можеме да почувствуваме колку навистина имаме моќ и сила во себе и колкава љубов постои во нас без да имаме потреба да ја бараме надвор од себе. За да бидеме свои и таа состојба да станува се поприсутна во нашиот живот потребно е да простиме. Простувањето е ослободување од емоцијата која не држи врзана за луѓето кои биле дел од нашето минато. Ако сакаме да бидеме слободни потребно е прво да им простиме на нашите родители и на тој начин ќе им простиме на сите други личности во нашиот живот преку кои се обидувавме да ги исправиме недоразбирањата кои се создадени за време на нашето детство. Тоа не значи дека треба да го оправдаме нивното однесување туку да се ослободиме од мислите и емоциите кои ни создаваат врзаност и кои не принудуваат да ги носиме и нив во своите животни искуства.Можеби во овој момент сеуште ги немате поминато првите чекори на себеспознавањето, можеби се наоѓате некаде во средината, можеби сте на крајот и уште малку ви е потребно, како и да е почитувајте го својот внатрешен ритам и правете ги работите кога ќе дојде вистинското време.Никој не може да го одреди нашиот личен пат и секој човек е посебна индивидуа и токму поради тоа треба да научи како да се ослободи себеси за да го изрази својот полн потенцијал. Она што најчесто го бараме во животот е чувство на внатрешен мир, многу често се обидуваме да го најдеме екстерно така што посакуваме да се променат луѓето или околностите за ние да бидеме среќни и задоволни. Наместо да ги менувате околностите, променете се себеси и тој мир ќе зависи само од вас и ќе биде присутен во вас засекогаш.Целиот живот е еден процес низ кој учиме и се развиваме и тоа е причината за нашето постоење, да се пронајдеме себеси и да ја почувствуваме својата прегратка во која што постои најголемата сигурност на овој свет. Ова е патот по кој што чекорат само храбрите и не морате веднаш да тргнете по него, прво размислете што е тоа што би добиле кога би можеле да живеете ослободени, а што е тоа што добивате живеејќи во границите кои самите си ги поставувате.Ослободувањето и излегувањето од границите е дел од нашиот спиритуален пат каде се сретнуваме со најважните лекции.Сигурна сум дека секој од нас во себе поседува огромна сила преку која може да направи чуда од својот живот. Оставете ја површноста бидете темелни и ќе добиете неверојатни резултати кои ќе ве одведат до местото каде што сакате да бидете, местото кое се наоѓа во средиштето на вашето срце. Вие можете да создадете за себе прекрасен живот и јас верувам во вас исто како што верував со себе. Од срце за вас, Илина Ведран   Ако сте подготвени за лична и професионална трансформација информирајте се за програмата “Креирај се себеси“