Ако не чувствуваме ние пропуштаме нешто многу важно, тоа е самото искуство на животот
Што значи Embodiment?
Embodiment е отелотворување на нашата вистинска природа која создава внатрешно чувство на живост,приземјеност, длабока интуитивност и отвореност.
Најчесто она кое го знаеме за себе се идеите и искуствата од минатото, себеси се доживуваме преку старите емоции и верувања, а сето тоа допринесува до појава на несигурност, анксиозност, неможност да се поврземе и длабоко чувство дека нешто во нас недостасува без разлика што и да направиме.
Со помош на Embodiment учиме како повторно да се конектираме со својата внатрешна живост и нашите одамна потиснати квалитети како радост, сочувствителност, интуиција, сила, волја и сл.
Кога го негираме своето тело и своето срце, умот е постојано вознемирен и не може да се стабилизира, тоа се оние немирни мисловни процеси како и постојаната оптеретеност и притисок.
Embodiment дава одлична можност во исцелувањето на нашето емоционално тело, смирување на умот, ослободување од ограничувањата од нашето минато и најважно од се отварање кон нашиот неосвестен потенцијал.
Оваа метода ни помага да се искусиме себеси и животот подлабоко од модот за преживување во кои најчесто живее скоро секој човек на планетава.
Постои начин на постоење кој што е различен од она кое што сме научени, се може да биде полесно, поинтуитивно и поотворено. Сето тоа создава длабоко исцелување и трансформација на нашето искуство, врските и рецептивноста на животното изобилство.
Што ако би си дозволиле да го истражиме својот вистински потенцијал?
“Порталот за промена се наоѓа во овој момент СЕГА“
Што ќе истражиме и научиме?
- Движењето на нашата енергија и нејзината манифестацијата во искуството
- Враќање на свесноста во телото
- Поврзување и будење на трите главни центри во нас (стомак, срце, глава)
- Опуштање на соматските контракции и верувањата од телото
- Реконектирање со својата животна енергија
- Активирање на есенцијалните квалитети во нас
- Поврзување со внатрешната спонтаност, живост и леснотија
- Длабока присутност и прифаќање на своето искуство и неговиот скриен потенцијал
- Примена на методите во работа со други луѓе (Доколку сакате да се посветите на оваа работа)
- Медитации
- Свесен танц
За кого е оваа програма?
Оние кои сакаат да го истражат своето искуство на нов и свеж начин
Спиритуални трагачи
Психолози и слични професии
Коучеви и тренери за личен развој
Исцелители и енергетски терапевти
Сите кои чувствуваат во своето срце длабок повик кон вистината и себеспознавањето
Кои се бенефитите од оваа програма?
- Исцелување на повеќе нивоа
- Практични начини за делување и соочување со секојдневието
- Поврзување со својата автентичност и ослободување од старите програми на себенегација и себеотфрлање
- Истражување на најважното и најфунндаменталното нешто кое постои во вас
- Длабока внатрешна интимност со своето срце
- Отварање кон ново доживување на себе
- Учење на длабоко трансформативни методи кои ќе ви помогнат во работата со другите луѓе (за психолози,коучеви, енергетски терапевти)
- Отварање кон сопственото искуство и создавање на простор за длабоки животни трансформации
- Креирање на свесни намери
Од колку нивоа е составена програмата?
Програмата е составена од 3 нивоа
НИВО1 Почетно (Со завршување на ова ниво ќе бидете запознати со поврзаноста на ум-срце-тело, есенцијалните квалитети, животните ситуации и состојби кои поврзани со недостаток на одреден квалитет, како поврзувањето со квалитетите создаваат транформација во нашето тело, ум и срце)
НИВО2 Напредно (Со завршување на ова ниво ќе имате подлабоко искуство на работата со есенцијалните квалитети, како тие делуваат за длабоко исцелување на повеќе нивоа, како да се ослободат енергетските блокади, интензивна присутност и конекција со квалитетот на срцето-интимност ,како и свесност за тоа како се манифестира реалноста надвор од нашиот ограничен идентитет)
НИВО3 Embodiment facilitator ( Може да се работи или интегрира во вашата постоечка работа-ако работите некои од хуманите професии)
Другите нивоа дополнително ќе бидат организирани,по одредено време кое е потребно за интеграција на секое ниво со своето искуство, во меѓувреме групата има поддршка и онлајн состаноци за продлабочување на присутноста и отварање кон есенцијалната реалност
Што вклучува оваа понуда?
- 3 ноќи и 4 дена полупансион во двокреветна соба
- Целосна тренинг програма НИВО1
- Материјали
- Користење на СПА центарот
- Сертификат за завршен тренинг Ниво1
- Поврзување со луѓе кои се насочени кон будење на свеста
Оваа програма е разбрано и поддржано место додека поминувате низ процесот на трансформација
Време, место и цена?
НИВО1:
27-30.09 (Хотел СПА Тино-Охрид)
Цена за присуство: 22.000 денари
Доплата за еднокреветна соба: 6400 ден
Групата е со ограничен број на учесници
За пријава потребно е уплата на депозит од 20% , остатокот се плаќа на рати
Инструкции за уплата:
Илина Ведран Дооел Скопје
210 070392470170
Нлб Тутунска Банка Скопје
*Резервирајте го своето место на време
Доколку сте заинтересирани, но сакате повеќе да дознаете за оваа метода и да ја искусите, закажете бесплатна конслутација (наведете во пораката)