fbpx
Поминете 5 трансформативни дена далеку од градската бука во недопрена природа.
Ослободете се од стресот на секојдневието и разбудете го својот бесконечен потенцијал.




Оваа обука е за вас ако:

  • Сакате да работите на себе и да ја продлабчите врската со самите себеси
  • Ви е потребен внатрешен мир и ослободување од стресот
  • Имате интерес да работите со луѓе и да инспирирате за промени
  • Работите работа во областа на психологијата, човечки ресурси или педагогија
  • Трагате по искуства и дружење со луѓе кои сакаат да се развиваат
За време на оваа обука:


Ќе научите како да излезете од старите програми и верувања кои ве врзуваат со обрасците на повторување на слични животни искуства.Со помош на моќни и трансформативни вежби за зголемување на вашата присутност во сегашниот миг ќе ја ослободите енергијата на мислите и емоциите, кои припаѓаат на минатото и не ви дозволуваат да допрете до својот вистински потенцијал.

Една од најважните цели на овој ритрит е да се поврзете со себе на подлабоко ниво и да ја прекинете идентификацијата со несигурноста, стравот и анксиозноста која е дел од секојдневниот живот во овие времиња.

Овој ритрит ќе ви помогне да излезете од комфорната зона и да се спознаете себеси на еден сосема нов начин, ослободени од старите програми и реакции на животот.

Теми на обуката :

Прв модул:

  • Предизвиците како можност за развој и враќање во сегашниот миг
  • Промена на ограничувачките верувања и перцепцијата
  • Будење на автентичноста
  • Ослободување од чувството на сепарираност со самиот живот и улогата на жртва
  • Прифаќање на емоциите и трансформација на свеста од вина/страв/лутина до неутралност/радост/љубов
  • Ослободување од негативниот самоговор 
  • Работа со телото и стабилизирање на нервниот систем во време на неизвесност
  • Техники на дишење 

Втор модул:

  • Внатрешен баланс и свесно управување со својата енергија
  • Поврзување со полето на  бесконечни можности
  • Хармонизација на умот и срцето 
  • Свесно манифестирање
  • Будење на својата креативна моќ
  • Создавање на нова визија
  • Водење на работилници и семинари
  • Упатство за работа со програмата “Бесконечен потенцијал“.
  • Сертификација

Бенефитите од оваа програма се:


  • Трансформација на ограничувачките верувања.
  • Поврзаност со себе и другите (подобрување на односите со другите)
  • Внатрешен мир и зголемена свесност
  • Позитивен став кон иднината
  • Свесност за вашето “Вистинско ЈАС“.
  • Создавање на емотивна рамнотежа и здраво управување со емоциите.
  • Изразување на своите единствени таленти и способности
  • Можност да работите креативна работа 

Програмата е прилагодлива за секаков тип на учесници, за почетници и за оние кои имаат искуство со работата на себе. Исто така може да се прилагоди за работа со вработени во компании, родители, деца и индивидуална работа.

Што добивате?

Обуката“Бесконечен потенцијал“ е место каде ќе се чувствувате сигурно, разбрано и подржано додека поминувате низ процесот на внатрешна трансформација.

По завршување на обуката ќе го имате целото потребно знаење и упатство како и вие понатаму можете да работите со групи и да бидете амабасадор на промени.
Нашите досегашни учесници рекоа дека програмата им донесе голем бенефит во животот уште за време на обуката како и по завршувањето на обуката во праксата со клиентите.

Доколку во вас постои вистинска желба за позитивна промена сигурно сте подготвени за НОВ ПОЧЕТОК. Знаеме дека секој нов почеток не е лесен и поради тоа ви нудиме поддршка и после тренингот.

Обучувач на програмата?

Илина Ведран – Нејзината цел е да им помогне на луѓето да допрат до својот највисок потенцијал преку трансформација на ограничувањата. Пристапот на Илина е отворен, темелен и топол, кој зрачи со доверба и сигурност. Своето знаење го пренесува на едноставен и разбирлив начин, кој истовремено носи длабока трансформација. Покрај тоа таа е и автор на две книги, инспирациски говорник, трансформациски и тренер за личен и професионален развој.

Кога се одржува обуката?

13-17.09 

Каде се одржува обуката:

Аурора Ресорт и СПА- Берово

Колкав е бројот на учесници на обуката?

Местата се ограничени на максимално 10-12 учесника , бидејќи нашата цел е секој од вас да добие максимално внимание.

Сите протоколи Ковид 19 за групирање ќе бидат запазени, во однос на бројот на учесници како и одржувањето на програмата.

Days
Minutes
Seconds

Пополнете ја контакт формата за да ви испратиме понуда
(проверте го СПАМ сандачето доколку не ви стигне понудата)