fbpx

За мене

Ако некој сака да ги промени своите околности, прво треба да застане пред огледало и да ја засака особата која стои пред него. Со нашата внатрешна трансформација можеме да го промениме светот во кој живееме и на тој начин да бидеме инспирација за другите. Мојата трансформација започна кога сфатив дека овој живот го живеам само еднаш и затоа вреди да направам нешто големо од него.По професија сум економист во областа на менаџментот, работев како банкар, но сонував нешто друго. Еден ден одлучив да тргнам по својата страст и да го живеам она кое мене ме исполнува, сето тоа значеше промена на секое поле во мојот живот.На целиот тој пат се соочив со доста предизвици кои ме доведоа до местото каде што сум сега.

Мојата работа денеска е во областа на мотивацијата, моите први професионални чекори во оваа област започнаа со добивање на првата Heal Your Life лиценца во Македонија, програма која е базирана на светски познатата метода на Лујза Хеј. Покрај тоа моето познавање од оваа област се повеќе почна да се шири и водена од личното искуство и искуството од работата со луѓе креирав посебна програма “Креирај се себеси“ која ги опфаќа најважните аспекти на внатрешната трансформација и што води до неизоставен успех на секое поле.

Одржувам инспиративни и трансформациски работилници,  семинари, обуки за тренери по метоадта “Креирај се себеси“ и  предавања со цел да ги мотивирам луѓето да го подобрат и унпаредат својот живот. Меѓу моите страсти е и говорништвото , како и секојдневната инспирација на многу луѓе, а сето тоа е водено од една вистинска и искрена животна приказна. Исто така сум и автор на две книги „Јас сум љубов“ и „Заврти нова страница во својот живот“. Од сите тие улоги постои една улога која ми е најомилена, а тоа е улогата на мајка.

Моето мото  по кое се водам во животот е: „Ако се имаш СЕБЕ имаш СЕ“