Сакаш да бидеш подобар родител и подобро да ги разбереш своите деца?
Би сакала да се ослободиш од преголемиот притисок кој го носи денешното родителство?
Твоето срце сака да биде поврзано со вистинската природа на твоите деца?

Како може овој семинар да ти помогне во тоа?
Во својот живот можеме да правиме се, но ако не чувствуваме поврзаност со себе, ништо нема да има никаква смисла…
Во денешно време родителството, особено за жените е доста голем предизвик, По природа нашата женска енергија има потреба од простор, креативност и спонтаност, но денешниот свет налага нешто сосема друго. Сето тоа ние го чувствуваме во себе, своето тело и длабоко во своето срце.
Многу често чувствуваме вина во односот со своите деца бидејќи не можеме вистински да бидеме поврзани со нив, а истовремено се чувствуваме неразбрано, а исто и тие.
Светот не можеме да го промениме, но можеме да ја промениме перцепцијата на себе како жени во поглед на улогата на родител.
За време на овој семинар ќе работиме на клучни прашања кои ќе ни помогнат да се ослободиме од притисокот, да се поврземе со себе и да создадеме автентичен и длабок однос со своите деца, кој се базира на нашата внатрешна вистина, а не на она кое несвесно ни е наметнато.
Ќе научиме како да ги трансформираме стравот и ограничувањата, кои не попречуваат да бидеме спонтани, отворени и длабоко поврзани со нашите деца.
Што ќе истражиме за време на овој семинар?
- Освестување на ограничувачките верувања за жените како мајки
- Родителството како можност за зголемување на свесноста за себе и нашите односи
- Како да создадеме сочувствителен и нежен однос кон себе
- Емоциите како важен дел од растењето и се за нив
- Моќта на простувањето
- Најважните работи за внатрешниот развој на нашите деца
- Моќта на вистинското поврзување
- Емпатија, интуиција и љубов
- Суштината на родителството
Кои се придобивките од овој семинар?
- Поголема поврзаност со вашите деца
- Длабоко разбирање на својата скапоцена женственост во улогата на мајка
- Посвесни односи
- Ослободување од старите ограничувања и стравот кој ја попречува поврзаноста со децата
- Учење на нови начини за посвесна комуникација која поддржува
- Ослободување од самокритиката и тиранијата на негативните мисли
- Разбирање на важноста на најмоќната сила во нас- ЉУБОВТА
Повеќе за Илина Ведран...

Илина Ведран е првиот лиценциран тренер во Мк по методата на Лујза Хеј, инспирациски говорник, Embodiment коуч (Поврзаноста на телото со умот) и автор на две книги, од кои едната е за деца “Ти си љубов“ и “Заврти нова страница во својот живот. Таа е предавач за “Свесно родителство и женственост“ . Досега има одржано над 100 работилници, семинари и предавања на овие теми.
Пред се Илина е мајка и на своите семинари го споделува личното искуство во соочувањето со предизвиците на жените во оваа улога, како и пронаоѓањето на повисоката суштина во родителските односи.
“Родителството е патување кое што не учи на најважната работа, а тоа е важноста на конекцијата со сопственото срце“
Датум и место на одржување?
Градска библиотека – Битола
25.11 10-14 часот
Цена за учество
Вашата инвестиција:
1500 денари за два учесника
900 денари за еден учесник
Ве молиме извршете пријава само доколку присуствувате,бидејќи на тој начин го менуваме односот кон себе и другите, учиме како да се вреднуваме себеси и да останеме на својата одлука што е клучно за женската автентичност
Целосна пријава е пријава во уплата
Инструкции за уплата:
Илина Ведран Дооел Скопје
210 070392470170
Нлб Банка