fbpx


Што значи Embodiment?

Нашата вистинска  природа или автентичност има потреба од поддршка, бидејќи живееме во неавтентичен свет. 

 Поддршката која ни е потребна се наоѓа во нас, тоа се квалитетите на нашата свест, кои се прекриени со нашите емоции  и  верувања. Некои од  тие квалитети се радост,сила, волја,нежност,  внатрешна тишина…

За да можеме да  ги искусиме потребно е да ги истражиме и активираме во себе, а  тоа допринесува да излеземе од статичноста во нашето искуство и  да се отвориме за безброј нови можности.

Embodiment ни  помага да го активираме внатрешниот допир, односно интимноста со самите себе, да се ЗНАЕМЕ себе вистински поддлабоко од мисловните процеси. Да  го чувствуваме битието, да се слушаме длабоко и  да ја отелотвориме својата есенција, својата вистинска природа. Се она кое што го гледаме како реалност,  се најчесто нашите внатрешни конфликти и минати искуства, но во нас постои  една сосема поинаква неоткриена свест, која е интелегентна и точно знае што ни  е потребно. 

Со Embodiment учиме како  да се отвориме кон  тоа внатрешно слушање и како свесно да учествуваме во манифестацијата на таа интелегенција во нашето искуство, наместо да  делуваме од ограничувањата на нашиот егоички ум. Учиме како внатрешно да се поддржиме себе и  како да БИДЕМЕ во внатрешна стабилност без разлика на случувањата. 

Оваа проограма ќе ви помогне да допрете до една  сосема нова свест во вас и да истражите како одредени квалитети се манифестираат во  вашето искуство. На што ве повикуваат предизвиците и како да учествувате во движењето на  вашето искуство.

Ова е еден начин на отварање и истражување, кој може во потполност да ве трансформира и да ве одведе на места каде што не сте ни очекувале. Можностите  се безбројни.

Embodiment не може да се објасни и разбере интелектуално, потребно е лично искуство, поради тоа ќе ми биде драго доколку се придружите на оваа програма.

Ве молиме доколку се пријавите,  бидете доследни да учествувате на целата програма, бидејќи програмата активира процес на будење на нешто ново и  поради тоа бара водство, свесна посветеност и заинтересираност за себе и своето исксутво.

Кога се одржуваат вебинарите?

22.08  19-20:00

24.08 19-20:00

26.08 19-20:00

 

 

Бесплатната програма е вовед во School of Embodiment кој за прв пат се одржува како тренинг на повеќе нивоа во септември. Исто така и за оние кои сакаат да се запознаат со  оваа метода.

Тренинот е за оние кои се  заинтересирани за себереализација и оние кои работат хумани  професии (Психолози, коучеви,енергетски терапевти и сл.)

 

Откога ќе извршите пријава, ќе ве додадеме во вибер  група каде што ќе бидат објавувани линковите за учество на вебинарите.

За пријава само пополнете ја контакт формата.

Се гледаме!

    Име

    Презиме

    Телефон

    E-пошта

    Град

    Занимање

    Порака