Кога почнав да работам со отелотворување, приметив дека самиот процес не се базира на тоа нешто да се разбере, да се поправи, да се разреши и стави под контрола, туку да се прифати нашата есенцијална суштина да се движи во нас и да ги допре и омекне ,оние делови кои се во тензија и заглавени како верувања во телото.
Отелотворувањето на женственоста значи прифаќање на нашата радост и препознавање дека во нас постои и нешто повеќе од болката и старите повреди. Тоа не е потиснување, туку напротив одење длабоко во себе, испод површината од каде можеме со нежност да ги пресретнеме оние наши делови кои не веруваат во својата добрина, вредност и внатрешна убавина.
Како што се запознаваме себеси во својата автентичност, така почнуваме да ја препознаваме во своите искуства. На полесен и креативен начин создаваме и се движиме кон своите цели. Исто така нашите односи се трансформираат на неверојатен начин.