Мојата трансформација започна кога сфатив дека овој живот го живеам само еднаш и затоа вреди да направам нешто големо од него.По професија сум економист во областа на менаџментот, работев како банкар, но сонував нешто друго. Еден ден одлучив да тргнам по својата страст и да го живеам она кое мене ме исполнува, сето тоа значеше промена на секое поле во мојот живот.На целиот тој пат се соочив со доста предизвици кои ме доведоа до местото каде што сум сега.
Мојата работа денеска е во областа на личниот развој, моите први професионални чекори во оваа област започнаа со Heal Your Life, програма која е базирана на светски познатата метода на Лујза Хеј. Покрај тоа моето познавање од оваа област се повеќе почна да се шири и водена од личното искуство и искуството од работата со луѓе креирав посебни програми “Бесконечен потенцијал“ и “Presence Coaching” кои се длабоко трансформативни и водат до самата суштина на нашето постоење- нашето вистинско ЈАС.