fbpx
Поврзи се...Исцели...Креирај
Зошто да присуствувате на
“FLOW“ ритритот за жени? 

Секојдневните предизвици во нашите врски, односот кој го имаме кон себе базиран на нашите ограничувачки верувања многу често знаат да создадат чувство на заглавеност и негативна самокритика која се манифестира во нашите искуства. Живееме во околина во која автентичната женска и машка енергија, не е препозната и поради тоа жените внатрешно се отфрлаат себе, што создава чувство на потсвесна вина и превземање на премногу одговорности.

Во своето лично искуство поминав низ многу ситуации кои ја повредуваа мојата женственост ме предизвикуваа и поради кои се затварав и се чувствував внатрешно празно. Се обидував да се променам, но не доживував внатрешно движење, се се случуваше на ментално ниво кое траееше доста кратко. Се додека не ја пронајдов праксата за отелотворување, самосочувство и работа со двата поларитета во мене, тогаш освестив во себе нешто прекрасно кое никој досега не ми го покажал и моите врски длабоко се трансформираа.

Денеска сум во состојба да бидам присутна со предизвиците и свесно да ја слушам својата женственост преку прифаќање на емоциите без да ми создаваат чувство на вина, анксиозност и претерано анализирање на животот.

Предизвиците во нашите врски имаат своја улога во нашите животи, посебно оние кои силно не тригеруваат и создаваат внатрешна вознемиреност и чувство на несигурност во нас.Без да ги искусиме предизвиците, ние нема да знаеме на што треба да се насочиме за да почнеме со внатрешниот процес на себеисцелување. Наместо да се заглавиме во своите приказни и да ги повторуваме истите обрасци кои создаваат незадоволство и себеотфрлање, ние можеме да ги искористиме за да се исцелиме на подлабоко ниво и да еволуираме во личната и колективната свест за будење на женственоста.

Ако сте подготвени да научите како подлабоко да се прифатите себеси, да ги разберете двата поларитета во себе, да креирате здрави врски и да ги процесирате старите емоции, овој ритрит е создаден за вас!

Што ќе работиме?

  • Од предизвик до развој
  • Ослободување од менталитетот на жртва и внатрешна заглавеност
  • Машко-женски поларитети
  • Ограничувачки верувања
  • Стилови на врзување и односот кон себе
  • Ослободување од деструктивните модели на однесување
  • Се во врска со емоциите и нивната интеграција
  • Моќта на самосочувството
  • Љубов кон себе
  • Работа со женската сенка
  • Будење на женственоста и поврзување со својата автентичност
  • Техники на дишење 
  • Медитации и поврзување со природата
  • Свесно играње (Будење на внатрешната радост)

Бенефитите од оваа програма се:

  • Трансформација на ограничувачките верувања.
  • Поврзаност со себе и другите (подобрување на  односите)
  • Внатрешен мир и себеприфаќање
  • Процесирање на старите емоции
  • Подлабоко разбирање на својата автентична женственост
  • Љубов кон себе и исцелување од ограничувачките верувања на недоволност и невредност
  • Будење на свесноста за телото
  • Изразување на своите единствени таленти и способности

Се чувствувам возбудено со вас да ги споделам долгите години работа на својот внатрешен развој и заедно да работиме на отелотворување на својата вистинска женска автентичност која чека да се изрази!

Што добивате?

Овој ритрит е место каде ќе се чувствувате сигурно, разбрано и подржано додека поминувате низ процесот на внатрешна трансформација.

 

 

Време,место и цена на ритритот?

Хотел Аурора Ресорт и СПА – Берово

28-30.10.2022

ПОПУСТ за рани резервации за двокреветна соба најкасно до 30.09: 230 евра

Доплата за еднокреветна соба: 35 евра

Редовна цена: 265 евра

За пријава потребно е да се уплати аванс од минимум 40% од износот, остатокот се уплаќа пред ритритот

Пријави се!

    Име

    Презиме

    Телефон

    E-пошта

    Град

    Занимање

    Порака