fbpx
Движи се со промените преку практикување на присутност, телесна свесност и интеграција на емоциите!
Зошто да присуствувате на
“Heal Flow“ програмата? 

Кога се соочуваме со животни транзиции на лични и колективно ниво, почнуваме да се чувствуваме несигурно, а тоа ги интензивира нашите стари емоции, негативни обрасци на однесување и ограничувачки верувања.

Секоја промена или предизвик во нашиот живот потребно е да ја процесираме прво во себе, а потоа да делуваме во физичкиот свет.Со прифаќање на емоционалната вистина која постои во позадината на нашите исксутва, ние се ослободуваме да бидеме тоа што сме, да се валидизираме себеси, а со тоа делуваме на отпуштање на обрасците за преживување кои можеби постојат многу генерации наназад.

Ние сме единствените кои можеме да создадеме простор за да ги отпуштиме старите емоции кои не спречуваат да ја манифестираме својата реалност на различен начин од тоа што го знаеме досега за себе. Тие емоционални обрасци ги креираат нашите врски, нашиот однос кон себе, нашето однесување и се што искусуваме. Емоциите во исто време ги чуваат пораките на нашите вистински желби, потреби и она кое не го сакаме, а упорно го правиме.

Оваа програма може да ви помогне да научите како да комуницирате со себе, своето тело и емоции, со цел да исцелите и да живеете интегрирано и флуидно, наместо во крутите и ригидни обрасци на притисок, кои ја исцрпуваат нашата животна сила.

Се може да биде ФЛУИДНО,ЗАБАВНО и СВЕТЛО.Можеме да допреме до својот највисок потенцијал, ако научиме како да течеме низ внатрешните пререки и блокади.

Што ќе работиме?

  • Создавање на чувство на внатрешна сигурност
  • Поврзување и доверба
  • Избор и ограничувања
  • Емоционално исцелување
  • Интеграција на емоциите
  • Стилови на врзување и односот кон себе
  • Поврзување со себе и внатрешно дете
  • Разбирање на повторувачките обрасци на однесување и нивна промена
  • Практикување на мајндфулнес и самосочувство
  • Вежби со дишење
  • Медитации

Бенефитите од оваа програма се:

  • Чувство на леснотија во телото
  • Подобрување на односите 
  • Зголемено ниво на енергија и мотивираност
  • Ослободување од акумулираниот стрес 
  • Стабилизирање од колективната неизвесност и несигурност
  • Пристуност во сегашниот миг
  • Изразување на својата автентичност и вистински потреби
  • Намалување на вознемиреноста и анксиозноста
  • Можност овие техники да ги интегрирате во својата работа

Ние постоиме да ги научиме своите лекции и да бидеме длабоко и во целосно живи во своите искуства, уживајќи во се што животот ни пружа, меѓу кои се и емоционалните исцелувања кои ни се потребни за да растеме!

Што добивате?

Време на одржување и цена на програмата?

05.10- 09.11   од 18-20часот (Програмата се одржува ОНЛАЈН преку Зум)

ПОПУСТ за еднократна уплата: 3500 денари

Плаќање на две еднакви рати: 2 х 2000 денари

За пријава потребно е да се изврши уплата и пополни пријавата во продолжение 

(Пријавата се пополнува со извршена уплата)

Инструкции за уплата: 

Илина Ведран Дооел Скопје

210 070392470170 Нлб Тутунска Банка

Цел на дознака: 6 неделна програма

Пријави се!

    Име

    Презиме

    Телефон

    E-пошта

    Град

    Занимање

    Порака