fbpx

Клучевите на Енеаграм

Дали сакаш да нурнеш подлабоко од концептите и верувањата за тоа кој си ти, каква е реалноста и кои се твоите можности?

Запознај го својот Енеа Тип на личност и отклучи го својот потенцијал...

Енеаграм е систем за типологија на личноста, која ни помага длабоко да го разбереме својот внатрешен свет, своите верувања, мотивации, стравови, како се справуваме со предизвиците и стресот, нашите стилови на интеракција со околината и нашите неосвестени потенцијали.

Прочувањето на Енеаграмот ни овозможува длабоко разбирање на себе, нашите односи, коренот на нашите внатрешни незадоволства, како и перцепцијата на реалноста.
Енеаграмот ни дава клучеви за излез од познатиот начин на егзистирање, преку разбирање на тоа како несвесно се манифестира нашата лична реалност.
Со запознавање на нашите коренски верувања во зависност од типот на нашата личност, можеме да сфатиме зошто многу обиди за промена не функционираат и не ни носат внатрешно чувство на исполнетост.
Исто така можеме да го пронајдеме својот директен пристап за промена на обрасците.

Со запознавање на нашите коренски верувања во зависност од типот на нашата личност, можеме да сфатиме зошто многу обиди за промена не функционираат и не ни носат внатрешно чувство на исполнетост. 

Енеаграмот ни покажува каде сме ја изгубиле најзначајната конекција, конекцијата со себе и своето срце, како и со што сме ја замениле и на кој начин реагираме на животот условено. Ги покажува 9-те наши илузии и 9-те лица на нашиот најдлабок потенцијал. Исто така ни помага да го пронајдеме клучот за повторно поврзување со себе и ослободување од коренските стравови и модот за преживување.

Покрај тоа што ќе го проучите својот Енеа тип, ќе научите и нешто многу значајно, како да го направите следниот чекор за ослободување од своите ограничувања со примена на Embodiment (метода за интегрирање на емоциите и зголемување на свесноста ).



Како може да ни користи изучувањето на Енеаграмот?

Енеаграмот ни покажува како функционира реалноста во склад со нашите верувања.Најчесто нашата промена се обидуваме да ја направиме преку промена на околностите, без да разбереме што се случува подлабоко на подсвесно ниво.

Ако работите на себе, Енеаграмот може да ви покаже точно кои се вашите коренски верувања и главни обрасци кои ве одвојуваат од вашата целовитост и како несвесно комуницираме со полето на можности. Дали начинот на кој делуваме се случува од нашата отвореност или од илузијата на нашето его јас .

Исто така може да ни покаже на кој начин нашата личност се поврзува во врските несвесно и кои се клучните конфликти и обрасци кои постојано ни се повторуваат во врските, а покрај тоа која е нашата точка на развој во која е потребно да одиме кога ќе се соочиме со предизвик. Со помош на спиритуалната димензија на Енеаграм можеме да видиме кои наши повреди од најраното минато се причината за сепарација од нашето Битие или најдалбокиот импринт на нашата душа.

Се што е свесно, повеќе нема моќ над нас, тогаш станува само потенцијал за БУДЕЊЕ



На кој начин работиме со Енеаграмот?

1.Краток разговор околу предизвиците и вашата сегашна ситуација

2.Целосна изработка на скрипта од 10-ина страни конкретно за вашиот Енеа Тип со информации кои се во склад со вашиот индивидуален интерес и степен на внатрешен развој

3.Две индивидуални сеанси Embodiment во траење од еден час каде работиме со помош на вашите точки на развој во склад со вашиот Енеа Тип

 


“Она кое го знаеме за себе е 0,0001% , но нашиот потенцијал е неограничен“




Каде се може да се користи Енеаграмот?

  • Индивидуален развој
  • Развој на вработени во компании
  • Работа со парови
  • Кариерен развој




Која е цената?

 

Цена: 6000 денари

Инструкции за уплата:

Илина Ведран Дооел Скопје

210 070392470 170

Нлб Тутунска Банка

Цел на дознака: Обука 

 

 

    Име

    Презиме

    Телефон

    E-пошта

    Град

    Занимање

    Порака

    Постојано имав потреба да им се допаднам на другите и да не ги разочарам.Работата со Илина ме натера да гелдам во себе и да ја препознава внатрешната убавина која постои во мене. Сето тоа ми помогна да освестам многу нешта за себе.
    Љупчо. М
    Поврзувањето со моето тело и зголемувањето на свесноста за емоциите без да се обидам да ги променам, ми помогна да престанам да верувам дека нешто не е во ред со мене бидејќи чувствувам.Ова исксутво ми помогна да престанам да чувствувам страв и анксиозност поради својата автентичност.
    Стерфанија Д.