fbpx



Надминете ги ограничувањата, поврзете се со својата внатрешна суштина и разбудете ја својата креативна моќ.
Истовремено научете како можете да ја поттикнете трансформацијата и кај другите преку изразување на вашите единствени таленти.

Еден од најважните аспекти на оваа обука е враќањето на присутноста во сегашниот миг и препознавање на нашето внатрешно изобилство, кое често не можеме да го видиме бидејќи нашиот ум е преокупиран со она кое недостасува . Сето тоа се рефлектира на нашите врски и искуствата, преку тоа што се појавува недостаток на самодоверба, чувство дека не сме доволно добри без разлика што и да направиме, постојана потреба да бидеме некаде во иднината на некое подобро место или разни грижи и несигурности за иднината.

Кога сме присутни во сегашниот миг сите наши акции и делувања се водени од длабоко чувство на исполнетот, радост и свесност за нашата вистинска природа која е совршена и недопрена без разлика на мислите и емоциите кои се појавуаат во нашето искуство. Една од најзначајните нешта кои можеме да ги добиеме со практикување на присутност во сегашноста е свесност за тесната повраност на нашите емоции, мисли и искуства.Ние постојано манифестираме, свесно или несвесно.          

За време на овие десет недели ќе имате можност да станете свесни за начините со кои се самосаботирате и  наместо реактивност да практикувате свесно  управување со своите мисли и емоции, користејќи ја својата внатрешна мудрост.                                                                                                   

Покрај тоа што ќе имате можност подлабоко да се запознаете себе и да креирате нови можности во вашиот живот, оваа обука ќе ви помогне да научите како можете да ја поттикнете трансформацијата и кај другите и да работите со нив. Бесконечен потенцијал е комплетна програма за личен развој и тренинг за тренери, доколку чувствувате внатрешен повик да работите на полето на личниот развој

 

Зошто е важно будењето на Бесконечниот Потенцијал?

Како одговор на моменталните предизвици и потребите на ова ново време, многу од нас се повикани да ги израат своите таленти и да се изразат на креативеен начин кој може да допринесе за создавање на еден сосема нов свет во кој влегуваме.  Постојат повеќе начини преку кои со вашата уникатност можете да допринесете за будење на колективната свест со тоа што ќе:



Темите на обуката:

“Зошто ми се случува мене?“  – Како да ги разбереме предизвиците како можност за будење на свеста

  • Која е подлабоката смисла на предизвиците или она кое го нарекуваме негативно искуство и како да ја препознаеме скриената можност во нив
  • Како да ја излеземе од трката на времето преку постојаното исчекување на некое подобро утре  и да бидеме во мир со сегашноста
  •  На кој начин можеме да управуваме со чувствата на иритација, несигурност, осаменост и останатие емоциионални состојби кои се појавуваат во нашиот секојдневен живот
  •  Како да се чувствуваме пријатно без потребата да ја контролираме иднината и околностите кога се соочуваме со конфузни времиња
 Важноста на нашите врски и нашата внатрешна рамнотежа
 
  •  Себеприфаќање
  • Отпуштање на мислите кои не држат за минатото
  • Прифаќање на емоциите и ослободување од концептите за стравот,тагата и лутината како негативна појава
  • Трансцедентална димензија и отпуштање на ограниченоста
  •  Телото на болката и како со помош на свесно присуство да го избегнеме реактивното однесување во нашите односи
  •  Конфликтите во партнерските врски како можност за будење и како да ги поддржиме и своите деца во нивниот личен процес на будење 
  • Уметноста на свесната комуникација
 Несвесното како наш најголем учител

  • Како да ги трансформираме дисфункционалните ментални навики на размислување (грижите и негативните сценарија)
  • Прекинување на циклусот на драмата и невесните навики на однесување
  • Внатрешен самоговор
  • Ослободување од ограничувачките мисли, како споредување, модели на жртва или суперироност
  • Присутност на ниво на тело, емоции и мисли 
  • Како со помош на свесното присуство да го ослободиме телото од умот
  • Трансформација на хаотичната енергија
  • Практикување на присутност

Автентично ЈАС и Бесконечен Потенцијал

  • Будење на подлабоката димензија во нас и промена на перцепцијата 
  • Поврзување со Универзалната креативна сила и вашето животно искуство
  • Умот како креативна алатка 
  • Визуализација и свесно манифестирање 
  • Отварање кон непознатите можности и користење на својот вистински потенцијал
  • Свесно усмрување на идните исксутва со присутност во сегашноста
Водење на групи и работа со програмата “Бесконечен потенцијал“
  • Како да останеме во својот центар додека работиме со други луѓе
  • Важноста на присутноса во сегашниот миг и ослободувањето од его перцепцијата 
  • Промена на идејата за спасување на светот во служење за повисока цел
  • Ослободување од стравот и несигурноста од јавно говорење
  • Работа со програмата и организација на настани

Програмата е прилагодлива за секаков тип на учесници, може да се прилагоди за работа со вработени во компании, родители, деца и индивидуална работа.

Што добивате?

Обуката“Бесконечен потенцијал“ е место каде ќе се чувствувате сигурно, разбрано и подржано додека поминувате низ процесот на внатрешна трансформација.

По завршување на обуката ќе го имате целото потребно знаење и упатство како и вие понатаму можете да работите со групи и да бидете амабасадор на промени.
Нашите досегашни учесници рекоа дека програмата им донесе голем бенефит во животот уште за време на обуката како и по завршувањето на обуката во праксата со клиентите.

Доколку во вас постои вистинска желба за позитивна промена во вашиот живот ќе ни биде драго да ни се придружите. Знаеме дека секој нов почеток не е лесен и поради тоа ви нудиме поддршка и после тренингот.

Низ процесот ќе ве води:

Илина Ведран – Пристапот на Илина е отворен, темелен и топол, кој зрачи со доверба и сигурност. Своето знаење го пренесува на едноставен и разбирлив начин, кој истовремено носи длабока трансформација. Покрај тоа таа е и автор на две книги, инспирациски говорник и тренер за личен и професионален развој.

Кога се одржува обуката?

20.01.2021 – 07.04.2021

Вебинарите се одржуваат секоја среда од 18-20 часот. Во случај да бидете спречени за да се приклучите во живо, ќе имате можност да ја гледате снимката на вебинарот.

Пополнете ја контакт формата за да ви испратиме понуда
Попуст за рани пријави

Контакт тел 076 269 268