fbpx

Elementor #4863

Чувствувај се сигурно во своето тело

Нашето тело понекогаш може да биде извор на болка и непријатност, особено ако сме високосензитивни.

Што можеме да направиме кога не се чувствуваме пријатно во својата кожа?

Како можеме да почнеме да се чувствуваме попријатно и како дома во своите тела, кои се најчесто извор на непријатност, физичка и емоционална?

Една од причините поради која многу луѓе се надвор од своето тело и не се чувствуваат приземјено во себе е бидејќи ако останат внатре во себе ќе мораат да се соочат со слоеви на емоции кои не се пријатни. Тоа се внатрешни неразрешени конфликти од негативните исксутва од минатото.

Доколку немаме способност да бидеме навистина свесни кога искусуваме нешто непријатно и тоа исксутво не се движи низ нас, тогаш тоа останува заглавено во нас. Се додека не се вратиме наназад и не го почувствуваме тоа искуство директно во нашето тело, давајќи ми шанса свесно да се процесира, ние ќе продолжиме да живееме со оваа непријатност и ќе се преселиме во главата, со тоа што ќе ја исклучиме својата свест од телото.

Многу е важно да научиме чекор по чекор како да ја сретнуваме таа непријатност во себе, бидејќи тоа е коренот на нашата анксиозност, панични напади и разни состојби. Тоа не можеме да го решиме во главата, да се чувствуваме пријатно и слободно во себе. Важно е да најдеме сигурно место внатре во нас, мирно место, на тие ограничувања да имсе обратиме од позиција на спокој кога се сретнуваме со старите чувства и емоции.

“Да бидеш присутен во своето тело, со сите ограничувања и емоции е чин на љубов. Тоа е давање на дозвола на твојата свест да го  исцели твоето исксутво“

Потребна е подготвеност и отвореност да се допре тоа што е во овој момент сега, да се почувствува нашето срце, да се почувствува стомакот кој е и нашиот втор мозок. Само ако почнеме да допираме до тоа што е таму во овој момент, не мора се одеднаш да се види, потребно е време малку по малку да се вратиме дома во себе и да ја вратиме вербата во животот и да се поврземе 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *