fbpx



Разбудете ја својата внатрешна моќ и препознајте се себеси на сосема
нов начин, надвор од старите верувања

Кога нашиот живот ја губи динамиката, ние почнуваме да живееме механички.Ние го живеме својот ум и неговите концепти, го живееме минатото во сегашноста, ја живееме личноста која станавме како дете.Секој пат кога гледаме, нашата перцепција е поврзана со филтерот на концептот кој го знаеме и очекуваме тоа што го гледаме да се вклопи во нашиот концепт. Ние никогаш не ја гледаме свежината на искуството во овој момент сега. Колку повеќе сме врзани за своите ограничувачки идеи и верувања, толку повеќе ја губиме свежината, динамиката и самата светлина во својот живот.

Оваа програма е креирана со цел да помогне да ја погледнете поголемата вистина за себе преку она кое секојдневно го доживувате.Таму се наоѓа вашиот потенцијал кој може да биде отклучен само ако почнете подлабоко да се слушате себе. Тоа слушање ни покажува каде да го насочиме своето внимание, кое обично е преокурано со нашите ограничувачки идеи, но не мораме слепо да го следиме познатото можеме да излеземе од него и да се видиме себеси на еден сосема нов начин.

Сите ние поседуваме алхемичарска моќ да ги трансформираме своите предизвици во мудрост и нови можности.Без разлика дали вашиот предизвик е на полето на врските, финансиите, кариерата или здравјето, овие 5 недели можат да ви помогнат да нурнете подлабоко во своето искуство и да ги пронајдете своите одговори.



Оваа програма е за вас ако сакате да:

  • се поврзете со својата автентичност
  • ставите крај на старите обрасци и навики од кои повеќе немате никаква корист 
  • го истражите потенцијалот во своето лично искуство
  • ги разбудите вистинските квалитети на силата и ранливоста
  • ја разбудите својата креативна енергија
  • работите на машко-женската енергија и да создадете внатрешен баланс
  • излезете од дисфункционалната перцепција на животот и себе
  • ја отворите вратата на изобилството 



Кои се темите на кои ќе работиме?

 

  •  Inner Alchemy- картичките за личен развој, ќе ни помогнат преку увидите и развивањето на нашата интуиција,  да ги препознаеме невидливите блокади во нашите односи и она што не опкружува секојдневно. Како навигациско средство кое ја спојува нашата перцепција и нашите предизвици, работата со картичките и нашата намера да останеме присутни во секојдневието, ќе ни помогнат да ги разбудиме своите непрепознати аспекти на сила, воља, радост и сочувствителност. Сите тие аспекти веќе постојат во нас, но кога сме поврзани со дисфункционалните обрасци тогаш тие се одразуваат како фрустрација, страв, агресија,контрола,недостаток и страдање.                                                                                             ( Секој учесник ќе има можност да нарача картички или да добие модел самиот да ги изработи)
  • Поврзувањето со автентичното дете на креативен начин ќе ни помогне да го изразиме она кое одамна го потиснавме губејќи ја својата автентична природа за да се прилагодиме во овој условен свет.Секој во нас носи неразбуден потанцијал и таленти кои се наоѓаат во срамежливото и невидено дете во нас. Со свесна активација на нашето искуство повторно ќе ја разбудиме својата живост и желба да постоиме во овој момент сега, креирајќи нови можности и искуства.

  • Исцелувањето на  женската енергија(ослободувањето на енергијата на емоциите) и освестувањето на нашите концепти, може да ни помогне да излеземе од личните и колективните верувања за тоа кои сме ние, што треба да бидеме или правиме и како во потполност да ја изразиме својата вистинска природа, негувајќи ги двата поларитета во нас (машко-женски) за да можеме да го изразиме својот вистински потенцијал.Сите наши искуства се поврзани со тоа колку сме отворени за примање, примањето на било каков вид изобилство зависи од нашата несвесна дефиниција за љубов. Поради тоа ќе работиме на освестување на конфликитите во нашите односи, почнувајќи од верувањата од детството до партнерските и ќе се отвориме за нови можности кои се наоѓаат надвор од нашите ментално-емоционални обрасци, препознавајќи се себеси на сосема НОВ НАЧИН.


Што претставуваат аспектите на кои ќе работиме секоја недела?

 

РАДОСТ и ПРИФАЌАЊЕ НА ЗАДОВОЛСТВОТО ДА СЕ БИДЕ СЕГА И ОВДЕ

  • Ослободување од блокадите на “Мора или Треба“
  • Препознавање на заблудите од минатото и несвесната осуда на самите себе
  • Поврзување со нашата вродена љубопитност која е потисната од условувањата и верувањата 
  • Идентификување на оние сегменти каде што се браниме и затвараме за своите искуства
  • Будење на креативноста преку работа на архетипот “Мајка“
СИЛА – ДОЗВОЛА ДА СЕ ИЗРАЗАМ

  • Препознавање на себеси надвор од малата слика
  • Ослободување од ограничувачките концепти поврзани со лутината и нејзината енергија
  • Препознавање на нашата вистинска сила како моќен квалитет за акција
  • Канализирање на нашиот гнев и агресија на здрави начини
  • Разбивање на старите претпоставки за нас и нашата големина кои доаѓаат од нашата историја, условувањето и општеството
  • Поврзување со нашата природна смелост и сила 
СЛОБОДНА ВОЉА
 
  • Ослободување од контролата
  • Беспомошноста и детето во нас
  • Невина наивност и сеќавање на автентичноста
  • Будење на нежноста и подлабоко интуитивно слушање
  • Истражување на верувањата кои го креираат стравот да се препуштиме на искуствата
  • Враќање на вербата во себе како израз на Универзалната воља                                                                       

СОЧУВСТВИТЕЛНОСТ И РАНЛИВОСТ

  • Прифаќање на ранливоста како портал кон подлабокото јас
  • Будење на емотивното срце и внатрешната емпатија
  • Сочувствителност во времиња на промени и предизвици
  • Исцелување од концептите кои не заробуваат во вината и срамот
  • Поврзување и емпатија кон луѓето околу нас
ТИШИНА
 
  • Присутноста на тишината позади нашите искуства
  • Препознавање на блокадите кои не ни дозволуваат да се смириме и усидриме во сегашноста
  • Враќање на вербата во процесот на животот и препуштање 
  • Моќта на внатрешното прифаќање
  • Ослободување од научените обрасци (мислите и емоциите кои се повторуваат) 
  • Тишината како наша природна состојба

“Можеме да бидеме среќни кога нашите околности се добри, но можеме и да бидеме слободни кога нашите околности не се во склад со нашите очекувања. Секој предизвик е можност за да доживееме внатрешна алхемија“

Што добивате?



Кога почнува програмата?

Програмата почнува на 13.10 во времетраење од 5 недели

Секоја среда од 19-21 часот онлајн преку ЗУМ.

 

Цена за присуство

ЕДНОКРАТНА УПЛАТА (со карти и платена поштарина во Мк) :  6000ден 5000 денари

Без карти ( картите ќе ги добиете електронски и ќе можете да ги изработите-испринтате и исечете сами): 4500 денари

ПЛАЌАЊЕ НА  2 РАТИ:  2750 денари на две еднакви рати

За пријава потребно е да извршите уплата со пополнета веб пријава.

Инструкции за уплата:

Илина Ведран Дооел Скопје

210 070 392470170

Нлб Тутунска Банка

Цел на дознака: Програма – Внатрешна алхемија

 

Местата се ограничени, резервирајте го своето место на време