
Која е целта на врските?
Како предизвиците во врските можат да не отворат кон нешто посуштинско и слободно од она кое го веруваме за себе?
Како будењето на свеста од “малото ограничено јас“ во автентично битие може да не исцели нас и нашите врски?
Ајде да бидеме љубезни и искрени кон себе.Ние веруваме дека нашиот партнер ќе не направи среќни. По почетната фаза на врската која започнува со силно заљубување и постојана потреба еден за друг, по извесно време почнуваме да приметуваме некои работи во нашиот партнер кои не ги сакаме и кои се обидуваме да ги промениме. Поточно почнуваме да се сомневаме дали тој/таа се “вистинскиот/та“ за нас.
Врските никогаш повеќе не биле проблематични и конфликтни како што се денес.Многу луѓе поради тоа се одлучуваат да останат сами, а исто така многу сеуште се надеваат на “најдоброто“.
Колку побрзо прифатиме дека целта на врските не е да не направат среќни туку да не направат СВЕСНИ, толку побрзо ќе престанеме да страдаме.
Она кое го гледаме кај своите партнери е секогаш нашата идеја или приказна, која е спротивна од она кое навистина го чувствуваме. За да можеме да ги видиме јасно работите, потребно е да го разбереме својот идентитет на мало јас кое постојано бара љубов и внимание.Никој однадвор тоа не може да го направи за нас, тоа е лично наш процес кој ако го прифатиме , секогаш не води кон будење на нешто многу подлабоко и прекрасно кое веќе постои во нас.

Темите на кои ќе зборуваме и работиме:
- Предизвиците во врските како можност за будење
- Како верувањата од минатото делуваат на нашите сегашни односи
- Несвесната динамика во врските и старите идентитети
- Емоционална присутност
- Условите и ветувањата кои подсвесно сме ги прифатиле
- Ослободување од приказните кои ги прават нашите врски неавтентични и болни
- Разбирање на стравот, осаменоста, чувството на невредност и недоволност во врските
- Приказните кои не држат да бидеме зависни и врзани во сегашните и минатите врски
- Нашата автентична природа и внатрешна слобода
- Враќање во полето на свесноста
- Испрашување на ограничувањата и отварање кон вистината во сегашниот миг
- Медитации
- Методи кои ќе ви помогнат да останете свесни во односите и по завршување на програмата
Што ќе добиете и како се одвива програмата?
- 3 онлајн работилници
- Вежби и медитации
- Упатства за работа на својот внатрешен процес и по завршување на програмата
- Нови познанства и сигурна и подржувачка околина
Програмата се одвива онлајн преку ZOOM платформата. За да учествувате потребно е да имате слушалки, камера и време за себе.
Вебинарите се одвиваат на следните датуми:
8 , 15 и 22 од 18:00-20:00
Цена за учество и пријава
Цена по учесник: 2500 ден
Попуст за парови или двајца учесници: 4000 ден
За пријава потребно е да ја пополните контакт формата и да извршите уплата за да го резервираме вашето место.
*Местата се со ограничен број
Инструкции за уплата:
Илина Ведран Дооел Скопје
210-070392470170 Нлб банка
Цел на дознака: Свесни врски