Бидете дел од осмата генерација на тренери по методата “Креирај се себеси“.
Поминете пет интензивни дена далеку од градската бука, максимално посветени на својот внатрешен развој. Додека работите на себе истовремено научете како можете и вие да водите групи и да ја потикнувате трансформацијата кај другите.
За кого е наменета оваа обука?
- За оние кои сакаат својот живот да го живеат со повисока цел и да делуваат на зголемување на свесноста
- За сите оние кои се одговорни кон себе и сакаат да напредуваат
- Професионалци (психолози, коучеви, професори,лични тренери) кои имаат намера да им го дадат на своите клиенти најдоброто од себе
- Секој кој што е 110% мотивиран да излезе од своето минато, ограничувањата, изговорите, блокадите и се што не му дозволува да живее живот со повисока смисла
Теми на обуката :
- Како да ги препрознаете своите ментално-емотивни обрасци
- Кои се вашите потсвесни ставови за врските, кариерата, финансиите, здравјето и како да се ослободите од мислите кои ве ограничуваат
- Кои се невидливите закони на љубовта и како несвесно делуваат на нашите избори
- Развивање на емоционална интелегенција (од реакција до превземање на одговорност)
- Ослободување од тешките и ограничувачки мисли
- Лична и колективна свест
- Техники на дишење кои ќе ви помогнат во смирување на умот
- Медитации за постигнување фокусираност и внатрешен мир
- Танцот на присуството – постигнете внатрешна слобода и допрете до безусловната љубов
- Моќта на сегашниот миг
- Свесно креирање на животните цели
- Како да одржувате предавања и работилници на различни теми
- Упатство за работа со програмата “Креирај се себеси“
Бенефитите од оваа програма се:
- Трансформација на ограничувачките верувања
- Поврзаност со себе и другите (подобрување на родителски, партнерски и односите со околината)
- Внатрешен мир и зголемена свесност
- Позитивно усмерување на умот кон успех и позитивен живот
- Свесност за вашето “Длабоко ЈАС“
- Создавање на емотивна рамнотежа и здраво управување со емоциите
- Живот во сегашен момент
- Изразување на своите единствени таленти и способности
- Можност да работите креативна работа која ќе ве исполнува и да делувате на зголемување на свесноста во вашата околина
Програмата е прилагодлива за секаков тип на учесници , за почетници и за оние кои имаат искуство со работата на себе.Исто така може да се прилагоди за работа со вработени во компании, родители, деца и индивидуална работа.
Што добивате?
- 4 ноќи и 5 дена на база на полн пансион
- Комплетна програма со вежби и упатства за водење на работилници по методата “Креирај се себеси “
- Модел за креирање на работилници
- Цд со музика и медитации од програмата
- Веганска исхрана- детокс на телото
- Користење на СПА центарот
- Сертификат за работа
- Кафе паузи
- Нови познанства
- Позитивна енергија
По завршување на обуката ќе го имате целото потребно знаење и упатство како и вие понатаму можете да работите со групи и да бидете амабасадор на промени.
Нашите досегашни учесници рекоа дека програмата им донесе голем бенефит во животот уште за време на обуката како и по завршувањето на обуката во праксата со клиентите. Доколку во вас постои вистинска желба за позитивна промена сигурно сте подготвени за НОВ ПОЧЕТОК. Знаеме дека секој нов почеток не е лесен и поради тоа ви нудиме поддршка и после тренингот.
Обучувач на програмата?
Илина Ведран – Нејзината мисија е да им помогне на луѓето да живеат слободно, среќно и успешно на секое поле од својот живот. Пристапот на Илина е отворен, темелен и топол, кој зрачи со доверба и сигурност. Своето знаење го пренесува на едноставен и разбирлив начин, кој истовремено носи длабока трансформација. Покрај тоа таа е и автор на две книги, инспирациски говорник, ментор и тренер за личен и професионален развој.
Кога се одржува обуката?
13-17 Септември
Каде се одржува обуката:
Берово – Хотел Аурора Ресорт СПА
Колкав е бројот на учесници на обуката?
Местата се ограничени , бидејќи нашата цел е секој од вас да добие максимално внимание.
Пополнете ја контакт формата за да ви испратиме понуда
Контакт тел 076 269 268
[contact-form-7 id=”448″ title=”LiB-Prijava”
Од 2012 година непрестајно читав книги за личен развој и се задлабочував во голем број од вежбите во нив. Сите избрани вежби генерално се однесуваа на нешта кои ги посакував, надвор од мене. Она што тогаш не го разбирав беше токму тоа, преголемата свртеност кон надворешноста што ме оддалечуваше од себе. Секогаш нешто фалеше. Се чувствував многу неблагодарно, бидејќи исполнував сè но не беше доволно. Како годините минуваа, тоа незадоволсто резултираше со пореметување на исхрана, хронични стомачни болки, анксиозност, панични напади и депресија. Сите овие случувања ме упатија кон коренити промени во средината и во себе.
Како започна целата приказна со “Креирај се себеси“
Почетокот на 2017 година се чувствував ментално и емотивно поспокојно. Голема заслуга за мојата промена ја препишав на книгите, па одлучив да направам официјална веб страна на која ќе го споделувам наученото. Беше прашање на време кога книгата на Илина ќе ми падне во раце. Ја прочитав во еден ден и доцна во ноќта и пишав порака. Прилично различни искуства, но тоа не беше важно. Кога еден човек отворено ја раскажува својата приказна, останатите сочувствуваат и се поврзуваат. Пишувајќи пуштив и видеа од Илина, ми се допаѓаше енергијата и одлучив да отидам на работилница. За неколку часа таму секоја мисла изгуби важност, бидејќи кога си поврзан со себе надворешноста го губи влијанието врз тебе. Знаев дека ќе се вратам брзо. Од следниот месец започнав со обуки.
Моето искуство од обуката
Беше прекрасно, но ни најмалку лесно. Ја гледаш болката во себе, ги откриваш уверувањата кои те блокираат во поврзувањето со љубовта, радоста и присутноста, но во исто време ги чувствуваш слободата и олеснувањето. Процесите се толку силни, што по нив чувствуваш физичка болка. Секоја пора на тебе се отвора. Ја запознаваш енергијата во себе, движењето на здивот и биењето на срцето. Искусуваш милион ситуации на откривање зашто животот е таков каков што е. Ги разбираш своите постапки преку согледување на концептите на размислување. Другите ги доживуваш како огледала и од нив откриваш по нешто за себе. Сè изгледа како неверојатна случајност, бидејќи сè посебно се поврзува во една необјаснива целина. Посакувам секој да помине низ овие обуки со отворен ум и отворено срце, да се сврти кон себе и она што е од вистинска вредност.
Необични конекции кои траат целиот живот
Пред две години со мојот пријател Мирослав Драганов разговаравме дека сакаме да креираме нешто за мотивирање и едуцирање. Јас веќе пишував за Помрдни го задникот – Промени го животот, низ разговор се создаде и Продолжи со насмевка. Мики се концентрираше на градење свој бренд, јас продолжив со мојот, со честа размена на идеи за нешто заедничко. На првата работилница кај Илина, додека чекав во хотелот ја забележав Ане. Јас седнав во средина, а таа десно до мене. Не разговаравме многу меѓусебно, но по работилницата се создава чувство на припадност, прифаќање и посебна поврзаност. Следниот месец на обуките, влегов и седнав на истото место. До мене десно повторно седеше Ане. Ништо не е случајно. Првиот викенд од обуките извлекувавме имиња од еден сад и јас станав чувар на една девојка. Да бидеш чувар значи да се грижиш за личноста и на свој начин да правиш да се чувствува убаво. Така ја запознав Биле. Испадна дека имаме многу сличности во приказните. Кога ги откривме заштитниците, од сите личности јас бев заштитник на Биле, но и таа мој. Ништо не е случајно.
Како понатаму ги инспирирам другите на промена
Создавање на заедница за тренери веќе беше во план и ги засакав сите луѓе од обуката. Одлучив да оставам правите личности да се откријат сами. Дел од замислените проекти се со цел за помош на образовниот систем и затоа сакав постручна личност за работа со деца. Последниот викенд Драгана- една од учесниците на обуката, сподели дека работи како педагог со чудесна идна цел. Ништо не е случајно.
Завршивме со обуките, поминав време со молитва и медитација и им пишав на сите дека сакам да создадам заедница на тренери со понуда да бидат дел од неа. Така формиравме Клуб за едукација, мотивација и личен развој „КО-КРЕАТОРИ“.
Со визија за заедница од најголема вредност, преку која луѓето ќе се поврзат со изворот на љубов, радост и спокој, со животот.Преку едуцирање, мотивирање и менторирање ја креираме нашата мисија. Ја гледам сликава и се радувам.Со љубов за моите Ко-Креатори и бескрајна благодарност затоа што сум дел од ова искуство.
Ти благодарам Илина