fbpx
Пронајдете мир, смиреност и изградете отпорност на стресот во овие предизвикувачки времиња.
Научете моќни техники за работа на себе, со кои можете да им помогнете и на другите.
Што претставува
“Ресет ритритот“? 

 

Живееме во доста предизвикувачки времиња, како и во посттрауматски стрес од пандемијата која се случуваше во изминатите две години. Нашето тело реагира со одредени состојби како анксиозност, страв,чувство на несигурност, кои ги нарекуваме стрес како реакција на надворешните случвања.

Целта на овој 4 дневен ритрит е да ви помогне да го ослободите стресот и емоциите од минатото, да се спријателите со вашето тело и да му помогнете на својот ум и нервен систем да влезе во состојба на рамнотежа и сигурност.

Програмата е составена со практични вежби и методи кои ќе ви помогнат да постигнете емоционална свесност, да ги стабилизирате негативните мисловни процеси, да научите подлабоко да се сакате себеси и да го пронајдете својот центар и поддршка во сопственото тело. 

Преку моќни вежби со движење на телото, дишење, свесноиграње, како и методи за подобро запознавање на себе и своите внатрешни динамики, ќе можете да го отпуштите минатото и да го препознаете својот вистински потенцијал во овој момент сега, кој води кон создавање на различни идни искуства.

Покрај тоа ќе научите како можете и самите да работите на своите внатрешни процеси, а исто така и да им помогнете и на другите или да ја интегрирате оваа метода во својата работа.

 

Што ќе работиме?

  • Интензивирање на присутноста во сегашниот миг 
  • Ограничувачки верувања
  • Телесна свесност и ослободување од стресот
  • Стабилзирање и поврзување на трите центри кои водат до внатрешна рамнотежа (Глава, срце, стомак)
  • Препознавање на ментално-емоционалните обрасците во нас кои доведуваат до стрес и реактивност
  • Семејни констелации по методата на Лујза Хеј (препознавање на несвесните динамики во врските)
  • Ослободување од деструктивните модели на однесување
  • Поврзување на умот,телото,емоциите и повисокото јас
  • Љубов кон себе
  • Будење на скриениот потенцијал
  • Техники на дишење 
  • Медитации и поврзување со природата
  • Свесно играње (Ослободување од анксиозноста во телото)

Бенефитите од оваа програма се:

  • Трансформација на ограничувачките верувања.
  • Поврзаност со себе и другите (подобрување на родителски, партнерски и односите со околината)
  • Внатрешен мир и зголемена свесност
  • Ослободување од акумулираниот стрес во телото
  • Стабилизирање од траумата на пандемијата
  • Свесност за вашето “Вистинско ЈАС“.
  • Создавање на емотивна рамнотежа и здраво управување со емоциите.
  • Изразување на своите единствени таленти и способности
  • Можност овие техники да ги интегрирате во својата работа

Програмата е прилагодлива за секаков тип на учесници, за почетници и за оние кои имаат искуство со работата на себе.

Што добивате?

Овој ритрит е место каде ќе се чувствувате сигурно, разбрано и подржано додека поминувате низ процесот на внатрешна трансформација.

По завршување на обуката ќе го имате целото потребно знаење и упатство како и вие понатаму можете да ги практикувате методите на себе или да ги интегрирате во својата работа.
Нашите досегашни учесници рекоа дека програмата им донесе голем бенефит во животот уште за време на траењето како и по завршувањето.

 

Каде и кога се одржува обуката:

Хотел Аурора Ресорт и СПА – Берово

11-14.09.2022

 

За повеќе информации и барање за понуда пополнете ја контакт формата