


Се што доживуваме во своето искуство е поврзано со она кое го веруваме за себе. Нашите верувања имаат огромно влијание на нашите избори и начинот на кој што делуваме.Позади нашите верувања постои нешто многу подлабоко и посуштинско од она кое го мислиме за себе. Колку повеќе се отвараме кон нашата суштинска природа која е недорени не оштетена од искуствата и верувањата, толку повеќе имаме контрола на своите реакции и избор на слободна воља во своите живтни искуства.
Изминативе две години поминавме низ интентизвно трауматско искуство и сето тоа допринесе нашите ограничувачки верувања и трауми да се интензивириаат.Чувствата на страв, неизвесност и сепарираност, почнаа да ги контролираат нашите животи и нашите односи со другите луѓе. Живееме во свет кој што е полн со предизвици кое нашето тело интензивно ги чувствува и реагира во согласност со нашите внатрешни програми. Постои начин кој ќе ни помогне да ја вратиме својата стабилност и да се чувствуваме сигурно и кога нашите стравови и неизвесноста се присутни. Сигурноста не е отсуство на опасност, туку присуство на КОНЕКЦИЈА.
Ако научиме како во секој момент можеме да оствариме подлабока конекција со СЕБЕ и кога нашето тело не се чувствува добро, тогаш ние постепено учиме како да го насочиме своето внимание од своето сепарирано јас (мислите, емоциите, мемориите од минатото) кон своето вистинско ЈАС кое се наоѓа во овој момент СЕГА.
Оваа три неделна програма има за цел да ви помогне да научите алатки и вештини, како и да се стекнете со исксутво кое ќе ви помогне да се ослободите од влијанието на верувањата, да стекнете резилијентност, како и да си помогнете со надминувањето на посттраумтаскиот стрес од овие предизвикувачки времиња поради кој во нашата психа и сома, сеуште постои згрченост и несигурност.
Отворете се кон своето животно искуство и ослободете се од тензијата во сегашниот миг, која е најголемата причина поради која чувствуваме анксиозност, несигурност и сепарираност од другите.
Со помош на практикување на сочувствителност и себеиспрашување ќе допреме до својата длабочина и ќе создадеме здрав однос со своите незрели делови и сегашниот миг, што претставува еден од најважните чекори во промената и исцелувањето од нашите ограничувачки верувања и минатото.