fbpx




СВЕСНА ЖЕНА


е моќна програма каде ќе научите како да го трансформирате односот кој го имате кон себе и својата женственост, да се отворите повеќе кон својот потенцијал и да создадете свесни и автентични врски



ТЕМИТЕ НА КОИ ЌЕ РАБОТИМЕ


+ ОГРАНИЧУВАЊА

Истражете ги своите и колективните ограничувачки верувања за жените и препознајте какво влијание имаат на вашиот живот и врските. Научете како да се ослободите од стресните приказни кои ги потврдуваат верувањата од минатото во сегашноста и како да ја прекинете идентификацијата со нив, препознавајќи се себеси и својата вистинска моќ во овој момент СЕГА.

 

+ ЕМОЦИИ

Идентификувајте ги и прекинете ги своите негативни емоционални обрасци поврзани со женственоста кои постојано се повторуваат и ги хранат старите идеи и приказни, кои се дел од нашата историја. Ослободете се од себенегацијата и прифатете ги своите емоции. Научете како со помош на емоционална присутност можете внатрешниот немир да го претворите во мир и како преку прифаќање на себе и тоа што е можете да го ослободите својот живот од минатото.

+ ВРСКИ

 

 

Простете си на себеси и ослободете се од моделите на врски креирани во детството.Ослободете се од улогата на жртва, чувството на невредност и несаканост и создадете здрав однос со детето во вас, поврзувајќи се со одамна потиснатата автентиќнот и женственост. Креирајте свесни и автентични врски со своите деца, партнери и луѓето околу вас.

 

 

+ ТЕЛО



Воспоставете подлабока комуникација со своето тело.Научете да го слушате и да се поврзувате со својата интуиција. Исцелете ја својата душа преку свесни движења и танцување. Дозволете му на телото да се изрази и да се ослободи од тензијата на негативните слики и идеи, кои што ние како жени ги имаме за себе.Пронајдете ја љубовта длабоко во своето тело.





Методите кои ќе ги научиме и примениме:

  • Моќни прашања за освестување на ограничувачките верувања
  • Медитации
  • Вежби за интензивирање на свесноста
  • Вежби за поврзување со телото
  • Интеграција на емоциите
  • Визуализаци и афирмации
  • Свесно играње (Танцот на присутноста)
  • Интеграција на наученото во секојдневна пракса
 

Ова е место каде што ќе се чувствувате поврзано, поддржано и сигурно додека поминувате
низ својот процес на внатрешна трансформација

Што добивате?



Датум на одржување


Програмата трае од 30.04-14.05

Програмата се одржува онлајн 2 вебинари и 1 работилница во живо (учесниците дополнително ќе бидат известени за локацијата)


Цена за присуство

Целосна програма (вебинари и работилница): 2500 денари

Учество само на двочасновната работилница во живо: 1500 денари