fbpx

Љубовта не е емоција, ниту пак реакција на она што некој друг ни  го дава. Ние не можеме да дадеме или да примиме љубов, бидејќи ние сме таа ЦЕЛОВИТА свест која постои во позадината на сите наши празнини. Празнините во нас ни даваат чувство на недостаток кој се изразува преку емоциите кои се повторуваат кога нема да добиеме љубов, особено стравот и несигурноста.

Емоциите се неизоставен дел од нашиот спиритуален развој, нивната цел не е само да ги разрешиме психолошките конфликти и траумите од минатото, туку се портал кој не поврзува со нашата есенција, тоа е нашата вистинска природа, која е лесна, нежна и светла.

Embodiment e пристап на себеистражување кој не е само дуалистички, целта не е да го заштитиме својот мал идентитет, туку да дојдеме во контакт со својата ЦЕЛОВИТОСТ, тоа е есенцијалата димензија, каде постои нашиот вистински потенцијал и чувство на сигурност.

Особено во овие времиња кои не повикуваат на будење, повеќе од потребно ни е да ја пронајдеме својата длабока внатрешна поврзаност и од таа позиција да одговориме на искуствата. Исто така секој предизвик со кој се соочуваме е само портал до нашиот потенцијал, ако знаеме како да го читаме полето и да ја разбереме позадината на предизвикот што ни покажува.

На овој вебинар Илина ќе зборува за своето лично длабоко искуство во соочувањето со најдлабоките емоции и како тоа соочување отвара една сосема нова димензија во нас, која е многу пореална и поприсутна од онаа во која сме научиле да постоиме. Тоа е местото од каде се случува вистинско и длабоко исцелување на нашата душа, односите и  целокупното животно искуство.

Љубовта не е поврзана со нашата персона, ако немаме подлабоко искуство на Битието ние нема да знаеме што е навистина љубов, но постојано ќе ја бараме на разни начини. Таа потрага ни покажува нешто многу важно, а тоа е дека во нас постои меморија на нешто кое одамна го заборавивме, за да можеме да припаѓаме. Како можеме повторно да дојдеме во контакт со тој океан на љубов во нашето срце?“

Вебинарот го води:

 Илина Ведран – Embodiment учител, ќе ве води низ длабинско истражување на емоциите, свеста и присутноста, преку метода која помага да се поврзете со своето тело, чувствата и есенцијалните квалитети на автентичен и длабок начин.

Датум на одржување:

05.03 (среда)  19h

Zoom платформа

 

 

Пријави се

    Име

    Презиме

    Телефон

    E-пошта

    Град

    Занимање

    Порака