fbpx


Дали имаш потреба од одмор на секое ниво?

Сакаш да допреш до својата внатрешна живост и да создадеж движење во себе (Flow)?
 
Да имаш повеќе енергија?

Да се ПОВРЗЕШ на поинаков начин со себе и други луѓе?


Зошто да присуствуваш?

Во овој момент светот во кој што живееме станува се поизолиран и дисконектиран. Но, не мораме да го следиме тоа, можеме свесно да излеземе од образецот на создавање на ѕидови околу нас. 

Поради тоа одбравме овие 4 дена да ги  организираме на еден уникатен и автентичен начин, на посебно и опуштено место, каде што ќе можеме длабоко да се поврземе едни со други на различни начини и свесно да делуваме во промената на перцепцијата на  себе и светот.

Ќе ни биде драго  доколку ни се придружиш заеднички да го истражиме движењето во своето тело, својата внатрешна енергија, да се ослободиме од оковите на секојдневната тензија, слободно да се движиме и танцуваме во ритамот на нашата внатрешна автентичност и нежно да застанеме и го чувствуваме МОМЕНТОТ.

Доколку имаш желба да се поврзеш,  опуштиш,  забавуваш, танцуваш, медитираш, смееш, можеби овој ритрит е за тебе.




Што ќе искусиме?

Vinyasa Flow Yoga е пристап кој што помага во поврзувањето на телото и умот за да постигнеме внатрешен баланс и чувство на целовитост, а тоа допринесува целосна свесност за сегашниот момент. Оваа метода го користи здивот и движењето синхронизирано, во еден заеднички тoк (FLOW), а тоа допринесува едно подлабоко искуство во јога праксата и го поттикнува будењето на чувството на блаженство.

Embodiment е телесен пристап кој може да ви помогне да создадете движење (FLOW) во своето физичко и емоционално тело, како и да ја  истражите својата ослободена свест преку себеиспрашување. Во нас постои интелегенција која точно може да ни каже кој е нашиот следен чекор, што навистина сакаме, како да водиме, кога да превземеме акција. Овој пристап делува на создавање на кохеренција помеѓу умот и срцето, а со тоа и промена на старата перцепција која е поврзана со минатото и трауматичните искуства во сосема нова димензија на доживување на себе и светот. Со помош на методи за присутност, учиме како да се стабилизираме внатрешно, да го исклучиме модот за преживување на нашиот нервен систем, да се ослободиме од притисокот на времето и да влеземе во состојба на креативност,  СЕГА И ОВДЕ за да допреме до својот неосвестен потенцијал или спиритуалната природа. Она кое е клучно во оваа метода е создаавање на способност длабоко да чувствуваме, тоа е единствениот начин да допреме до својата  нежна внатрешна присутност.

Bliss Dance е  свесно танцување кое го активира движењето на животната енергија  и не поврзуува  со подлабоките квалитети  во нас како сила, нежност,сочувствителност, внатрешна тишина. Со помош на овој  танц му помагаме на  телото да се ослободи од  емоциите и да ги омекне заштитните механизми со нежни движења, што допринесува движење наа  енергијата и ослоободување на блокадите.  Танцот се одвива со затворени очи, секој учесник има своја прииватност и се работи со слободни и спонтани  движења. 

 

1




Што ќе добиеш од овој ритрит?

  • Чувство на целина
  • Ослободување од внатрешните тензии 
  • Ментален и емоционален  детокс
  • Длабока внатрешна поврзаност
  • Поголема самодоверба
  • Чувство на внатрешна сигурност и поврзаност со својот потенцијал
  • Промена на доживувањето на себе и луѓето околу вас



Кој ќе те води низ овој процес?

 

Илина Ведран– лиценциран тренер во Мк по методата на Лујза Хеј, Embodiment teacher

Кате Анѓеловиќ – Сертифициран Yoga teacher (Е-RYT 500H), Клиринг тренер за личен развој

20210620-162253

Што вклучува оваа понуда?

Овој ритрит е сигурно, разбрано и поддржано место додека поминувате низ процесот на својата трансформација. 

Методите кои ќе ги научите ќе можете да ги примените ВЕДНАШ и секојдневно во секоја област од животот.

Време, место и цена на програмата

 

27-30.06

Охрид  Robinson Sunset House

Вашата инвестиција: 249 евра

СПЕЦИЈАЛНА ЦЕНА за рани уплати до 21.05 : 229 евра

(Доколку имате потреба од плаќање на рати, пишете ни)

Побрзајте и резервирајте го своето место на време, местата се со ограничен број

Комплетирана пријава е пријава со уплата

Инструкции за уплата:

Илина Ведран Дооел Скопје

210 070392470170

Нлб Тутунска Банка Скопје 



“Дали си подготвен/а да ЗАСТАНЕШ НЕЖНО и да ја запознаеш својата внатрешна убавина?“



Пријави се!

    Име

    Презиме

    Телефон

    E-пошта

    Град

    Занимање

    Порака