fbpx

Diamoнd heart е интензивна, динамична и развојна програма која води кон отварање, внатрешна слобода и препознавање на нашиот неоткриен потенцијал. Комбинацијата на практиките за интензивирање на присутноста во сегашниот миг, развивањето на свеста за својата подлабока димензија, модерната психологија и методите за телесна свесност го прави ова учење применливо на секој аспект од нашиот живот, преку промена на перцепцијата и ослободувањето од цврстата конструкција на нашето “сепарираното Јас“.

Оваа програма не наметнува создавање на нови верувања, целта е секој како инидивуа да го пронајде својот одговор преку своето лично искуство и да ви помогне да продрете од замрачувањето на старите концепти до препознавање на вашето внатрешно богатство и светлосна длабочина која ја нарекуваме “дијамантско срце“. Тоа е оној автентичен дел од нас кој одамна го потиснавме  за да можеме да се вклопиме во условеноста на светот.

Со примена на одредени методи од оваа програма можете да добиете длабоки увиди и ослободувачки будења кои можат да направат трансформација на вашето животно искуство. Целта на тие увиди е ослободување од потрагата по себе во иднината и опуштање на контракциите во нашата свест, кој се манифестираат како анксиозност, отпор, потреба за докажување, контрола и неприфаќање на самиот живот во овој  момент СЕГА.