Што значи Embodiment?
Ембодимент е метода за себеистражување преку продлабочување на присутноста и свесноста за мислите, емоциите и сензациите во телото.Нашето тело ги чува нашите верувања и минати искуства како контракции и притисок, со оваа метода учиме како нашите делови од минатото да ги вратиме во целината во овој момент сега. На тој начин нашата присутност во сегашноста се повеќе се зголемува и излегуваме од реакциите и обрасците кои се дел од нашата историја, наместо реактивно ние делуваме и одговараме на свеж и нов начин.
Оваа метода ни помага да направиме длабока внатрешна трансформација и да се поврземе со својата суштина, а исто така да ги разберме и омекнеме структурите во кои несвесно постоиме и креираме една иста реалност. Embodiment е начин на свесно постоење, каде учиме како своето внимание да го префрлиме од хаотичниот ум во свесната присутност.
“Порталот за промена се наоѓа во овој момент СЕГА“
Што ќе истражиме за време на овој модул?
- Како несвесното комуницира со нас преку телото и искуствата
- Што значи свесна присутност
- Емоции, ограничувачки верувања и сегашниот миг
- Светлината на Битието и квалитетите на нашата суштина (радост, сила, љубов, сочувствителност, вредност)
- Будење на центрите во телото (стомак, срце, глава)
- Работа на внатрешните процеси
- Поврзување со внатрешната спонтаност, живост и леснотија
- Интеграција и примена на Embodiment во секојдневните искуства
- Медитации
За кого е ова учење?
Оние кои се презаситени од личен развој и работа на себе и бараат нешто подлабоко
Спиритуални трагачи
Психолози и слични професии
Коучеви и тренери за личен развој
Исцелители и енергетски терапевти
Сите кои чувствуваат во своето срце длабок повик кон вистината и себеспознавањето

Од колку модули е составено школото?
Школото е составено од 2 модула
Првиот модул е Embodiment каде се запознаваме со основата на ова учење и неговата примена во својот живот
Вториот модул е Енеаграм (типологија на личноста), каде секој учесник посебно го запознава својот Енеа Тип и учи како да работи на себе со примена на Embodiment. Повеќе информации околу вториот модул можете да добиете на следниот линк
Што вклучува оваа понуда?
- 4 х онлајн работилници
- Нови познанства
- Материјали
- Сертификат
Оваа работилница е сигурно, разбрано и поддржано место додека поминувате низ процесот на својата трансформација.
Време, место и цена
Програмата се одржува онлајн
02-16.11 (Секоја сабота од 18-21 часот)
Модул 2– датумот дополнително ќе биде одреден по завршување на првиот модул
Цена по модул: 100 евра
Можност за плаќање на две рати за пријави до 25.11
ПОПУСТ за уплата на двата модула одеднаш до 03.10: 180 евра
Резервирајте го своето место на време, местата се со ограничен број, максимално пет учесника
Комплетирана пријава е пријава со уплата
Инструкции за уплата:
Илина Ведран Дооел Скопје
210 070392470170
Нлб Тутунска Банка Скопје228