fbpx



“Прекрасните можности се насекаде околу мене и јас ги прифаќам“
Лујза Хеј

Зошто да присуствувате на
оваа работилница? 

Животот не е тоа што ни се случува на нас, туку начинот на кој што реагираме на тоа што се случува. Како резултат на животните случувања, ние подсвесно можеме да создадеме образци на размислување кои создаваат блокираност и бариера во нашето животно искуство.

Дали некогаш сте се прашале зошто работите не се движат? Дали некогаш сте се почувствувале заглавено? Дали сте се прашувале зошто некои врски се доста тешки? Зошто одново се заглавуваме во слични ситуации?

Одговорот е едноставен:

Повторување на истите чувства – Повторување на истите мисли – Повторување на негативни реакциии- Создаваат исти искуства

Ако сакаме да го исцелиме својот живот, потребно е да го промениме начинот на кој што се чувствуваме, да ги промениме мислите кои ги мислиме, зборовите кои ги зборуваме и начинот на кој што одговараме на искуствата.

Темите кои ќе ги истражиме:

  • Како да ги освестиме и да го  прекинеме влијанието на скриените верувања кои го водат нашиот живот
  • Ослободување од заглавеноста на минатото
  • Надминување на циклусот на негативните мисловни процеси
  • Ослободување од старите потиснати емоции кои не блокираат
  • Истражување на поврзаноста на умот со телото
  • Ослободување од деструктивните модели на однесување
  • Препознавање и ослободување од самокритиката и вината
  • Поврзување со детето во вас
  • Љубов кон себе
  • Простување
  • Разбирање на афирмациите и како правилно да се користат
  • Медитации

Бенефитите од оваа програма се:

 

Оваа животно трансформативна програма ќе ви помогне да се ослободите од влијанието на ограничувачките верувања, олесните од товарот на минатото, прифатите себеси и да допрете до љубовта во вас, трансформирате своите односи, унапредите емоционалниот развој, разбудите просперитетот во вас и многу повеќе!

Ќе поминете 2 неверојатни дена од вашиот живот со луѓе кои што се насочени кон позитивни промени и внатрешен развој.

Со сигурност ќе си заминете со доста АХА моменти, како и практични алатки кои ќе ви помогнат како да одговарате наместо да реагирате на ситуациите во вашиот живот.

 

 

Работилницата ја води Илина Ведран – лиценциран тренер во Македонија по методата на Лујза Хеј од 2014 година.

Таа во последните 10 години работи на полето на личниот развој и има одржано над 120 работилници на повеќе теми како: Љубов кон себе, Сочувствителност, Емоции и ограничувачки верувања, Свесно тело, Будење на автентичноста, Врски и односи, како и темите за Женственоста.


Лујза Хеј

Оваа работилница е базирана на програмата “Heal Your Life“ (Исцели го својот живот) чиј автор е Лујза Хеј, еден од првите и светски најпознатите автори и учители на полето на личниот развој и самопомошта. За време на нејзиниот живот и потоа, таа помагаше и помага преку програмите, книгите и работилниците.

Нејзината животна приказна е неверојатна, со помош на нејзините методи таа го надминала своето тешко минато во кое се соочила со предизвици на полето на здравјето, како и траумите од насилните врски во детството.Нејзиниот живот го посвети на поддршката на другите да живеат посреќно, поздраво и поуспешно, како и да го живеат животот кој го заслужуваат надвор од своите ограничувачки верувања.

Лујза е икона во движењето за самопомош. Нејзината порака се базира на важноста на љубовта кон себе и себеприфаќањето, како моќни начини за внатрешна и надворешна трансформација.



“Во бескрајот на животот во кој се наоѓам се е совршено, цело и потполно“



Што добивате?

Време на одржување и цена на програмата?

26-27.11        10-16 часот

Работилницата се одржува ВО ЖИВО во просториите на Арс Лусида- Скопје

Цена со ПОПУСТ : 4900 денари

Редовна цена: 6000 денари 

Местата се со ограничен број, резервирајте го своето место на време

За пријава потребно е да се изврши уплата и пополни пријавата во продолжение 

(Пријавата се пополнува со извршена уплата)

Инструкции за уплата: 

Илина Ведран Дооел Скопје

210 070392470170 Нлб Тутунска Банка

Цел на дознака: Работилница по методата на Лујза Хеј20

Пријави се!

    Име

    Презиме

    Телефон

    E-пошта

    Град

    Занимање

    Порака