Вашиот однос кон сопствениот УСПЕХ
1.Ослободете се од чувството на одвоеност.
Сите сме едно. Многу често го слушаме тоа но сеуште не можеме да го прифатиме. Кога ќе се соочиме со некое надворешно негативно искуство веднаш почнуваме да се сомневаме во тоа дека сите сме едно. Денеска е прифатено мислењето дека постои добро и зло и се што ни се случува доаѓа од различен извор. Ако се прашаме зошто ни се случува нешто кое е спротивно од она што сме ние, тогаш одговорот ќе биде дека некој сака да ни наштети. Тоа се само заблуди на умот кои не ни дозволуваат да ги видиме своите делови на кои треба да работиме.
Погледнете го светот околу вас и ќе приметите дека се што перципирате како одвоено од вас е нешто со кое се борите во своите мисли.Тоа не значи дека не треба да имаме став, туку дека треба да излеземе од состојбата на борба. Се додека се бориме надвор од себе, истата борба се случува внатре во нас, бидејќи постои одвоеност на две различни страни. Ако нешто постои треба да постои и е дел од оваа планета исто како и сите ние.Смирете ги двете страни со тоа што ќе прифатите дека се е дел од вас и вие сте дел од се и не постои нешто кое може да ве раздвои, освен вашиот ум.
2.Останете во комуникација со себе.
Нашето страдање и нашите неуспеси се случуваат кога ќе се обидеме да негираме дел од себе.Ние не сме само физички суштества кои егзистираат во овој материјален свет.Ние сме духовни суштества кои имаат физички облик и постојат за да преку тој облик добијат искуства преку кои ќе го изразат својот дух. Негирањето на својата духовност и поврзаност со Универзумот е најголемата причина за тоа што луѓето се неисполнети и несреќни.Да бидеш во комуникација со себе значи да бидеш во комуникација со целиот Универзум. Тоа е вашиот идентитет кој ви дава чувство на слобода и внатрешно возвишување.Кога ќе се соочите со некои искуства кои го докажуваат спротивното, сетете се на себе и на својот идентитет.
3.Прифатете дека се што е пред вас не е реално.
Кога би го прашале она кое го гледате како лошо што мисли за себе, истото би ви одговорило дека мисли се најдобро.Секој својата реалност ја перципира преку своја призма која што во зависност од нашите внатрешни чувства се менува.Сите ние живееме во свет на илузија. За да го разберете односот со се што е околу вас погледнете го животот како едно дете кое ја посматра својата игра која што е постојано променлива, во еден момент сето тоа изгледа толку реално но во следниот момент интензитетот се губи и неговото внимание почнува да се окупира со нешто сосема друго.Не заборавајте дека се е тоа само илузија, а најважно од се е дека вие ја создавате таа илузија, затоа внимавајте да не се изгубите во неа. Вие сте тие кои одлучуваат како ќе реагираат на таа илзуија и во тој момент на различен избор вие повторно се креирате себеси во нова реалност.Се што се случува надвор од вас е такво какво што е, но начинот на кои вие го доживувате тоа е она кое што го креирате како своја реалност.
4.Вие не сте вашата животна приказна.
Вашата приказна се сите оние искуства кои сте ги искусиле во текот на животот и во зависност од тие исксутва создавате мислење КОИ СТЕ ВИЕ. Така на пример јас за време на своето детство се соочив со голема загуба која што допринесе да чувствувам страв и незаштитеност. Токму поради тоа светот го гледав како опасно место за живеење и затоа и моите искуства беа во склад со тоа гледиште. Кога се ослободив од идејата дека јас не сум мојата приказна, туку мојата приказна е само еден дел од патот кој води кон животот од соништата тогаш моите надворешни искуства почнаа да се менуваат. Сите ние имаме некои слични приказни кои имаат за цел да ни покажат нешто, но ако ја гледаме среќата преку тие исксутва никогаш нема да можеме да ја видиме.Она што го искусуваме и постојано се повторува во нашиот живот, доаѓа како последица од нашиот реактивен ум, но сето тоа се случува бидејќи длабоко во себе сеуште се идентификуваме со минатите исксутва. Минатото не постои, постојат само чувствата и мислите кои не врзуваат за него, а нив ги создаваме самите ние.Она што треба да го прифатите е дека вашиот живот ве повикува СЕГА и ОВДЕ повторно да го искусите на сосема нов начин.
5.Разберете ја тагата.
Постои разлика помеѓу тага и несреќа. Ако ја идентификуваме тагата со несреќата тогаш секој пат кога ќе бидеме тажни ние ќе бидеме несреќни, но ако ја промениме дефиницијата на тагата тогаш и тагата ќе може да биде дел од среќата.Кога сме тажни значи дека нешто кое сме го изгубиле ни значело и таа тага покажува нешто за нас, дека сме сакале, дека имаме преубави спомени и најважно од се дека сме во допир со својата човечност. Можеме да бидеме среќни за својата тага бидејќи таа ни покажува кои сме ние и колку е отворено нашето срце за љубов. Ако изгубите некого дозволете си да тагувате, ако некој ве повреди повторно дозволете си да бидете тажни, ако вие некого повредите дозволете си да бидете тажни бидејќи на тој начин никогаш нема да го изгубите својот идентитет. Идентитетот го губите кога не си дозволувате на себеси да се изразите, потиснувајќи го она кое има потреба да се изрази. Тагата е дел од среќата, бидејќи среќа е да го прифатиш животот онаков каков што е, без да се обидуваш да ги промениш работите кои требало да се случат.
6.Ослободете се од очекувањата.
Кога очекуваме нешто ние создаваме фикција која не признава никаков друг исход.За да достигнете состојба на мир потребно е да се ослободите од напнатоста на очекувањето, бидејќи на тој начин создавате контракција во своето поле на можности. Она што се случува во нашиот живот зависи од нас и од начинот на кои ги перципираме нештата, но исто така и постои нешто кое секогаш знае што е најдобро за нас.Многу често нашата нестрпливост бара работите да се случат СЕГА и ОДМА, но исто така постојат и многу работи кои е потребно да ги научиме пред да го добиеме она кое го сакаме.Тоа не значи дека не треба да поставуваме цели, туку не треба да се врзуваме за крајниот резултат и да се затвараме за сите нови можности кои можат да се појават на нашиот пат.Кога сте ослободени од своите очекувања тогаш повеќе не сте роб на една фикција, туку имате свест која може да ва одведе на уште подобро место од она кое на почетокот сте го одредиле. Повторно се враќаме на начинот на кој што ги доживувате работите.Ако имате една цел и направите се за таа да се оствари но тоа не се случи, во тој момент можете да изберете дали ќе бидете несреќни и разочарани затоа што сте се врзале за една конечна слика или ќе одлучите да излезете од тоа и да верувате дека ако и понатаму продолжите по својот пат ќе стигнете до нешто многу подобро за вас. Верувајте Универзумот секогаш има подобар план од вашиот.
7.Видете го совршенството.
Ако се ослободите од сите ставови кои ги имате креирано за себе било позитивни или негативни и ако за момент почувствувате дека сте нешто кое не влегува во никаков домен на било каква проценка, критика и возвишување, тогаш ќе можете да ја почувствувате онаа божанска искра во себе. Тоа е дел од вас, совршен дел кој во секој момент и вас ве прави да бидете совршени такви какви што сте. Многу луѓе не сакаат да го прифатат тоа и го отфрлаат, но со самото отфрлање тие само одбиваат да го почувствуваат тоа, што не значи дека поради нивниот став тоа совршенство не е дел од нив. Сите ние сме совршени и потполни суштества и ова важи за секого дури и за оние кои ги нарекуваме лоши луѓе, добри луѓе, грешници, пробисветови, бидејќи во овој Универзум не постои никаква грешка постои само индивидуализација на гледање на нештата.
Кога ќе престанете да ги критикувате луѓето и случувањата околу себе кои се дел од вашиот животен пат, тогаш ќе можете да го видите совршенството на функционирање на работите дека се што е пред вас веќе постои во вас.Тоа не значи грешка, туку можност за промена.
8.Изразете се себеси
Најголемата лекција која ја научив во текот на животот беше дека единствениот начин да стигнам до местото каде што сакам да бидам е кога ќе почнам да се изразувам себеси и својата автентична природа. Се додека одбивате да изразите одредени делови од себе, тие делови ќе страдаат а тоа страдање нема да можете да го избегнете бидејќи ќе го чувствувате преку вашите животни исксутва и луѓето кои доаѓаат во вашиот живот. Немојте да ја криете својата вистина и тоа што навистина сте особено од луѓето кои ги сакате бидејќи се плашите да не ги изгубите. Како и да е на тој начин повторно губите некого, се губите себе, држејќи ги своите чувства, желби и соништа во еден затвор и изразувајќи нешто кое не е наше.Тоа не е живот туку споро умирање и еден ден ќе се разбудиме и едноставно веќе нема да чувствуваме дека сме живи бидејќи во центарот на нашето срце постои празнина.Таа празнина е многу болна, во неа недостасува најважното нешто кое ни е потребно да бидеме среќни.Тоа што недостасува сме самите НИЕ.
Немате потреба да се казнувате себеси за нешто кое нема никаква смисла, за да задоволите туѓи очекувања и да се држите за ставови кои не ви одговараат. Едноставно изразете се себеси и ќе ја видите целата убавина на овој свет. Вие сте таа убавина составена од сите делови физички и нефизички, кои се единствени и неповторливи.Токму тоа е потребно на овој свет, да го изразите она кое никој го нема, бидејќи кога вашиот израз е под светлото на денот вашата вистина го ослободува и вашиот ум, вашето срце е слободно и вашиот живот добива сосема нова смисла.
Илина Ведран – говорник, тренер за личен развој и автор
Ако сакате нешто повеќе од својот живот, придружете ни се…
5 дневнен интензив “ПОГЛЕД ВО СЕБЕ“