Дали некогаш сте размислувале зошто правите нешто во својот живот?
Сите ние секојдневно делуваме на некои начини кои постојано не водат некаде. Без разлика дали нашето делување е позитивно , негативно или пак пасивно ние го одредуваме својот живот, своите исксутва, своите задоволства или својот затвор. Многу често знаеме да се прашаме “Зошто ми се случува ова?“ слепи пред она што е пред нас, одвоени од другите и отсечени од себе и својата смисла.Во таа состојба може да поминеме многу ноќи, денови, месеци, години драгоцено време, време кое ни е дадено да направиме нешто.
Колку многу компромиси правиме, поради некого или нешто,работиме работа која не ја сакаме, живееме по одредени правила, деновите ни поминуваат без никаква цел и ако некој не праша зошто се правиме се што правиме, нашиот одговор е “не знам“.Сигурно многу пати до сега се прашавте “Зарем ова е се од животот?“. Каде грешиме, што е тоа што не ни дозволува да го живееме својот полн потенцијал?
Некогаш пак правиме се, одиме од цел во цел, поминуваме преку оган, остваруваме, сонуваме и не застануваме. И времето повторно поминува, а ние и понатаму не знаеме зошто е сето тоа. Која е нашата цел освен материјалното постигнување? Кој е нашиот внатрешен повик? Зошто ја работиме нашата работа? Зошто ни се потребни сите тие проекти? Зошто….зошто….зошто???
Ако погледнете кон себе и ако се прашате зошто го избравте токму овој живот, ова место, овие иксуства , луѓето околу вас, можеби во првиот ќе бидете лути на животот и на себе и на сето она кое ве опкружува. Тогаш размислете кое е поголемото значење на целото ваше искуство, бидејќи вие сте целина која припаѓа на друга целина.Без вас не би можел да функционира Универзумот, бидеќи сте совршен дел кој има огромно значење, дел кој го составува целиот систем на се што постои. Освестете го тоа. Тоа се однесува и на сите оние работи од кои е составен вашиот живот, ако недостасува еден дел од она што се наоѓа околу вас, едно делче од вашето минато, дури и тоа кое некогаш го загубивте или пак ве повреди, никако не би можеле да бидете ВИЕ.Затоа погледнете го вашиот живот, она кое го сакате, она кое не го сакате, она кое го искусивте, она кое го искусувате, она кое ве исполнува и прашајте се “КОЈ СУМ ЈАС?“
Погледнете ги вашите искуства, улогите кои ги играте во животот, работата која ја работите, сите ваши проекти, сите ваши остварени и неостварени цели,во сето тоа ќе видите дека постои само едно нешто заедничко, а тоа е вашата потреба да се ИЗРАЗИТЕ преку сето тоа, да бидете ВИЕ.И не е важно што ќе правите, со кого, кога и каде, важно е дали сето тоа што го правите ви дозволува да бидете ТОА ШТО СТЕ, да ја изразите вашата автентичност и да оставите личен печат поради кој на крајот ќе можете да кажете дека навистина ја живеевте својата смисла.
Променете го погледот на нештата и вашиот живот ќе се промени во потполност.Прифатете дека не постојат цели кои ќе направат да бидете нешто повеќе од тоа тоа што сте сега ,вие веќе СТЕ, а вашите цели ви се потребни за да го откриете токму тоа совршенство кое постои во вас. Вие сте целта, затоа некогаш чувствувате толку јака страст и љубов кон своите цели, бидејќи длабоко во себе знаете за вашата единствена драгоценост во која лежи една светла точка без која не би постоело ништо што постои во овој момент, таа точка како и сите други точки е најважниот дел од целата креација.Запомнете, ако сакате да ја остварите вашата најголема цел, таа цел е веќе остварена, од вас е потребно да најдете начин како ќе и дозволите да блесне во својот полн сјај.Вие знаете како, вие можете, вие сте вашата најголема ЦЕЛ!
Со љубов,
Илина