ОТВОРИ ГО СВОЈОТ УМ ЗА НОВИ ИСКУСТВА
Нашето физичко тело и емоциите постојано поминуваат низ предизвици или промени во искуството.Ниту едно исксутво не може да биде константно, се што постои на ментално, емоционално и физичко ниво, подложно е на постојана промена.
Ние многу често имаме отпор кон тие промени, кои се случуваат во секој момент и тој отпор најчесто создава негативност во нас, нашиот живот и во колективната свест. Тој отпор е рефлексија на нашиот менален кафез во кој живееме и концептуализираме се што се случува во нас. Нашите физички исксутва се рефлексија на нашата емоционална состојба. Големите предизвици и немири кои ги доживуваме во надворешниот свет, само покажуваат колкав е нашиот отпор кон самите себе или кон нашата автентична состојба во секој момент. Живееме во свет кој постојано бара ментални одговори и решавање на проблемите со силно размислување. Ако нашиот живот фунцкионира единствено преку размислувањето, без свесност за нешто повеќе, тоа значи дека сме заглавени во менталниот кафез кој е составен од критики и осуди кон самите себе. Не е ни чудо што имаме толку предизвици во материјалниот свет, бидејќи сме силно идентификувани со своето размислување и мислите кои ги имаме за себе. Често забораваме дека тие мисли се променливи и дека отворен ум не значи пошироко размислување, туку подлабоко спознавање на тоа што сме позади мислите.
За да можеме да имаме директно исксутво со својата вистинска природа или она кое го нарекуваме внатрешен мир, бесконечна интелегенција, присутност или вистинско Јас, потребно е да го вратиме своето внимание од менталниот план назад кон осетилната перцепција и да почнеме да чувствуваме што навистина се случува во нас. Ако почнеме да чувствуваме било каква сензација која ја нарекуваме страв, лутина или тага, ќе можеме да приметиме дека на таа сензација со тоа што веќе ја нарекуваме емоција и имаме додаено цела приказна во која има осуда, критика и отпор дали нешто е позитивно или негативно или дали нешто смее или не смее да постои. Со тоа што ние ментално се обидуваме да направиме поделба на добро лошо или смее и не смее, нема да промениме ништо во тоа што го чувствуваме, напротив сензацијата ќе стане уште поинтензивна и тоа најчесто го нарекуваме паника, не препознавајќи дека целата паника се случува бидејќи ние “мислиме“ дека стварноста или нашите чувства не се во ред такви какви што се и имаме потреба да ги промениме. Но, ако ги стопираме мислите во врска со тоа што го чувствуваме, без потреба да го анализираме и концептуализираме што е или зошто нешто се случува, тогаш ќе имаме директно искуство на вистината, она што ќе го отркиеме е мир и внатрешно исполнување.
Кога ќе почнете да чувствуате нешто во своето тело, само насочете го своето внимание кон мисловниот процес и прашајте се “Што е тоа што си го зборувам на себеси во овој момент?“ “Дали јас верувам дека сум погрешен бидејќи во овој момент во моето искуство постои ова чувство?“. Дали во позадината постои верување дека “Јас сум погрешен ваков каков што сум“? Ние најчесто ги прифаќаме општите концепти за тоа кои треба да бидеме и како треба да се чувствуваме, но тоа не е вистина бидејќи вашето животно исксутво е само ваше и единствено.Само дадете си дозвола да го искусите тоа што е во овој единствен момент, тоа е сегашниот миг, се останато е нереално и бегство во мислите. Не требате да бидете некој друг од тоа што сте сега.Ние неприметно живееме во константен отпор кон себе, барајќи се себеси некаде во иднината, бидејќи веруваме дека ова што сме во овој момент не е доволно добро такво какво што е. Токму тој отпор го креира хаосот во нашиот личен свет, мислиме дека ако чувствуваме страв или слабост и се прифатиме себеси со тоа дека нема да бидеме доволно добри за светот, дека ќе пропаднеме и ќе бидеме заборавени. Дали е тоа вистина? Во целата таа приказна, заборавени сме само од самите себе, во обидот да удоволиме на околината, очекувањата и тој суптилен натпревар кој е подобар, посреќен и поуспешен. Верувајте се е во ред со вас вакви какви што сте, тоа не е слабост, прифаќањето е најголемата моќ која ја има само отворениот ум. Не морате да бидете како целиот свет, бидете како себе, само како себе.
Со давање на вашата дозвола директно да го искусите она што излегува на површината, без да си кажувате некаква приказна и да влегувате во анализа, вие го му помагате на својот ум да се отвори кон нови искуства надвор од менталниот кафез. Надвор од кафезот постои вашето вистинско отворено срце, чисто, светло и секогаш слободно битие.
Отворениот ум нема отпори, тој не бара начин како нешто да замаскира за да се чувствува подобро, бидејќи не постои добро и лошо, постои само тоа што едноставно Е. Целото наше страдање е поради тоа што постојано се обидуваме да ја промениме стварноста и да го негираме она кое веќе постои. Кога нешто постои тоа е веќе признато и прифатено, без разлика на нашето мислење. Излезете од менталниот кафез и искусете го животот во вистинска смисла. Отворениот ум не е одвоен од вашето срце, само бидете отворени и ќе ја искусите својата внатрешна радост.
Со љубов,
Илина Ведран