Поглед во себе
Сите ние сме родени со некоја цел која е врежана длабоко во нас и целото наше постоење. Се што правиме во текот на животот е поврзано со таа цел и постојатно бараме начин кој ќе не одведе до неа.Длабоко во себе знаеме што е тоа и секогаш сме знаеле, можеби сега не можете да се сетите но сигурна сум дека од кога ќе го прочитате овој текст во вас ќе се разбуди еден мал дел од тоа сеќавање, една мала искра која чека да блесне.
Животот е една голема авантура полна со разни лавиринти, убавини, искушенија, предизвици, солзи и насмевки.Без разлика дали го прифаќаме тоа или не, ние го живееме секој дел од таа авантура.Некогаш не знаеме зошто одиме некаде, некогаш добро знаеме но не стигнуваме до местото каде што сакаме, но некогаш стигнуваме. Зошто е тоа така? Затоа што не постои погрешен пат, постои само подолг или пократок пат кој ќе не одведе до нашата цел. Сетете се колку пати до сега помисливте дека се е готово и наеднаш во еден момент во целата темница блесна силна светлина која ве одведе на сосема ново ниво на постоење. Колку пати до сега помисливте дека сте оставени сами на себе, дека немате никаква поддршка и наеднаш осетивте сила на една планина.Колку пати рековте нема да успеам и во вашиот живот се појави некој кој ви подаде рака и вие успеавте. Сетете се на сите свои падови и сите неверојатни решенија кои се појавија одненадеж кога најмалку очекувавте. Каква особа сте денес после сето тоа? Ако не го искусевте она што го искусивте дали денеска ќе имавте богатство од искуства кои можат многу да му дадат на овој свет? Дали сте свесни за она што го имате и она што го можете или пак сеуште верувате во она што го немате и во она што не можете.
Во нас постојат многу делови кои знаат многу и кои можат се, но некогаш не можат да се изразат бидејќи пред нив постојат и некои други делови кои веруваат во болката и во она кое некогаш не скрши .Сите тие делови се зависни едни од други и ако не сакаме да признаеме еден од нив тогаш длабоко во нас се случува конфликт. Сето она кое некогаш било, сеуште постои како запис во нас и во нашето срце.Колку и да се обидуваме да го отфрлиме тоа од себе толку поголема болка ќе чувствуваме, а сето тоа ќе го гледаме како дел од нашиот живот. Тие делови не се лоши, не се погрешни ниту пак заслужуваат презир, напротив тие се најзаслужни за она што сте денес и за она што сакате да станете. Како вашата среќа би била целосна ако вие не сте целосни? Како би искусиле мир ако сте во војна со самите себе? Кој е тој кој ќе ве усреќи и ќе ве прифати целосно ако вие не се прифаќате себеси? Не страдате поради тоа што некој друг ви направил, туку страдате бидејќи не се разбирате и се обвинувате себеси во тие моменти. Страдате бидејќи не сакате да ја видите убавината на негативните искуства, страдате бидејќи длабоко во себе знаете дека имате СЕ а не сакате да го погледнете бидејќи ќе ги изневерите оние кои ви велеа дека знаат што е најдобро за вас.
Време е да го промените погледот на себе, на светот, на минатото и на иднината.Вие не сте зависни од она што некогаш било, туку вашата иднина зависи од начинот на кој што го гледате минатото. Се додека не престанете да верувате дека постои само една можност, другата нема да можете да ја видите. Друга можност постои, постои и различен ден од оној кој го живеете сега, но не сакате да го видите бидејќи премногу долго гледате во она во кое ви рекоа дека е исправно.Сите тие кои ве убедија веруваа во истото, а вие чувствувате дека не е така но кога видовте дека ако се издвоите од толпата ќе го ризикувате својот опстанок – да бидете сакани и прифатени и вие поверувавте. Ви кажаа дека љубовта не доаѓа од вас, дека треба да ја барате надвор од вас и да направите се за да ја добиете и вие направивте СЕ. Поминавте многу пат, многу болка, се отфрливте дури и себеси, но за жал сеуште не ја добивте. Чекавте и можеби сеуште чекате, губите сила, верувате дека немате моќ, дека не можете да промените ништо. Колку пати до сега се вративте во нечија прегратка, се вративте на старото место, дозволивте некој друг да одлучи за вас, бидејќи се надевавте дека повеќе нема да се повтори истото ако пробате уште еднаш….само уште еднаш.И наеднаш повторно цел свет се сруши а вие се прашувавте “ЗОШТО….ЗОШТО…ЗОШТО? “. Затоа што ја заборавивте најглавната карика од која се храни целиот ланец во кој се наоѓа се што ве опкружува, се што доаѓа до вас и се што ве прави среќни, се што може да ве исполни, таа карика сте ВИЕ. Ако мислите дека не можете понатаму сами, тоа не е вистина, тоа не може да биде вистина и тоа никогаш не било вистина.Вие никогаш не сте сами секогаш има некој кој е покрај вас, кој ви е верен и кој чека на вас да биде прифатен.Сега повторно сетете се на оние моменти кога одненадеж се појави решението, кога во една темница видовте една светла точка и одлучивте да тргнете кон неа.Кој беше тоа, чиј беше тој глас? Тоа бевте ВИЕ, вашата внатрешна мудрост, вашето вистинско ЈАС кое знае зошто е тука, кое знае дека сите тие искуства се потребни за да ја оствари својата цел. Вие страдавте бидејќи вашите отфрлени делови имаа потреба од вас, да бидете со нив, да бидат во вашата прегратка затоа што тоа е единствениот начин на кој можевте да ги видите и единствениот начин на кој можеа да ви се обратат, токму во тие најтешки моменти. Во тие моменти имавте разбирање за својата тага, својот страв,својата лутина, своите потреби, тогаш бевте свесни за себе и за она кое го носите во себе. Мораше да биде така, не можеше да биде различно бидејќи вие го одбравте тоа и овој живот е ваш избор со сите негативни и позитивни искуства. И оние кои ве уверија, ВИЕ ги избравте, ви беа потребни за да се создадат тие делови кои можеби ве болат, но без нив не можете да ја видите убавината на животот.Тие делови се потребни на целата сложувалка за да се состави големата слика , вашиот најголем УСПЕХ, вашата животна ЦЕЛ. Се сеќавате ли дека само поради тоа се родивте и поради ништо друго. Тоа не значи дека и понатаму треба да живеете во болка за да научите, туку да ја прифатите својата болка и да ја употребите како ваша најголема инспирација. Тука лежи вашата најголема сила, вашата најголема моќ, вашата најголема радост која чека на вас да биде откриена.Признајте ги сите свои делови и тогаш ќе знаете што ќе се случува во вашиот живот, тогаш ќе знаете дека имате избор да живеете во сиромаштија или во изобилство, во темница или светлина, во страв или љубов.
Секој од нас во себе носи една искра која може да блесне и да го осветли целиот свет, можеби токму во овој момент во вашето срце се смешка таа искра.Погледнете ја, почувствувајте ја, дозволете и да блесне во својот полн сјај, отворете се за себе само така ќе го пронајдете она кое од секогаш го баравте, бидејќи местото каде што треба да стигнете и кое ќе ве потсети ЗОШТО СТЕ ТУКА се наоѓа во ВАШЕТО СРЦЕ.
Ако сте подготвени да ја завртите новата страница од својот живот и да го пронајдете патот до своето срце се гледаме на 27.05
Со љубов,
Илина
Повеќе информации Работилница “Заврти нова страница од својот живот“