Што значи Внатрешно движење (Inner flow)?
Културата во која што живееме ни налага да се исклучиме од своите тела и да престанеме да чувствуваме. Тоа исклучуваање има своја цена, која ја плаќаме преку разни внатрешни емоционални и ментални состојби, како и хаосот во нашите односи и целокупното животно искуство.
Патот на жените е преку телото, преку нашата женска флуидна есенција, која е спонтана, нежна и истовремено многу моќна. Жените со својата енергија водат апсолутно се, комуникацијата на жената со светот е преку нејзиното тело, внатрешната флуидност која поврзува, ослободува, исцелува и спојува.
Оваа програма не е насочена на исцелување на ранетата колективна жена која има потреба од зајакнување, туку на будење на вистината длабоко во нашата женственост, во нашето тело. Таму се наоѓа нашата вистинска сила, која не ни е потребна за да докажеме, туку за да омекнеме и да останеме отворени во таа нежност,сензуалност и мекост.
Вистината не постои во сепарацијата, туку во длабок склад со чувството на разбирање кон машкото и женското срце,во прифаќање на желбите за соединување кои одамна ги потиснавме и се замрзнавме да не чувствуваме. Ослободувањето на исконските желби во нас и прифаќањето на нашата света сексуалност (енергијата на душата)може да го трансформира целото наше искуство во овој момент сега.
“Порталот за промена се наоѓа во овој момент СЕГА“
Што ќе истражиме?
- Контактот со женската есенција
- Поврзување со флуидноста во телото
- Трансформација на енергијата на емоциите
- Енергијата на еросот и нејзината креативна моќ
- Раздвижување на внатрешната замрзнатост и трауматски обрасци
- Будење на внатрешната живост
- Отварање кон рецептивноста
- Длабоко чувствување на себе и својата животна енергија
- Отварање кон длабоките нежни чувства во целото тело
Оваа програма е за оние кои:
Чувствуваат внатрешен притисок и желба да го надминат
Се чувствуваат заглавено и анксиозно а знаат дека има нешто повеќе од тоа
Чувствуваат желба за отварање на подлабоки спиритуални состојби
Се соочуваат со нови состојби на свест кои ги носи новото време и истовремено чувствуваат заглавеност во старите структури
Сакаат да ја истражат вистината и да се отворат кон внатрешната нежност на постоење
Пробале многу методи за промена на себе и сеуште чувствуваат дека нешто недостасува
Психолози и слични професии
Сите кои чувствуваат во своето срце длабок повик и желба за својата вистинска природа

Колку време трае програмата?
Програмата трае 5 недели или 5 индивидуални сесии
Сесиите се закажуваат еднаш во неделата или по договор
Погледнете тематски подкаст “Што е Embodiment?“
Цена на програмата?
Цена: 250 евра
Можност за плаќање на 2 рати: 140 евра
Инструкции за уплата:
Илина Ведран Дооел Скопје
210 070392470170
Нлб Тутунска Банка Скопје
Закажи ја својата прва бесплатна консултација
