fbpx



ТИ СИ БОЖЕНСТВЕНА


е програма каде ќе научите како да го трансформирате односот кој го имате кон себе и својата женственост за да ја препознаете и изразите автентичната убавина во вас

Како жени премногу време поминуваме во својата глава обидувајќи се да направиме смисла за се околу себе. Премногу сме насочени на интелектуалното разбирање на себе , а го запоставуваме вистинското внатрешно исксутво во кое постои нашата сила, интуиција и брилијантност.

Оваа работилница ќе ни помогне да научиме како преку прифаќање на реалното искуство, мудроста на нашето тело и поврзувањето со нашето срце, нашиот израз да биде приоритет во врските и начинот на кој што делуваме во овој свет.Жените најдобро учат во групи, каде се чувствуваат поврзано, отворено и  сплотено. Оваа работилница се одвива во помала интимна група, каде ќе се истражиме себеси и својата внатрешна убавина.

Целта на оваа програма е да ти помогне да допреш длабоко до твоето АВТЕНТИЧНО ЈАС и да ја откриеш својата брилијантност и внатрешен сјај.



ТЕМИТЕ НА КОИ ЌЕ РАБОТИМЕ


+ ОГРАНИЧУВАЊА

Истражете ги своите и колективните ограничувачки верувања за жените и препознајте какво влијание имаат на вашиот живот и врските. Освестете ги верувањата за сексуалноста кои ја блокираат животната енергија со вина и срам.Научете како да се ослободите од стресните приказни кои ги потврдуваат верувањата од минатото во сегашноста и како да ја прекинете идентификацијата со нив, препознавајќи се себеси и својата вистинска моќ во овој момент СЕГА.

 

+ ЕМОЦИИ

Поврзете се со својот чувствителен аспект и разберете ги подлабоко своите емоции. Променете ги емоционалните обрасци преку кои се доживувате себеси како жена. Искусете ја моќта на емоционалната присутност и трансформирајте го внатрешниот немир во спокој. Истражете ја моќта на безусловната љубов и дозволете и на изворната радост да почне да се изразува преку вас.

+ ВРСКИ

 

 

Препознајте ги неавтентичните модели на врски креирани во детството.Ослободете се од улогата на жртва, чувството на невредност и несаканост и создадете здрав однос со божицата во себе, поврзувајќи се со одамна потиснатата автентичнот и женственост. Креирајте свесни и автентични врски со своите деца, партнери и луѓето околу вас.

 

 

+ ТЕЛО

 

 

Воспоставете подлабока комуникација со своето тело.Научете да го слушате и да се поврзувате со својата интуиција. Исцелете ја својата душа преку свесни движења и танцување. Дозволете му на телото да се изрази и да се ослободи од тензијата на негативните слики и идеи, кои што ние како жени ги имаме за себе.Пронајдете ја љубовта и мудроста длабоко во своето тело.

 





Методите кои ќе ги примениме:

  • Себеистражување преку прашања кои ја отвараат нашата свест (self inquiry)
  • Медитации
  • Семејни констелации
  • Вежби за поврзување со телото и емоциите
  • Визуализаци и афирмации
  • Свесно играње (Танцот на присутноста)
  • Женски круг 

Ова е место каде што ќе се чувствувате поврзано, поддржано и сигурно додека поминувате
низ својот процес на внатрешна трансформација

Што добивате?



Датум и место на одржување


03-04.09  од 16-20 часот

Работилницата се одржува во приватен објект во градскиот парк Скопје (на отворено)

*Обезбеден паркинг простор


Цена за присуство

Цена за присуство: 2900 денари ,  50% попуст за втор учесник

Местата се со ограничен број, предност имаат оние кои ќе ја комплетираат пријавата со уплата

Инструкции за уплата:

Илина Ведран Дооел Скопје

210 070392470170

Нлб Тутунска Банка

Цел на дознака: Работилница за жени

    Име

    Презиме

    Телефон

    E-пошта

    Град

    Занимање

    Порака