fbpx
Дали сакаш да нурнеш подлабоко од концептите и верувањата за тоа кој си ти, каква е реалноста и кои се твоите можности?

Запознај го својот Енеа Тип на личност и отклучи го својот потенцијал...





Што e Eнеаграм?

Енеаграм е систем за типологија на личноста, која ни помага длабоко да го разбереме својот внатрешен свет, своите верувања, мотивации, стравови, како се справуваме со предизвиците и стресот, нашите стилови на интеракција со околината и нашите неосвестени потенцијали, како и нашиот уникатен спиритуален квалитет или блупринт.

Прочувањето на Енеаграмот ни овозможува длабоко разбирање на себе, нашите односи, конфликтите во односите и нашите незадоволени потреби, перцепцијата на реалноста и ни дава клучеви за излез од познатиот начин на егзистирање, преку разбирање на тоа како се манифестира реалноста . Со запознавање на нашите коренски верувања во зависност од типот на нашата личност, можеме да сфатиме зошто многу обиди за промена не функционираат и не ни носат внатрешно чувство на исполнетост. 

Енеаграмот ни покажува каде сме ја изгубиле најзначајната конекција, конекцијата со себе и своето срце, како и со што сме ја замениле и на кој начин реагираме на животот условено. Ги покажува 9-те наши илузии и 9-те лица на нашиот најдлабок потенцијал. Исто така ни помага да го пронајдеме клучот за повторно поврзување со себе и ослободување од коренските стравови и модот за преживување.

На овој семинар покрај тоа што ќе го проучите својот Енеа тип, ќе научите и нешто многу значајно, како да го направите следниот чекор за ослободување од своите ограничувања со примена на Embodiment (метода за интегрирање на емоциите и зголемување на свесноста ).



Што ќе научите на овој семинар?

  • 9 те Енеа типови и значењето на нивните идеалите 
  • Која е уникатната дарба на секој Енеа тип
  • Запознавање со својот Енеа Тип и освестување на своите пречки, блокади, ограничувања и дарови
  • Методи за работа со Енеаграмот
  • Примена на Embodiment во процесот на ослободување од ограничувањата
  • Контемплации посебни за секој Енеа Тип
  • Соматски вежби за работа со емоциите
  • Внатрешен FLOW и детската душа (Срцето на Енеа Типот)
  • Отварање кон својаата автентичност и внатрешна слобода



За кого е овој семинар?

  • Сите оние кои долго време работат на себе и своите верувања и сакаат да го интензивираат своето искуство и оние кои немаат никакво исксутво
  • Психолози и слични професии
  • Човечки ресури
  • Јога инструктори
  • Коучеви 
  • Сите оние кои сакаат да го разбудат својот неосвестен потенцијал


“Она кое го знаеме за себе е 0,0001% , но нашиот потенцијал е неограничен“


Кога се одржува?

 04-05.11  10-15 часот

Локација: Скопје



Што ќе добиете?

  • Изработка на вашиот Енеаграм (скрипта)
  • Методи и алатки
  • Трансформативно искуство
  • Материјали
  • Сертификат
  • Нови познанства
 


Цена за учество

 

 

6200 денари

Инструкции за уплата:

Илина Ведран Дооел Скопје

210 070392470 170

Нлб Тутунска Банка

Цел на дознака: Обука 

Пријавата се смета за целосна со извршена уплата

 

 

    Име

    Презиме

    Телефон

    E-пошта

    Град

    Занимање

    Порака

    Постојано имав потреба да им се допаднам на другите и да не ги разочарам.Работата со Илина ме натера да гелдам во себе и да ја препознава внатрешната убавина која постои во мене. Сето тоа ми помогна да освестам многу нешта за себе.
    Љупчо. М
    Поврзувањето со моето тело и зголемувањето на свесноста за емоциите без да се обидам да ги променам, ми помогна да престанам да верувам дека нешто не е во ред со мене бидејќи чувствувам.Ова исксутво ми помогна да престанам да чувствувам страв и анксиозност поради својата автентичност.
    Стерфанија Д.