fbpx

Дали се чувствувате заглавени во сопствениот живот?

Што значи трансформација?

Трансформација значи нова реалност која што е ослободена од борбата, стравот, драмата, страдањето и останатите програми кои што не водат до проблемите.Тоа не значи дека во новата реалност ќе бидеме поштедени да чувствуваме емоции како што се тага, бес или лутина, туку со самата промена добиваме живот кој што е вреден да се живее, живот кој што е во хармонија со она што навистина сме без да бидеме оттргнати од самите себе и својата суштина.  Трансформација може да се случи само доколку сме храбри да се СООЧИМЕ со себе и она што се случува внатре во нас.

Дали може секој да направи трансформација?

Кога почнав да работам на себе мислев дека секој може да направи промена само ако посака.Mногу често сретнував луѓе кои сакаа да се променат но нешто во нив длабоко не им дозволуваше тоа да се случи. Тогаш сфатив дека за да се случи некоја промена зависи од тоа колку личноста е одалечена од себе и дали е во потполност отсетчена од своето вистинско ЈАС. Со текот на годините и случувањата кои емотивно се повторуваат сите ние имаме склоност се повеќе и повеќе да се затвораме во себе и поради работите кои не повредуваат ја прекинуваме комуникацијата со себе и несвесно почнуваме да се поистоветуваме со своите мисли кои ни создаваат болка и страдање.Сето тоа делува на нашата свест и способноста да ги видиме работите од сосема друг агол.Тоа не значи дека е невозможно некој да се промени, туку дека не треба да се губи време и да се чека моментот кога животот ќе почне да алармира.

Кои се основните чекори кои можат да не доведат до промена?

Првиот и најважен чекор е превземање на ОДГОВОРНОСТ дека се што е пред нас е веќе во нас и дека се што чувствуваме самите го создаваме.Не постои ниту една личност на оваа планета која може да направи нешто за нас ако ние самите не дозволиме .Луѓето многу често својот фокус го ставаат на надворешниот свет и од таму се обидуваат да ги променат нештата.Ако не функционираат нивните врски тие се обидуваат да пронајдат нов партнер наместо да се променат себеси, ако имаат проблем со работата се обидуваат да пронајдат подобра работа без да се прашаат себеси кој е нивниот внатрешен повик, ако имаат проблем со своите емоции сето тоа го препишуваат на луѓето кои не се однесуваат според нивнинте потреби наместо да погледнат длабоко во себе и да ги задоволат своите потреби кои се создадени од недостатокот на самите себе.

Вториот чекор е ОДЛУКА.Одлуката е најважниот чекор во целиот процес, бидејќи самата одлука веќе носи промена.Ако сакаме да се промениме а се движиме само на површно ниво  и очекуваме само да се чувствуваме добро и пријатно , тогаш веројатно недостасува нешто во нас кое ќе ги пресече сите изговори кои постојано не враќаат назад.Изговори постојат многу а најчесто употребувани се:“Немам пари“, “Немам време“, “Јас го знам сево ова и нема потреба да навлегувам“, “Има време друг пат ќе размислувам“, “Моето време помина“ итн. Нашето его постојано ќе ни сервира разни изговори само за да не излеземе од комфорната зона.Стравот од промена е најголемиот страв кој постои, а самата одлука не води кон непознатото и ги активира сите несвесни процеси. Ако одлучиме тогаш нема да псотои ниедна сила која ќе може да не врати назада на почетокот.Само човек со цврста одлука може да направи вистинско чудо.Нема промена без одлука, во спротивно се би било само залажување и прилагодување кон животот кој не сакаме да го живееме. Одлуката е само почеток на едно прекрасно патување кое ќе ни помогне еднаш засекогаш да излеземе од состојбата на трајно незадоволство.

Третиот чекор е СООЧУВАЊЕ.Замислете дека се наоѓате во една темна просторија и секој пат кога ќе почнете да се движите во неа вие се удирате во нешто кое ви создава болка.Исто така во просторијата има и нешто кое постојано ве напаѓа а вие безуспешно се браните бидејќи не знаете со што се борите.Кога во таа просторија би успеале да запалите светло можеби ќе видите дека пред вас има столица која што не ви дозволува да се движите напред, а тоа што ве напаѓа е само едно мало маченце кое од вас бара да го заштитите. Ако имате можност само еднаш да ја видите таа просторија осветлена и потоа повторно да останете во темница, вашата перцепција во потполност ќе се промени бидејќи веќе ќе знаете што ве ограничува.Кога сте свесни за ситуацијата во која што се наоѓате столицата ќе ја заобликолите а на мачето нема да ја трошите целата своја енергија. На ист начин функционира и нашата подсвест кога нешто не знаеме дека постои, кога ќе си дозволиме на себеси да го видиме и да се соочиме ќе престанеме да ја трошиме својата животна енергија борејќи се со самите себе.Луѓето многу често кога ќе допрат до себе бегаат од соочувањето , незнаејќи дека бегството нема да го избрише незадоволството туку напротив ќе го интензивира бидејќи знаат дека постои нешто подобро а тие се враќаат на во сопствениот затвор. Кога ќе освестиме нешто кое долго време не мачи, нашето внатрешно доживување се менува а тоа значи и крај на борбата со самите себе. Најважно од се е да сфатиме дека вистинската промена не доаѓа на ментално ниво, туку на енергетско ниво а тоа значи ослободување од емотивната содржина која долго време ја потиснуваме.

Четвртиот чекор е ОСЛОБОДУВАЊЕ. За да направиме место за нешто ново прво е потребно да се ослободиме од старото.Ако сакаме да изградиме нов систем, стариот мора да се сруши.Замислете целиот свој живот да верувате во нешто и наеднаш доаѓате во ситуација каде што треба да се сруши целата слика која ја изградивте за себе и за светот околу вас.Тоа значи дека ќе треба да се откажете од гледиштата на оние кои ве донесоа на овој свет и со тоа да станете нелојални и неблагодарни.Обично луѓето кога ќе дојдат до овој чекор имаат проблем со несвесното чувство на вина и ако не го надминат ќе почнат да удираат по себе на уште поинтензивен начин. Ако успеат да го ослободат иако самиот процес е болен, набрзо ќе почувствуваат огромно олеснување кое значи и почеток на нешто ново, способност да го живеат животот онака како што сакаат. Како и да е подобро е да боли една недела или еден месец отколку целиот наш живот.

Петиот чекор е КРЕИРАЊЕ на нашата нова реалност. За да дојдеме до овој чекор потребно е да го пронајдеме она кое не довело до состојбата во која што не сакаме да бидеме.Тогаш појасно ќе можеме да видиме што навистина сакаме, кои сме ние, зошто сме тука и која е нашата животна мисија. Кога ќе бидеме слободни од се што ни е наметнато тогаш ќе можеме да зрачиме со својата неодоливост и да ја пронајдеме својата единствена драгоценост. Вистинскиот начин да го креирате својот живот на автентичен начин е да ја пронајдете својата внатрешна светлина која и во овој момент постои во вас но можеби не можете да ја видите бидејќи сте одлучиле да го носите туѓото бреме во својот живот .Без разлика на тоа каде сте, колку години имате, во какви околности се наоѓате запомнете дека секогаш имате можност да донесете ОДЛУКА и да го почнете сопствениот процес на трансформација.

Ако сте подготвени да зачекорите на сопствениот пат на промените пријавете се на дводневната работилница по методата на Лујза Хеј