
Дали сакаш да нурнеш подлабоко од научените концепти и верувања за тоа што значи родителство?
Запознај ја заедничката СУШТИНА со своето дете и создади вистинска длабока ПОВРЗАНОСТ...
Што e Embodiment за родители?

Embodiment е пристап кој делува на телесно, емоционално и спиритуално ниво. Кога ќе ја отелотвориме својата внатрешна вистина, тогаш можеме да бидеме вистинско водство за нашето дете, во спротивно делуваме од програмите на нашето детство. Со подлабоко разбирање како функционира свеста и како вистински се задоволуваат нашите внатрешни потреби, можеме да постигнеме длабоко исцелување на себе, своите односи и да им помогнеме и на нашите сакани да останат во својата целовитост.
Денешното родителство и препораките кои најчесто ги слушаме се базираат на тоа како да “направиме“ нешто за своите деца, но колку и да правиме постојано во нас постои нешто кое што недостасува, а не знаеме да одредиме што е тоа, истото го гледаме и во нив. Прашањето е: “Што е тоа што навистина недостасува и како можеме да го пронајдеме?“
Оваа програма ќе ти помогне да дојдеш до доста важни увиди, да погледнеш во длабочината на односите и да ја пронајдеш кариката која недостасува.
Што ќе научите на оваа програма?
- Што ги движи нашите односи
- Зошто несвесно остануваме емоционално и енергетски врзани со своите родители
- Како да ги исцелиме старите обрасци на нашите родители и да ја отелотвориме својата автентична улога на родител
- Која е разликата помеѓу личност и суштинско јас
- Што навистина бараат нашите деца
- Базична доверба во животот (Како ја губиме и како повторно да се поврземе со неа)
- Емоции и што со нив
- Како да се ослободиме од вината и силното чувство на одговорност и да создадете простор на присутна “добредојденост“ за вашите деца
- Моќта на полето кое не поврзува и суптилната комуникација која е вон зборовите
- Нашите деца имаат душа која има огромен потенцијал-како вистински да ја негуваме и храниме таа мала душа
- Како да се поврземе со исцелителната моќ во нас и да ја прошириме на нашите односи
- Свесна присутност и нејзината трансформативна сила
За кого е оваа програма?
- Оние кои планираат да станат родители
- Нови родители
- Родители на деца од претшколска возраст и тинејџери
- Психолози и хумани професии
- Воспитувачи и наставници
- Оние кои сакаат подлабоко да се запознаат себеси
“Родителството не е воспитување, родителството е само УЛОГА и присуство на отелотворена нежност, водство и поврзување“
Кога се одржува?
20.09-12.10
Еднаш неделно од 19-20 часот
Што ќе добиете?
- Теорија, методи и алатки
- Трансформативно лично искуство
- Сертификат
- Нови познанства
- Поврзување со луѓе кои имаат повисока цел
Цена за учество
Попуст за уплати до 15.09: 4500 денари
Уплата на две рати по: 2500 ден
Инструкции за уплата:
Илина Ведран Дооел Скопје
210 070392470 170
Нлб Тутунска Банка
Цел на дознака: Програма за родители
Пријавата се смета за целосна со извршена уплата