fbpx

МАШКО-ЖЕНСКИ ПОЛАРИТЕТИ

Проблемите и предизвиците во нашите врски и искуства се одраз нашата внатрешна динамика за која што суште не сме свесни

На ниво на форма сите ние во себе имаме два поларитети, машко и женско, јинг и јанг, мајка и татко. Нашето животно искуство е водено од балансот или конфликтот помеѓу двата поларитета. Тоа зависи од нашите верувања од детството, гледајќи ги односите на машките и женските авторитети. Она што се случува внатре во нас покрај личното несвесно, постои и колективно несвесно, кое и откога ќе се ослободиме од личната болка сеуште постои во нас и ги движи тие внатрешни динамики кои се манифестираат во нашите физички искуства.

Женската енергија е креативноста и емоциите, за да можеме да имаме зрела женска енергија потребно е да поработиме на емоциите и болката, бидејќи на тој начин можеме да ја ослободиме својата креативност. Каков е односот со нашата мајка во нас, што зависи од тоа во која мера била прифатена нашата автентична природа, нашите емоции особено негативните, таков ќе биде и нашиот женски поларитет. Нашата автентичност и поврзаност со вистинското себе или нашиот вибрациски аспект, зависи од зрелоста на женската енергија и дозволувањето таа да се изрази. Жените во себе носат повеќе болка, бидејќи се почувствителни, таа болка ги води кон внатрешна трансформација. Тоа е причината поради која повеќе жени работат на себе за разлика од мажите.

Женската енергија ја претставува левата страна од нашето тело, машката енергија е десната страна од нашето тело. Доколку имаме телесна сензитивност можеме да ги почувствуаме двете страни и ќе видиме што се случува во нашиот ум. 

Машката енергија е менталниот аспект од нашето искуство и она кое не води низ животот, во ова спаѓаат кариерата, работата, парите и чувството на сигурност. Ова го претставува нашиот однос со нашиот татко, на подлабоко ниво таткото го претставува Универзумот или манифестацијата. Исто така машката енергија е просторот во кој се изразува женската енергија. Ако не постоела здрава емоционална врска со нашиот татко, за која предуслов е емоционална зрелост, тогаш ќе бидеме склони кон изразена потреба за внимание од светот. 

На колективно ниво долго време женската енергија е потисната од машката, тоа е причната поради која имаме проблем со стравови, анскизоност и несигурност во ова исксутво. Кога се случуваат животни кризи, особено колективни како изминатата година со пандемијата, имаме голема можност да работиме на ускладување на двата поларитета во нас и да ја исцелиме женската енергија.

Тој внатрешен дисбаланс или баланс ги креира и нашите односи. Во овој момент на колективно ниво има конфликт помеѓу машко-женскиот поларитет. Тоа се должи како што споменав погоре на болката која што е наталожена во колективната човечка психа илјадници годни наназад поради суровост, мачење, потиснување и насилство. Нашата лична болка ја креира колективната, исто така нашето лично исцелување допринесува во исцелување и на колективното.

Секој кој во себе носи болка а нема доволно свесност да ја прекине идентификацијата со болката, станува насилник или жртва, тоа можеме да го видиме во нашиот однос со животот. Повеќето луѓе имаат проблем со самите животни искуства, а незадоволството го изразуваат преку негирање, критики, осуди и жалење, тоа е знак дека се поистоветувани со болката која се храни преку сите тие внатрешни и надворешни конфликти.

Ако ги погледнеме машко женските односи, ќе можеме да ја видиме и својата внатрешна динамика. Во минатото жените биле понижени и потиснати, а мажите биле оние кои контролирале се и раководеле со животот на жените. Денеска поради таа длабока неисцелена болка се повеќе жените стануваат мажи , за да можат да функционираат во овој свет, тоа најчесто го нарекуваме рамноправност, во чија позадина има постојана борба и обид за докажување.

Она кое го гледаме најчесто се незадоволни жени кои имаат потреба од контрола и потиснати и засрамени мажни кои постојано се виновни за нешто.Таа потиснатост и кај двата пола е потиснување на женскиот поларитет, на емоциите кои се надополнуваат еден со друг преку префрлање на вината. Целиот тој конфликт ги креира сите надворешни катастфори во нашите животи, како лични така и колективни, тоа само покажува дека е време да се разбудиме и да превеземеме одговорност за своето ниво на свесност.

Сознанието дека сме врзани и зависни од своето “несреќно јас“ може да биде доста шокантно, бидејќи таа болка несвесно го гради нашиот идентитет. Се додека нашиот идентитет зависи од неисцелената болка, нема да можеме да се ослободиме од неа.  Ние најчесто делуваме на физичко ниво, се бориме за разни права едни помеѓу други, а го исклучуваме внатрешниот аспект кој ги создава надворешните конфликти.

Секој од нас во себе има моќ да ја преобрази темнината во светлина и да создаде простор за исцелување на луѓето околу него.

Поларитетите се дел од нашата форма, но ние постоиме и над дуалноста, тоа е нашата димензија каде што поларитетите се едно, нашата ЦЕЛОВИТОСТ, која ни е потреба да превземеме свест за она што се случува на дуалистичко ниво. На ниво на разбудено битие ние сме секогаш свесни и споени со се што постои. Со себе немаме никаков проблем, проблемот лежи во нашите искуства, кои се водени од дисбалансот на машко-женските поларитети. Ние не сме поларитетите, само сме идентификувани со нив, тоа сознание може да ни помогне да зачекориме во комуникација со непознатото. Не мораме да бидеме жртви на својот живот, животните исксутва само ни покажуваат каде сме ја изгубиле својата целовистост со тоа што сме се идентификувале со нешто што не сме.

Погледнете ги своите препреки, проблеми и конфликти и наместо да барате светот да се промени, свртете го вниманието навантре, почувствувајте каде постои тој конфликт во вас, кој со кого се бори, кој дел од вас е во болка, кој дел во вас е потиснат? Она што е прекрасно во целиот процес е дека позади сите потиснувања и цела болка, постои само неизразена љубов која поради неможноста да се изрази се претворила во болка која се напаѓа самата себе преку нападот на другите луѓе.

Со помош на вашето свесно внимание, прифаќање и подлабоко разбирање се случува длабока внатрешна промена.Посматрајте и почувствувајте ја таа енергија директно во вашето тело, не дозволувајте таа нерамнотежа да влијае на односите со вашиот партнер, децата и се што ве опкружува.На тој начин болката се преобразува во свесност и конфликтот помеѓу машко-женската енергија се претвара во внатрешен баланс, кој се одразува на целото наше надворешно искуство. Ако не се разбудиме од идентификацијата со конфликтот во нас, тогаш никогаш нема да можеме да бидеме во мир со луѓето кои ги сакаме.

На овој начин околу вас се создава трајно енергетско поле на висока фреквенција. Тогаш илузијата, подвоеноста се што не сте вие и се што не е љубов, не може да опстане во тоа поле. На тој начин без многу да се трудиме во физичкиот свет, во тој чист потенцијал во нашето исксутво се појавуваат нови можности и луѓе кои се во склад со нашата внатрешна рамнотежа. Начинот на кој што можеме да ги промениме своите искуства, постои во нас, во промената на нашата енергија. Тогаш животот добива сосема нова смисла и во тоа спознание сме способни вистински да ја видиме убавината во нас и во другите.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *