fbpx

Превземате ли одговорност за туѓите емоции?

Оваа тема за мене беше голем предизвик и многу често без никаква причина се чувствував истоштено и демотивирано.Сето тоа се случуваше после некој настан на кој што присуствуваа многу луѓе. Иако некогаш се работеше за мотивациски семинари кои требаше да ми ја подигнат енергијата, деновите кои следеа потоа чувствував неверојатна исцрпеност, возбуда која беше предизвикана од внатрешна вознемиреност.Сето тоа се завршуваше со влегување во некој процес кој знаеше да трае со недели.По некое време сфатив дека сум изразито сензитивна особа и почнав да ја истражувам таа тема. Мојата работа е работа со луѓе и обично нашата комуникација на семинарите или коучинг сесиите покрај вербално во исто време се одвива и на суптилно ниво.Во тој случај сенизитивноста ми е предност бидејќи ми помага да ја почувствувам енергијата на групата и да знам што треба да направам следно или да го усмерам својот клиент кон решението. Некогаш клиентите ме прашуваат “Како знаеше за тоа кога не го кажав?“, кога на ментално ниво не знам точно, мојот одговор е дека еднсотавно почувствував.Сензитивноста ми помага и однапред да ги почувствувам работите и луѓето кои доаѓаат во мојот живот, интуитивно .Сепак сензитивноста има позитивна страна и сето тоа ни помага во многу ситуации, а исто така има и негативна страна.Во овој текст ќе зборуваме за негативната и како да се заштитиме себеси од туѓите негативни емоции. Стравот, лутината, фрустрацијата, тагата и чувството на немоќ покрај тоа што се емоции и чувства, се и енергија која постои во нас. Некогаш се случува покрај нашиот личен багаж несвесно да ги превземаме туѓите емотивни состојби.Поради тоа можеме да се чувствуваме исцрпено и демотивирано, незнаејќи што да направиме за да излеземе од таа состојба. За да можеме полесно да разбереме како се случува ова, потребно е да бидеме запознати со две работи: енергетското поле, преку кое сите работи во овој Универзум се поврзани и нашиот внатрешен систем кој што е составен од мисли, ставови и емоции. Преку енергетското поле несвесно ги превземаме колективните мисли и емоции.Колективната свест има големо влијание на нас и нашиот живот. Понекогаш не превземаме никакви чекори бидејќи сме заглавени во колективните стравови, веруваме дека се е страшно, неизвесно, дека нема пари, дека доаѓаат тешки времиња, а сето тоа допира до нас до енергетското поле.Затоа ако сакаме да го промениме светот, потребно првенствено да се промениме себеси и на тој начин ќе ја делуваме и на колективната свест. Сите ние имаме верувања преку кои делуваме во својот живот и во зависност од тоа го креираме своето однесување кон другите. Сигурно до сега сте искусиле ситуација каде сте биле во комуникација со негативна личност и по таа средба сте чувствувале исцрпеност која може да трае со денови.Што навистина се случува? Од психолошки аспект  сензитивноста може да се препише како неможност за поставување на лични граници.Тоа може да биде резултат на однесувањето на нашите авторитети од детството кон нас, ако не биле почитувани нашите желби и избори со што постојано ни биле рушени личните граници.Ја знаете онаа заштитничка родителска изрека “Ти си мал/а јас знам што е најдобро за тебе“ и сл. Луѓето кои живеат во постојана состојба на стрес поради неможност да се ослободат од својот личен багаж со тек на време стануваат хиперсензитивни.Замислете една преполна чаша на која се обидувате да и дотурите уште една капка, со секој обид течноста ќе почне да претекува.Тоа се случува кога сме под константен стрес и во емотивен хаос со сопствените емоции. Постои уште една група на луѓе кои имаат верување “Не сум доволно добар за да ме прифатат таков каков што сум“ и поради тоа несвесно во нашата комуникација ги превземаме на себе туѓите состојби како своја одговорност, бидејќи на тој начин мислиме дека ќе бидеме сакани и прифатени.Овој тип на луѓе се најдобра храна за емотивните вампири. Кога на психолошко ниво сме отворени, несвесно почнуваме да превземаме се на себе. Многу е важно да бидеме на чисто со својата внатрешна состојба и ако сме чувствителна особа не значи дека се што чувствуваме е туѓо и поради тоа да избегнуваме контакт со своите чувства префрлајќи ја одговорнста кон другите. Најдобар начин да се заштитиме е да се запознаеме себеси доволно и да станеме свесни за сопствената енергија и своите животни искуства кои оставиле длабока трага на нас. Некогаш минатото и нерасчистените работи знаат да не заглават и несвесно постојано да привлекуваме личности кои се чувствуваат слично, а ние разбирајќи ги и слушајќи ги нив да поминуваме низ својот личен процес.Ова многу често се случува во работата со луѓе кога клиентите доаѓаат со одредена ситуација, обично доаѓаат луѓето кои носат порака за нас.                                                                                        Првиот чекор е да ги расчистиме своите лични работи и да им простиме на личностите од нашето минато и со тоа да ги отпуштиме емоциите кои не држат врзани за нив. Тогаш ќе можеме посвесно да пристапиме кон своите чувства и да знаеме дали е нешто туѓо или наше. Што можеме да направиме за да се ослободиме и заштитиме? Превземањето на туѓите чувства се случува во повеќе ситуации: кога сакаме по секоја цена да помогнеме некому иако тој не е спремен за промена, кога не ги прифаќаме луѓето такви какви што се (ова најчесто се случува во односите со родителите) , кога се идентификуваме со туѓите случки ( читање негативни вести и слушање на туѓите проблеми) или кога влегуваме во конфликтна ситуација. За да можеме да се заштитиме потребно е да препознаеме, ако сте емотивец обратете внимание на луѓето во вашата близина кои се во улога на жртва, критичари, оние кои обвинуваат или нарциси. Во случај да сте веќе оптеретени со туѓи емоции првенствено испразнете се.Можете да изразите на хартија ако се чувствувате луто или бесно заоа што ве натовариле со проблеми и потоа да визуализирате како ја враќате лутината или стравот на личноста на која и припаѓа.Најдобрата заштита е будноста и присуството во сегашниот момент, тогаш сте свесни за себе и своето тело како реагира во одреден момент.Тоа може да помогне уште во старт да пресечете со туѓите емоции. За ова е потребно работа на себе и доста вежба за присутност. Она што помага е да бидеме свесни во секој момент дека секој има право да се чувствува како сака и исто така има право на свои животни исксутва и начин на кој што се однесува. Ако сте некој кој постојано е онлајн за туѓите проблеми и потреби, обидете се постепено да ги одбивате туѓите потреби за своите без потоа да се чувствувате виновно. Исто така престој во природа ни помага да ја очистиме својата етерика и да се поврземе со себе, практикувајте почесто да одите во природа и да се приземјувате. Како техника за заштита можете да користите визуализација со бела или златна светлина која се создава околу вас и се што доаѓа однадвор го претвора во енергија на љубов. Во суштина секој од нас во себе ја носи таа енергија, а негативноста е само внатрешна болка од која не знае да се ослободи. Оваа техника е доста корисна кога имате важни настани, кога имате состаноци или кога сте на некое место каде има голема гужва. Најважно од се е да ги негувате своите позитивни емоции кои ја засилуваат вашата внатрешна сила.Почитувајќи ги вашите потреби и чувствувајќи здрава љубов кон себе, ќе ја зголемите својата можност да ги почитувате другите такви какви што се. Постојат многу техники кои ќе ни помогнат првенствено нас да се ослободиме од своите блокади, а потоа да бидеме свесни и за туѓите и сето тоа го учиме и работиме искуствено на нашите обуки по програмата Креирај се себеси.