Presence Coachnig е програма за личен развој која може да ви помогне да ги освестите своите несвесни верувања и да ги разбудите своите вистински квалитети. Приказните кои си ги зборуваме на самите себе и за кои сме емоционално врзани, траат долги години и ја креираат нашата реалност.
Нашето лично искуство е единствено и уникатно, во него постои огромен потенцијал, без разлика дали во овој момент вашето искуство е тешко или лесно. Ако знаеме како да го преминеме велот на нашата органичувачка перцепција кој е креиран од она кое го веруваме за себе(“Не сум вреден“…“Не сум доволно добар“…“Сам сум“…“Не сум доволно сакан“..), можеби ќе се видиме себеси на еден сосема нов начин и ќе се отвориме за многу поголемо изобилство во нашето искуство.
Самиот процес на Presence Coaching е длабок и едноставен,кој е насочен на три аспекта: физичкото искуство, нашето верување за тоа што ни се случува и соматските или телесните сензации (емоции,чувства). Со помош на испрашување на нашите верувања и соматско слушање на телото, можеме да направиме трајни промени во нас.
Овој процес може да ни помогне за ослободување од стрес, блокираност во животот,посттрауматски стрес,ослободување од верувањата, како и помош при отварање кон нашиот внатрешен потенцијал.
По завршување на обуката процесот ќе можете да користите самите на себе и да го работите со други луѓе.