

Кога не знаеме како со своите емоции, таа енергија во нас создава дисфункционалност и нашето тело се чувствува преплавено, анксиозно и доста осетливо на околината.Сето тоа делува на нашето размислување, нашите одлуки, акции, здравје, односи, чувство за себе и целокупниот квалитет на нашиот живот.
Јазикот на нашето тело е во потполност различен од интелектуалното размислување и до него не можеме да пристапиме и да го смириме преку разговор и промена на мислите, туку преку директно влијание на нервниот систем, со свесна присутност, дишење и процесирање на енергијата на стресот.
За време на оваа 4 неделна програма ќе научиш како можеш да делуваш на внатрешната регулација на твоите емоции, како вистински да се сакаш себеси и како да пристапиш до мудроста на своето тело за да го разбудиш својот потенцијал. Состојбата на преживување е програма на нервниот систем кој егзистира во постојан стрес и која е стара илјадници години, но денеска имаме можност да го надраснеме тоа и да се поврземе со својот креативен потенцијал. Внатрешната стабилизација создава благоссотојба на нашето физичко,ментално и емоционално здравје.
Исто така на оваа прогама ќе научиш животно важни алатки, а тоа е како да ги сретнуваш емоциите чекор по чекор без да влезеш во состојба на преплавеност и да го прошириш својот капацитет да чувствуваш и да бидеш во контакт со својата интуиција. Во нашата култура фокусот е на интелектуалното знаење, но мудроста на телото и емоциите се она кое го креира целиот наш живот. Ако завладееме со нервниот систем, целото наше искуство може во потполност да се промени вклучувајќи ги нашите односи и иднината. Никогаш не е касно да научиме како подлабоко да се сакаме себеси и да допреме до таа љубов која е и нашиот неосвестен потенцијал, кој може да создаде прекрасни нешта.
4 онлајн вебинари во живо каде ќе се ПОВРЗЕМЕ заедно секоја недела. Чекор по чекор ќе научиш како да се запознаеш себеси и својот нервен систем, како да ја стабилизираш енергијата во твоето тело и да ја отелотвориш својата смиреност и внатрешно присуство.
Видеа со неделна пракса (соматски вежби и вежби со дишење)за секојдневна примена кои ќе бидат твојата поддршка во внатрешната стабилизација и ослободувањето од стресот.
Онлајн група за поддршка каде ќе можеш да поставуваш прашања, да се изразиш, да бидеш слушнат/а и поддржан/а со емпатија и да комуницираш со луѓе кои се отворени за различни теми од секојдневието.
Неделни материјали кои ќе ги имаш засекогаш и кои содржат упатства, пракси,вежби и перцепциски текстови кои ќе ти помогнат да ја прошириш својата свесност за себе и ситуациите со кои се соочуваш.
Програмата трае 4 недели од 4-25.04
Напомена: Програмата не е замена за медицински третман и не е психотерапија