fbpx



Ослободете се од теретот на стресните и ограничувачки мисли и пронајдете ја својата внатрешна моќ

Се наоѓаме во период кој донесе големи предивици во нашите животи, сите тие промени можат да делуваат на нашата физичка, ментална и емоционална состојба доколку продолжиме да се држиме за старата ограничена перцепција.Она што го создава проблемот во нашите животи не се ситуациите, туку МИСЛИТЕ кои ги имаме во врска со ситуациите.Тие мисли можат да бидат лични (верувања и програми од нашето детство) и колективни.

Начинот на кој што реагираме на животот најчесто е реактивен или воден од нашите ограничувачки верувања и поради тоа многу аспекти од нашиот живот изгледаат ограничено, но постои начин кој е различен од начинот на кој што сме навикнати да одговараме на животните искуства. За да излеземе од старите обрасци на размислување потребно е да ја промениме својата перцепција и да се поврземе со себе.

Сигурно често се прашувате: “Како можам да живеам во овој свет и покрај сите предизвици околу мене да останам стабилен?

Оваа обука може да ви помогне да ги спознаете своите длабоки верувања во врска со себе кои се манифестираат на вашите животни области.  Ќе откриете како повторно да се поврзете со сегашниот миг и да ја видите стварноста  без влијанието на огранучувачката слика за себе која најчесто не спречува да ја живееме нашата длабока суштина и ја прекрива нашата Автентичност.

Што е Presence Coaching?

 

Presence Coachnig е моќна програма која е насочена на будење од хипнозата на негативните верувања кои го одржуваат идентитетот на “несреќно или ограничено јас“ . Често приказните кои си ги зборуваме самите на себе траат долги години и тие приказни стануваат нашата реалност. 

Самиот процес е длабок и едноставен, кој преку моќни прашања ве води кон враќање на свесноста за сегашниот миг и вашето тело. Телото ги отсликува нашите потсвесни верувања и во зависност од начинот на кој што се чувствуваме, ние почнуваме да перципираме.

Преку подлабоко себе-испрашување можеме да дојдеме до клучните елементи на нашиот вистински идентитет и да го промениме совјот израз од фрустрација до ослободување на својата креативна моќ.

На крајот од обуката ќе ја добиете комплетната програма со која ќе можете и вие да работите со други луѓи или да ја интегрирате во својата работа.



Што можете да очекувате од оваа обука :

  • Ослободување од стресните и ограничувачки мисли
  • Освестување на ограничувачките верувања на секое поле
  • Препознавање и излегување од менталитетот  “жртва на околностите“
  • Поврзување со својата подлабока сушитина 
  • Ослободување од негативниот самоговор и анксиозните мисли
  • Релаксирање на телото од стресните мисли
  • Интеграција на емоциите 
  • Освестување на подлабоките верувања за машко-женските поларитети и нивниот израз во врските и секојдневниот живот (за прв пат на оваа обука)
  • Препознавање на себеси надвор од ограничувањата и отварање кон креативноста 
  • Можност за интеграција на оваа метода во вашата работа или секојдневие
 

Кои би биле вие без приказните кои постојано си ги зборувате
на самите себе?

Што добивате?

Кога се одржува обуката?

 

3-5.09  Секој ден од 18-21 часот

 

 

Цена за присуство

 

4500 ден – само учество без програма и сертификат

6000 ден со програма и сертификат 

 

 

За пријава потребно е да извршите уплата на аванс најкасно два дена по пријавувањето. 

Местата се со ограничен број, поради тоа ве молиме извршете ја вашата пријава и уплата на време

Инструкции за уплата:

210 070392470170

Илина Ведран Дооел Скопје

Нлб Тутунска Банка

 

За пријава пополнете ја контакт формата

Контакт тел 076 269 268
Days
Minutes
Seconds