Дали сакаш да чувствуваш задоволство од самата себе?
Сакаш да создадеш FLOW (движење) во своето искуство и да видиш нови можности?
Да имаш повеќе енергија за остварување на своите цели?
Повеќе да се слушаш себеси?
Звучи добро, но како можеме да го направиме тоа?
FLOW е интензивна обука креирана за тебе како жена, која дава значење на својата внатрешна енергија, емоции, ум и срце. Која сака да расте и да се развива и која има цел да БИДЕ автентична и да постигнува со леснотија и креативност.
Програмата е креирана со корисни техники, алатки, практични искуства за управување со себе и својата енергија на креативен начин, кои можеш веднаш да ги примениш во своето искуство.
Поврзи се...Разбуди го својот потенцијал...Креирај
Методите кои ќе ги работиме?
Woman-centered Coaching е пристап којшто продира длабоко во корените на пречките и блокадите што жените ги имаат, како во креирање така и во остварување на своите желби, цели и визија. Се работи на ниво на промена на личниот концепт за себе и пробивање низ трите главни бариери што жените ги имаат (доживување на себе, на другите и на околината/животот). Ќе работиме и на внатрешните персони, на техники на говор со себе, креирање стратегии и рутини, планирање на енергијата и времето, како и поврзување со внатрешната мудрост за креирање подобар однос и проточност (FLOW) со себе, со другите и со вселената.
Embodiment е телесен пристап кој може да ви помогне да создадете движење (FLOW) во себе и односите со околината. Во нас постои интелегенција која точно може да ни каже кој е нашиот следен чекор, што навистина сакаме, како да водиме, кога да превземеме акција. Овој пристап делува на создавање на кохеренција помеѓу умот и срцето, а со тоа и промена на старата перцепција која е поврзана со минатото и трауматичните искуства во сосема нова димензија на доживување на себе и светот. Со помош на методи за самоводство, учиме како да се стабилизираме внатрешно, да го исклучиме модот за преживување на нашиот нервен систем, да се ослободиме од притисокот на времето и да влеземе во состојба на креативност, СЕГА И ОВДЕ за да допреме до својот неосвестен потенцијал.
New Code NLP е најновата методологија развиена од John Grinder, таткото на NLP (Невро Лингвистичко Програмирање), со која за прв пат ќе имате можност да се сретнете во Македонија. Овој пристап има повеќекратна намена во различни области од животот (здравје, бизнис, образование, родителство, опоравување од траума, спорт), каде посакуваме да креираме значително подобрување во однос на можностите и изборите кои ги имаме, перформансите, како и чувството на усогласеност со самите себе. Техниките на New Code NLP се првенствено наменети за само-апликација и само-помош. Со единствена намера да ни помогнат да развиеме состојба (FLOW) која ни овозможува да генерираме нови избори, токму во оние контексти каде што чувствуваме дека немаме задоволителен избор.
Што ќе добиеш од оваа интензивна обука?
Чувство на целина
Сама своја инспирација
Свесност за своите шаблони и алатки и како да ги промениш
Поголема самодоверба
Внатрешна смиреност
Чувство на внатрешна сигурност и поврзаност со својот потенцијал

Кој ќе те води низ овој процес?
Ирена Јакимова – NLP Coach, Female Empowerment Coach, професионален обучувач
Илина Ведран– лиценциран тренер во Мк по методата на Лујза Хеј, Embodiment коуч, тренер за личен и професионален развој
Викторија Јордановска – NLP, New Code и Системски коучинг и НЛП тренер
Што добиваш?
- Дводневен семинар
- Кафе паузи
- Ручек
- Нови познанства
- Сертификат
- Прирачник
Оваа обука е сигурно, разбрано и поддржано место додека поминувате низ процесот на својата трансформација.
Алатките кои ќе ги научите ќе можете да ги примените ВЕДНАШ и секојдневно во секоја област од животот.
Време, место и цена на програмата
15.12 (16-20:00)
16.12 (10-17:00)
Вашата инвестиција за обуката: 8900 денари/ по учесник
16.000/ за две учеснички
СПЕЦИЈАЛНА ЦЕНА за рани уплати до : 7900 ден/ по учесник
14.000/за две учеснички
(Доколку имате потреба од плаќање на рати, пишете ни)
Обуката се одржува во живо/ Локацијата ќе биде дополнително објавена
Побрзајте и резервирајте го своето место на време, местата се со ограничен број
Комплетирана пријава е пријава со уплата
Инструкции за уплата:
Илина Ведран Дооел Скопје
210 070392470170
Нлб Тутунска Банка Скопје15.12
