fbpx

Променете ги програмите во кои верувате

Што мислите за себе? Што мислите за својот живот? Дали верувате во среќа или несреќа? Дали верувате во успех или неуспех? Дали ја знаете својата вистинска вредност или верувате во оне кое другите го рекле за вас? Парадигма во основа значи модел, претпоставка, теорија или рамка во која се движиме и секогаш кога сакаме да направиме нешто ново во нас почнуваат да се огласуваат оние гласови кои не враќаат во старата рамка.Сите ние гледаме низ различни наочари и токму поради тоа не постои општа реалност, туку само индивидуална. Ова е важно за нас затоа што тоа е начинот на кој гледаме на себе и сето она кое не опкружува.Реалноста ја перципираме преку своите пет чула, но потоа она што го гледаме го обработуваме низ искуствата на нашето минато, односно низ парадигмите кои сме ги креирале во однос на нив. Многу од нас веруваат дека животот е тежок, дека е постојана борба и истото и го живеат, но исто така постојат луѓе кои веруваат дека животот е убав, дека се што им е потребно може да го добијат и тие се  сведоци на тоа.Тоа значи дека и едните и другите се во право и затоа не би можеле да кажеме дека постои апсолутна вистина.Колку и да не ни се допаѓа нашата реалност ако прифатиме дека тоа не е апсолутна вистина, дека постои нешто различно од она кое го живееме, тогаш ќе имаме почетна позиција која ни ветува дека работите можат да се променат. Да земеме еден пример. Сакате да стигнете до некоја одредена улица, но таа улица постои во два града.По толку напор стигнувате до таа улица која е во едниот град и можеби во тој момент се чувствувате подобро, можеби сте порасположени, но сепак имате чувство дека нешто ви недостасува.Ви недостасува суштината, ви недостасува да сте на правото место, од толку многу напорно барање на крај се истоштувате и до недоглед лутате барајќи нешто кое се наоѓа во сосема друг град.Улицата може да го претставува нашиот успех, но тој да се наоѓа на различна дестинација, тоа е улицата во другиот град .Оној вистинскиот успех кој е создаден само за нас е далеку од нашите рамки и граници, но ние постојано се вртиме околу своите парадигми и стигнуваме до местото кое не не исполнува.На ист начин може да се гледа и работата на себе, кога постојано се вртиме во круг барајќи нешто кое ќе ни помогне, ќе не промени, практикуваме многу техники, секогаш мислиме    “сигурно ова е тоа вистинското“, но никогаш не стигнуваме до правата дестинација.Тоа е она во што можат да не доведат нашите парадигми. Парадигмите ги креираме гледајќи ги нашите родители, околината и се што е околу нас.Исто така на нас има големо невидливо влијание целиот колектив и Универзумот чиј дел сме и ние.Ова се можеби едни од најсилните парадигми на кои е многу тешко да се спротивстваиме на нивното влијание.Некогаш луѓето се спремни дури и да го дадат својот живот за да ги сочуваат своите парадигми.Добар пример е религијата.Дали е Бог Исус или е Алах или е некој друг. Конфликтите, несогласувањата и војните почнуваат поради борбата на различни парадигми за една иста работа. Најголемиот конфликт се одвива внатре во нас и доколку не го промениме тоа во себе можеме целиот свој живот да го поминеме гледајќи низ еден ограничен простор без никаква можност да се помрднеме од тоа гледиште.Зарем толку е тоа важно, зарем нашиот потенцијал ќе го жртвуваме за да веруваме во нешто кое ни нанесува штета, зарем нашата мисија е помалку важна од она за кое другите рекле дека е вистина. Дали сте некој кој во себе се бори со две спротивности? Дали во животот е најважна љубовта, работата, семејтвото, парите или нешто друго? Дали љубовта е болка или слобода? Дали за нас е подобро да вложиме во некој семинар или да одиме на летовање? Дали е подобро да се разведеме или да останеме заедно? Нашите внатрешни конфликти не доведуваат до нашите најголеми фрустрации и токму поради тоа светот не го гледаме онаков каков што е, туку таков какви што сме ние. Затоа време е да погледнеме на друг начин на својот живот, време е да направиме нешто различно, време е да се вратиме на својот ИДЕНТИТЕТ и да почнеме да живееме за она за кое сме создадени.Да се изразиме преку својата единственот, да му го дадеме на светот она кое длабоко во себе го носиме и кое е запишано во нашето срце.Кои сме ние без сите тие парадигми, кои сме ние без сите наметнати мисли, кои сме ние кога би излегле од своите окови и би направиле избор.Кој е тој ИЗБОР? Ајде да креираме различни ставови за животот, да го погледнеме животот низ призмата на својата автентична драгоценост, а не преку својата болка.Тоа е единствениот начин да стигнеме до својата улица во правиот град.Тој град чека на нас, чека да се разбудиме и да дојдеме. Секој од нас е роден за големи нешта и секој од нас може на овој свет да му даде нешто кое никој досега не му дал. Време е да почнеме да веруваме во себе, време е да тргнеме по СВОЈОТ ПАТ. Ти не си твојата парадигма, ти си многу повеќе од тоа.Верувај во себе!   Можеби си ти оној кој ќе биде инспирација за другите ОБУКА НА ТРЕНЕРИ ЗА ЛИЧЕН РАЗВОЈ