fbpx

Променете ги програмите во кои верувате

За да можеме да направиме промена на програмите и верувањата не е доволно да се бавиме само на ментално ниво, да повторуваме позитивни изјави и да зборуваме нова приказна. Коренот на сите програми и верувања се наоѓа на емотивно ниво и се создадени многу одамна уште пред да почнеме да го перципираме светот концпетуално/ментално и пред да имаме способност да ги разликуваме емоциите и да создаваме ментални приказни за она што го доживуваме.

Програмите се создаваат и на вибрациско ниво уште кога се наоѓаме во утробата на својата мајка, чувствувајќи го нејзиното емотивно тело, така ние доаѓаме на овој свет веќе програмирани. На истокот тоа го нарекуваат семејна карма. Потоа кога ќе се родиме првите години ние комуницираме само на емотивно ниво, бебињата немаат ментална перцепција за светот, но имаат емотивна и чувствуваат интензивно.Ако го посматрате развојот на едно дете, ќе видите дека прво комуницира со емоции/емотивно ниво, потоа почнува да разбира одредени зборови/ментално ниво и после тоа почнува да сфаќа дека може да манипулира со предмети или нешта од физичкиот свет/физичко ниво.

Кога сме во близина на мало дете секој од нас се чувствувам убаво, бидејќи детето е спонтано и поради тоа апсолутно е прифатено од околината.Кога тоа дете ќе почне да манипулира со своето однесување за да добие внимание бидејќи не се чувствува пријатно кога е игнорирано, многу луѓе викаат “Само тргни ми го тоа дете одовде или смири го бидејќи ми го нарушува мирот“. Кога ќе пораснеме бидејќи се наоѓаме во светот на возрасните кои се пред се “озбилни“, истото дете во нас чувствувајќи ги истите емоции поради тоа што е неговата Изворност изигнорирана од нас како возрасни, се обидува да ни го привлече вниамнието со внатрешна “драма“ преку страв/лутина/тага.Тоа се сите оние емоции за кои викаме “Само нека ми се тргнат да не ги чувствувам“ и поради тоа се обидуваме да го контролираме физичкиот свет.

Во полето постојат разни мисли кои се колективни а некои се и наши односно на оние со кои сме растеле, ние се идентификуваме со тие мисли кои се во склад со нашиот емотивен потпис. Идентификацијата со мислите само го потврдува и го одржува во живот болното емоционално тело во нас. Особено оние негативни мисли кои се насочени кон физичкиот свет, префрлајќи ја одговорноста за тоа што ни се случува нам на другите. Светот денеска функционира на ментално ниво. Многу често кога некој нешто ни зборува се прашуваме дали е тоа вистина, но не сме во состојба да почувствуваме дали тој што ни зборува е во склад со она што го изразува.Поради тоа често ги валидизираме туѓите приказни, а ги отфрламе своите искуства и безуспешно се обидуваме да бидеме како другите. Нескладот помеѓу она што го зборуваме и мислиме дека сме и она што длабоко постои во нас како чувство, а не сме способни да го почувствуваме создава внатрешна разделеност. Животните искуства ни покажуваат едно, ни ја допираат емотивната содржина, а ние зборуваме нешто сосема друго како би сакале да биде, што води до тој степен само да “мислиме“ дека се познаваме, а во суштина воопшто не се познаваме себеси. Тоа е бидејќи нашата свест се одвива само на ментално ниво. Ние ги анализираме искусвата и ги прифаќаме според тоа дали се добри или лоши, а главната перцепција се одвива преку нашето емотивно срце. Поради тоа кога имаме страв не можеме да се убедиме дека не е ништо страшно, кога сме лути не можеме да престанеме да се лутиме со тоа што ќе се убедиме дека тоа не е важно за нас, кога сме тажни не можеме да ја сопреме тагата ако кажеме дека сме силни.Можеме само да ги потиснеме своите емоции кои подоцна ќе се изразат во нашето следно животно исксутво.

Многу од нас трагаат по своите одговори во спиритуалноста.Спиритуалниот дел од нас или вибрациското ниво секогаш постои, не е возможно да бидеме во ова тело ако тој дел недостасува.До него можеме да дојдеме и да го почувствуваме само ако се познаваме себеси.Се почнува и завршува во нас.Спиритуалноста не се разбира, туку се чувствува, а за да можеме да чувствуваме потребно е прво да се сочиме со своето емоционално тело и сите оние несвесни програми кои постојат во нас како чувства. Прифаќањето на емотивното тело е линкот кој води до Севкупната Присутност, Безусловната љубов или Изворот во нас, можете да го наречете како сакате, името е само концепт.

Целта на нашата промена не треба да биде за да добиеме нешто повеќе во физичкиот свет, да имаме подобри врски или повеќе успех, туку за да се споиме повторно со себе.Кога сме споени со себе или свесни за својата изворност тогаш во нас нема да постои чувство на недостаток, кој обично се обидуваме да го надополниме во надворешниот свет. Изобилството се случува внатре во нас, а не надвор од нас. Чувствуајте ги емоциите, не се идентификувајте со нив, дозволете им да бидат тука, бидете брижен родител на детето во вас, без да се обидувате да го промените или да се ослободите, само дадете му го вашето внимание, дадете му љубов. Не го креирате вие вашиот живот, го креира детето во вас или вашето срце.Ако секојдневно му обрнувате внимание и бидете присутни, ќе видите дека многу внатрешни состојби ве наведуваат да правите нешто само за да не чувствувате себеси, да бидете во состојба на ПРАВЕЊЕ или живот во времето. Нашата вистинска природа е ПОСТОЕЊЕ, кое е состојба на свесност за сегашниот миг. Тоа е нашата изворност, но не значи дека ако се вратиме кон изворноста ќе бидеме непродуктивни и нема да правиме ништо, напротив ќе бидеме присутни во тоа што го правиме и сето тоа ќе има поголема смисла.Кога не сме свесни ние се врзуваме за резултатите и бегаме од сегашноста бидејќи мислиме дека спасот од неинтегрираните емоции се наоѓа некаде во иднината.Дали постои иднината? Секако дека не, се се случува во СЕГАШНИОТ МИГ. Тогаш можеме да се прашаме каде ние толку брзо трчаме?

Бидејќи толку длабоко ни е втиснато верувањето дека не сме доволно добри со тоа што сме еднотавно ТУКА на оваа планета, ние мораме постојано да правиме нешто за да го добиеме вниманието од светот.Дури и кога ќе кажете “Морам да направам нешто за да се променам“, повторно се заплеткувате во истите програми на неприфаќање на себе, во хипнозата дека сте некој кој за да постои мора да е во постојана акција, тоа е УМОТ. Единствен начин да ги промените своите програми е да излезете од програмата дека вашата вредност се базира на вашите постигнувања во овој свет. Тоа е напорен живот, бидејќи се однесува на тоа како да земеме нешто од светот за да бидеме вредни.Фактот дека на овој свет доаѓаме и си одиме сосема голи, покажува дека ние не сме дојдени тука да земеме, туку да дадеме, а можеме да дадеме само ако се имаме СЕБЕ.

Со љубов,

Илина