fbpx


Кога премногу време поминуваме во размислувањето го негираме овој момент сега.Целиот наш неосвестен потенцијал се наоѓа само во сегашноста и ниту на едно друго место. Тој потенцијал е прекриен од нашите минати искуства, кои постојано ги носиме во сегашноста, но постои начин како да живееме отворено и автентично, наместо да бидеме во состојба на преживување и во страв од иднината.

За време на овие два часа практично ќе поминеме низ трите аспекти на своето искуство (физички, ментален и чувствителен), ќе ги испрашаме ограничувачките верувања и ќе се поврземе со сегашниот момент.

На оваа работилница можете да учествувате на два начина:

1.Активен слушател

2.Кандидат за работа на својот процес низ кој ќе ве води лично Илина

Исто така за време на оваа работилница ќе се запознаете со методата на Presence Coaching и ќе можете да поставите прашања, како и да се информирате повеќе околу 3 неделната обука која се одржува наредниот месец.

За пријава потребно е да ја пополните контакт формата и доколку сте кандидат за работа на својот процес, наведете во пријавата.

Поради ограниченоста со време ќе бидат избрани 2-3 учесника за работа на својот процес, кои ќе бидат известени дополнително доколку местата не се пополнети.

По регистрацијата во текот на денот ќе добиете линк за присуство на настанот.

Ве молиме пријавете се само доколку присуствувате, бидејќи местата се со ограничен број.

Се гледаме!

    Име

    Презиме

    Телефон

    E-пошта

    Град

    Занимање

    Порака