fbpx

Која е целта на врските?

Како предизвиците во врските можат да не отворат кон нешто посуштинско и слободно од она кое го веруваме за себе?

Како будењето на свеста од “малото ограничено јас“ во автентично битие  може да не исцели нас и нашите врски?

 

Ајде да бидеме љубезни и искрени кон себе.Ние веруваме дека нашиот партнер ќе не направи среќни. По почетната фаза на врската која започнува со силно заљубување и постојана потреба еден за друг, по извесно време почнуваме да приметуваме некои работи во нашиот партнер кои не ги сакаме и кои се обидуваме да ги промениме. Поточно почнуваме да се сомневаме дали тој/таа се “вистинскиот/та“ за нас.

Врските никогаш повеќе не биле проблематични и конфликтни како што се денес.Многу луѓе поради тоа се одлучуваат да останат сами, а исто така многу сеуште се надеваат на “најдоброто“.

Колку побрзо прифатиме дека целта на врските не е да не направат среќни туку да не направат СВЕСНИ, толку побрзо ќе престанеме да страдаме.

Она кое го гледаме кај своите партнери е секогаш нашата идеја или приказна, која е спротивна од она кое навистина го чувствуваме. За да можеме да ги видиме јасно работите, потребно е да го разбереме својот идентитет на мало јас кое постојано бара љубов и внимание.Никој однадвор тоа не може да го направи за нас, тоа е лично наш процес кој ако го прифатиме , секогаш не води кон будење на нешто многу подлабоко и прекрасно кое веќе постои во нас.

Темите на кои ќе зборуваме и работиме:

  • Предизвиците во врските како можност за будење
  • Како верувањата од минатото делуваат на нашите сегашни односи
  • Несвесната динамика во врските и старите идентитети
  • Емоционална присутност 
  • Условите и ветувањата кои подсвесно сме ги прифатиле
  • Ослободување од приказните кои ги прават нашите врски неавтентични и болни 
  • Разбирање на стравот, осаменоста, чувството на невредност и недоволност во врските
  • Приказните кои не држат да бидеме зависни и врзани во сегашните и минатите врски
  • Нашата автентична природа и внатрешна слобода
  • Враќање во полето на свесноста
  • Испрашување на ограничувањата и отварање кон вистината во сегашниот миг
  • Медитации 
  • Методи кои ќе ви помогнат да останете свесни во односите и по завршување на програмата 

Што ќе добиете и како се одвива програмата?

Програмата се одвива онлајн преку ZOOM платформата. За да учествувате потребно е да имате слушалки, камера и време за себе.

Вебинарите се одвиваат на следните датуми:

8 , 15 и 22 од 18:00-20:00

 

Цена за учество и пријава

 

Цена по учесник: 2500 ден  

Попуст за парови или двајца учесници: 4000 ден

За пријава потребно е да ја пополните контакт формата и да извршите уплата за да го резервираме вашето место. 

*Местата се со ограничен број

Инструкции за уплата:

Илина Ведран Дооел Скопје

210-070392470170 Нлб банка

Цел на дознака: Свесни врски

Пополнете ја пријавата

    Име

    Презиме

    Телефон

    E-пошта

    Град

    Занимање

    Порака