fbpx

За Илина

Без разлика на нашите минати искуства, секогаш ја имаме сегашноста во која постои се што ни е потребно да го разбудиме својот вистински потенцијал…

Мојата трансформација започна кога сфатив дека овој живот го живеам само еднаш и затоа вреди да направам нешто големо од него.По професија сум економист во областа на менаџментот, работев како банкар, но сонував нешто друго. Еден ден одлучив да го живеам она кое мене ме исполнува, сето тоа значеше промена на секое поле во мојот живот.На целиот тој пат се соочив со доста предизвици кои ме доведоа до местото каде што сум сега.

Мојата работа денеска е во областа на развојот на природната интелегенција во човекот, моите први чекори во оваа област започнаа со Heal Your Life, програма која е базирана на светски познатата метода на Лујза Хеј. Покрај тоа моето познавање од оваа област се повеќе почна да се шири и водена од личното искуство и искуството од работата со луѓе се случи и Embodiment – длабоко трансформативна метода која допира до најдлабокиот дел во нас, а тоа е самата суштина- нашето вистинско ЈАС.

Одржувам семинари на различни теми за будење на потенцијалот и ги инспирирам луѓето да погледнат во себе, подлабоко од своите ограничувања. Исто така сум и автор на две книги „Јас сум љубов“ и „Заврти нова страница во својот живот“. Од сите тие улоги постои една улога која ми е најомилена, а тоа е улогата на мајка.

Ако ја пронајдеш љубовта во себе, ќе можеш да ја препознаеш насекаде околу тебе.