Дали сакаш да нурнеш подлабоко од концептите и верувањата за тоа кој си ти, каква е реалноста и кои се твоите можности?
Запознај го својот Енеа Тип на личност и отклучи го својот потенцијал...
Што e Eнеаграм?
Енеаграм е систем за типологија на личноста, која ни помага длабоко да го разбереме својот внатрешен свет, своите верувања, мотивации, стравови, како се справуваме со предизвиците и стресот, нашите стилови на интеракција со околината и нашите неосвестени потенцијали.
Прочувањето на Енеаграмот ни овозможува длабоко разбирање на себе, нашите односи, конфликтите во односите и нашите незадоволени потреби, перцепцијата на реалноста и ни дава клучеви за излез од познатиот начин на егзистирање, преку разбирање на тоа како се манифестира реалноста . Со запознавање на нашите коренски верувања во зависност од типот на нашата личност, можеме да сфатиме зошто многу обиди за промена не функционираат и не ни носат внатрешно чувство на исполнетост.
Енеаграмот ни покажува каде сме ја изгубиле најзначајната конекција, конекцијата со себе и своето срце, како и со што сме ја замениле и на кој начин реагираме на животот условено. Ги покажува 9-те наши илузии и 9-те лица на нашиот најдлабок потенцијал. Исто така ни помага да го пронајдеме клучот за повторно поврзување со себе и ослободување од коренските стравови и модот за преживување.
На овој семинар покрај тоа што ќе го проучите својот Енеа тип, ќе научите и нешто многу значајно, како да го направите следниот чекор за ослободување од своите ограничувања со примена на Embodiment (метода за интегрирање на емоциите и зголемување на свесноста ).
Што ќе научите на овој модул?
- 9 те Енеа типови и значењето на нивните идеалите
- Која е уникатната дарба на секој Енеа тип
- Запознавање со својот Енеа Тип и освестување на своите пречки, блокади, ограничувања и дарови
- Методи за работа со Енеаграмот
- Примена на Embodiment во процесот на ослободување од ограничувањата
- Контемплации посебни за секој Енеа Тип
- Соматски вежби за работа со емоциите
- Внатрешен FLOW и детската душа (Срцето на Енеа Типот)
- Отварање кон својаата автентичност и внатрешна слобода
“Она кое го знаеме за себе е 0,0001% , но нашиот потенцијал е неограничен“
Кога се одржува?
Датумот ќе биде дополнително објавен во договор со групата
- Изработка на вашиот Енеаграм (скрипта)
- Методи и алатки
- Трансформативно искуство
- Материјали
- Сертификат
- Нови познанства