Што е The Womb of Love?

The Womb of Love е длабок соматски процес на враќање кон квантната (примордијалната или космичката матка) – полето на чист потенцијал кое постои во секој човек. Тоа не е физичко место, туку жива димензија на битието, простор од кој природно се раѓа нова свесност, нов ток на животната енергија и нов начин на постоење.

Кога повторно се поврзуваме со ова нежно поле, постепени престануваме да живееме само низ програмите на умот, повеќе сме поврзани со интелегенцијата на телото како примарен извор на вистина.

Отварањето кон есенцијалниот извор во нас, ги неутрализира енергиите на умот и го ослободува телото од проекциите на животната сила.Телото почнува да се отвора кон својата природна интелигенција и се активира нова фреквенција на постоење – фреквенција која произлегува од самата суштина на нашето битие.

Самата примордијална свест на матката има квалитет на густо, нежно и љубовно топло поле, кое природно го релаксира нервниот систем и активира чувство на длабока сигурност, а со тоа се случува спонтано исцелување во текот на самиот процес и наредните денови. 

Како изгледа процесот?

Процесот е нежен, едноставен и длабоко трансформативен. Преку активирање на длабокото приземјување во  полето нашето тело почнува да станува меко, нежно и опуштено и се отвара кон самата своја внатрешна интелегенција. Како што телото почнува да ја препознава сигурноста на примордијалната свест или матката на битието се релаксира, умот се смирува, животната енергија почнува слободно да тече, а во нас се буди длабоко чувство на мир, виталност и внатрешно задоволство. Многу луѓе во текот на процесот чувствуваат наплив на љубов од длабочината, задоволство, како и огромна нежност и благодарност, а некогаш и за прв пат свесност за својата вистинска вредност на самата присутност.

За кого е овој процес?

Овој процес е за сите кои чувствуваат повик да ја истражат својата внатрешна есенцијална димензија на соматски начин.
За оние кои се отворени да го искусат длабокото чувство на задоволство што природно постои во самото битие. Како и оние кои чувствуваат дека животот крие нешто многу подлабоко од она што секојдневно го живееме и кои сакаат да ја ПОЧУВСТУВААТ внатрешната убавина на нашето заедничко Битие.

Повеќе за Илина...

Илина Ведран е мистик и  Somatic Soul Embodiment учител — духовно соматска работа. Повеќе од 13 години е посветена на истражување на телото, свеста и присутноста, развивајќи пристап што ги обединува духовната реализација и соматското искуство.
Нејзината работа се темели на директното искуство. Спиритуалната реализација не е концепт или верување, туку реална состојба што се открива преку чувствителната перцепција, преку телото. 

Низ групни и индивидуални процеси, ритрити и едукативни програми низ целиот Балкан, Илина создава простор во кој луѓето можат да ја искусат својата автентична природа. Нејзината намера е да придонесе кон развојот на духовно-соматската работа и да ја доближи свеста дека духовноста не е одвојување од телото, туку негово целосно оживување преку отварање на космичкиот потенцијал кој постои во животната сила.

Датум и цена на програмата:

25.07  18- 21:00

ОХРИД  – Хотел “Тино и СПА“ – Свети Стефан 

Early Bird пријави до 18.07 : 60 евра

Редовна цена: 75 евра

Начин на плаќање:

Илина Ведран Дооел Скопје

210 070392470170 Нлб Банка

Местата се со ограничен број, предност имаат оние кои први ќе се пријават.

За резервација на местото потребно е прво да извршите уплата, а потоа да ја пополните пријавата.

Пријави се (пополнете само доколку имате извршено уплата)

    Име

    Презиме

    Телефон

    E-пошта

    Град

    Занимање

    Порака